Асистентка на италијански европратеник уапсена за злосторничко здружување, перење пари и корупција


Брисел – По налог за апсење издаден од страна на Федералното јавно обвинителство на Белгија, италијанските власти ја уапсија Лусија Симеоне, асистентка на европратеникот Фулвио Мартусиело, јави дописникот на МИА од Брисел.  Според информации од Обвинителството, Симеоне се товари за „злосторничко здружување“, „перење пари“ и за „корупција“ и е предвидено да биде сослушана утре.   […]

Управата за финансиска полиција вклучена во акцијата за проверка на кабареaта, дискотеките и ноќните клубови


Управата за финансиска полиција денеска соопшти дека активно е вклучена во големата акција за проверка на работата на објектите кои функционираат како кабареа, дискотеки и ноќни клубови низ земјава и постапува согласно со своите законски надлежности. Како што посочуваат, на располагање се ставени сите капацитети на Управата за финансиска полиција за потребите на оваа акција, […]

Лекувањето на пациентите од пожарот во Кочани во другите држави е бесплатно


Министерот за здравство, Арбен Таравари, изјави дека лекувањето на пациентите од пожарот во Кочани во другите држави е генерално бесплатно. Одговарајќи на новинарско прашање во врска со шпекулации дека се собираат пари за лекувањето, тој одговори дека нема потреба за изнесување невистини. -Генерално во 99 проценти е бесплатно лекувањето и нема потребаа никој да собира […]

На ГП „Хан Хоти“ на албанско-црногорската граница уапсен македонски државјанин баран со меѓународна потерница


Албанската полиција на граничниот премин „Хан Хоти – Муриќан“ на албанско – црногорската граница, привела македонски државјанин баран со меѓународна потерница. – Лицето А.К.(50) жител на Северна Македонија, на излез од Република Албанија е приведен со цел екстрадиција. При контрола потврдено е дека е баран со меѓународна потерница од Интерпол Скопје, откако бил обвинет од […]

Таравари: Десет пациенти одат на домашно лекување


Вкупно 162 лица повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани се лекуваат дома и во странство, а добра вест е тоа што денеска десет пациенти кои се лекуваат во земјава ќе бидат пуштени дома, информираше министерот за здравство Арбен Таравари на денешната прес-конференција. – На Клинички лежат 25 пациенти, во ГОБ „8 Септември“ има […]

Уште двајца повредени во пожарот во Кочани транспортирани во Шведска


Шведската Амбасада на својата Фејсбук страница објави дека во раните утрински часови уште двајца повредени во пожарот во Кочани се транспортирани во болницата Каролинска во Шведска. – Синоќа во 03:30 часот, летот за медицинска евакуација од тим од Универзитетската болница Каролинска полета од Скопје, носејќи уште двајца пациенти во Стокхолм на медицински третман. Шведска се […]

Ковентри подготвена да работи со Трамп за успешна Олимпијада во 2028 година


Атина – Новата претседателка на Меѓународниот олимписки комитет (МОК), Кирсти Ковентри, најави подготвеност за дијалог со Доналд Трамп, кој повторно ќе ги води САД по изборите во ноември. Целта на преговорите е да се обезбеди успешно одржување на Олимписките игри во 2028 година во Лос Анџелес. – Од 20-годишна возраст, комуницирам со лидери на различни нивоа. […]

МАТТО донира 3,3 милиони денари за семејствата на настраданите во Кочани


Стопанската Комора на Македонија – Турција МАТТО и нејзините членки донираат 3 300 000 денари за поддршка на семејствата погодени од трагедијата во Кочани. -Голема тага и жал не обви сите нас. Посакуваме повредените што побрзо да се опорават и да се вратат во прегратките на своите најблиски. Длабоко сочувство до семејствата на загинатите, воедно […]

Отворена истражна постапка против 27 физички и три правни лица во врска со пожарот во Кочани


Основното јавно обвинителство Кочани во текот на ноќта донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 27 физички и три правни лица во врска со катастрофалниот пожар во Кочани, информираат од Јавното обвинителство на РСМ. Деталите за истрагата, осомничените и предложените мерки за обезбедување, како што е најавено, ќе бидат соопштени денеска напладне на прес-конференција пред […]

Тројца македонски преведувачи меѓу добитниците на европски награди за драмски превод за 2025 година


 Македонските преведувачи Катерина Маркоска, Филип Димевски и Ермис Лафазановски се добитници на наградите за најдобар драмски превод на европско ниво за 2025 година што традиционално, на 21 март, ги соопштува Еуродрам – Европската мрежа за драма и превод.  Македонскиот комитет на Еуродрам разгледа вкупно дваесет предложени драмски преводи на македонски јазик од кои како најдобри […]

Одреден 30 дневен притвор за Бектеши и 12 лица за пожарот во Кочани


Основниот суд во Кочани донесе решение со кое се определува 30 дневен притвор за 13 лица опфатени во случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“, меѓу кои и за поранешниот министер за економија Крешник Бектеши. За уште шест осомничени, на кои претходно исто така им беше определен краткотраен притвор од 48 часа, судот ќе одлучува во […]

Трамп потпиша извршна наредба за затворање на Министерството за образование


 Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа потпиша извршна наредба со цел да се затвори Министерството за образование. „Ќе го отстраниме“, изјави американскиот претседател непосредно пред да го потпише документот во Белата куќа. „Ќе го затвориме што е можно поскоро“, додаде тој. Овој чекор претставува исполнување на неговото предизборно ветување за „елиминирање“ на оваа институција, која долго […]

Пожарот во Лондон е ставен под контрола


Пожарот што денеска го затвори лондонскиот аеродром Хитроу, сега е под контрола, соопшти противпожарната служба на Лондон. Во објава на Х службата додава дека ќе почне истрага за случајот. Пожарот избувна на електрична трафостаница која го снабдува со струја аеродромот, во Хејс, западен Лондон. Пожарот предизвика прекин на електричната енергија во голем број домови и […]

ВИ: Иднината на временската прогноза


Индивидуален истражувач со персонален компјутер ќе може да испорача точни временски прогнози користејќи нов пристап за временската прогноза со вештачка интелигенција (ВИ), наречен „Ардварк ведер“ (Aardvark Weather). Овој метод е повеќе од 10 пати побрз и користи илјадници пати помала компјутерска моќ од досегашните системи, според ново истражување на Универзитетот во Кембриџ. Како што пренесува „Индепендент“, ВИ-порталот […]

Трамп: Договорот со Украина за ретки минерали ќе биде потпишан наскоро


 Договорот за ретки минерали со Киев ќе биде потпишан наскоро, а напорите на САД за постигнување мировен договор за ставање крај на војната во Украина одат „прилично добро“, рече американскиот претседател Доналд Трамп по неговите разговори оваа недела со украинскиот и рускиот лидер. Трамп го даде коментарот на настан во Белата куќа откако потпиша извршна […]

Во сезоната на Овенот 2025 кој ќе биде фокусиран на пари, а кој ќе биде разгален од љубов со ретроградна Венера


Сезоната на владеење со Овен трае од 20 март до 19 април 2025 година, ќе биде особено динамична поради силните астролошки транзити, а вие проверете како тоа ќе влијае на вашиот хороскопски знак. Според хороскопот, кога Сонцето ќе влезе во знакот Овен, започнува нова астролошка година која со себе носи бран на енергија, решителност и […]

Без вода корисниците од улиците „Индира Ганди“ и „Пелагонија“, Општина Шуто Оризари


П Водовод и канализација – Скопје информира дека денеска поради уличен водоводен дефект од ф 100mm на ул. „Пелагонија“ бр.40, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. „Индира Ганди“ и ул.„Пелагонија“, Општина Шуто Оризари. Прекинот на водоснабдувањето ќе почне од 08:30 до завршување.

Комеморативно-културна манифестација во Шибеник во чест на жртвите од пожарот во Кочани


Комеморативно-културна манифестација во чест на жртвите од пожарот во Кочани ќе се одржи вечерва во Шибеник, во организација на Хрватско-македонска тангента. По повод Светскиот ден на поезијата 21 март, Хрватско-македонската тангента организира специјална вечер посветена на моќта на зборовите и споменот на оние кои повеќе не се меѓу нас. -Годинава со писма и поетски интерпретации […]

ВМА-Белград: Ако има потреба, стоиме на располагање за дополнително сместување повредени од Кочани


 Воено-здравствениот систем и ВМА се достапни за евентуално дополнително сместување повредени во пожарот во Кочани доколку има потреба, јави дописникот на МИА од Белград. „И за оваа задача што ја извршивме, сите мои колеги доброволно се пријавија, доброволно учествуваа во транспортот, кој е еден од комплицираните облици на транспортирање такви пациенти, па доколку има потреба […]