Симулациска вежба за вонредни состојби на скопскиот аеродром


Во организација на Министерството за внатрешни работи и ТАВ Македонија денеска и утре на Меѓународниот Аеродром Скопје се одржува симулациска вежба за вонредни состојби. -Апелираме до граѓаните кои ќе се најдат во близина на одвивањето на вежбата да ги почитуваат наредбите од полициските службеници со цел безбедно одвивање на сообраќајот или јавниот ред и мир, […]

Осмомартовски марш – „Нека јадат ружи!“


По повод Денот на жената 8 Март, Платформата за родова еднаквост денеска во Скопје организира Марш за женски права, кој годинава ќе се одржи под слоганот „Нека јадат ружи!“.  Организаторот повикува на женски марш и на солидарен женски бојкот за да се одбележи Меѓународниот ден за економска, политичка и општествена борба за рамноправност на жените. […]

Утрото студено, а потоа сончево и топло до 23 степени


Времето утрово постудено, а преку денот сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени. Во Скопје, сончево и топло со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне […]

Откриени причините за смртта на Џин Хекман и неговата сопруга


Американскиот актер Џин Хекман почина од срцева болест, а откриено е дека боледувал и од напреднатата Алцхајмерова болест, пишува Асошиејтед прес. Неговата сопруга Бетси Аракава почина од последиците на инфекција со хантавирус. Вирусот може да предизвика сериозно воспаление на белите дробови (со кашлица и отежнато дишење) или на бубрезите (со осип, абдоминална болка, а понекогаш […]

Андреас Трајковски е осми во Европа во скок во далечина


Македонскиот атлетчар Андреас Трајковски кој на Европското првенство во сала, кое се одржува во Апелдорн (Холандија)м во скок во далечина, се пласира на 8 место.  Трајковски вечерва настапи во финалето во оваа дисциплина и успеа да скокне со најдобар скок 7.65 метри во третата серија. Тој во финалето во три наврати имаше престап. Сите финалисти […]

Убиен Македонец сопственик на компанија во Илиноис, фирмата му ја запалиле


Македонец сопственик на компанија е пронајден починат, а неговата фирма била запалена во средата попладне во Крествуд во американската држава Илиноис. Полицијата соопшти дека осомничениот бил уапсен во Холанд. „Кратко по 16 часот во средата, полицијата и пожарникарите на Крествуд одговорија на повикот за силен чад во компанијата „ATG Truckload“. Починатиот сопственик на компанијата е […]

Хрватска планира да набави до 50 германски тенкови Леопард 2А8


Хрватска планира да набави до 50 најмодерни германски тенкови Леопард 2А8 за да ги модернизира своите оклопни сили. Тенковите се најновата верзија на серијата Леопард 2, познати по нивната доверливост и супериорност на бојното поле.  Леопард 2A8 го задржа класичниот дизајн на своите претходници, но со бројни подобрувања. Оклопот на тенкот користи најнови композитни материјали […]

Наместо цвеќиња за 8 Март, Герасимовски подели билети за претстава во Театар Комедија


Градоначалникот Горан Герасимовски, по повод утрешниот Меѓународен ден на жената, 8 Март, во Градскиот парк и во Дебар маало, на жените и девојките им подели билети за одлична претстава во Театар Комедија.  „Наместо цвеќе, оваа година решив моите Центарки да ги изненадам со билети за Театар Комедија. Се надевам дека ќе уживате во претставата и […]

Нов протест пред грчкиот Парламент за железничката несреќа


 Стотици граѓани организирани од здруженија, работнички центри, синдикати, студентски здруженија вечерва повторно се собраа пред грчкиот Парламент додека во тек е расправата на пратениците и гласањето по предлогот за предлогот за гласање недоверба на Владата поради железничката несреќа кај Темпи пред две години, јави дописничката на МИА од Атина.  Граѓаните и овојпат бараат правда и […]

Навивачите на Манчестер Јунајтед најавуваат протестен марш во недела


 Нема мир во Манчестер Јунајтед. Во недела од 17 часот и 30 минути на „Олд Трафорд“ не ги чекаат само играчите на Арсенал, туку и протести, кои ги најавија навивачите. Навивачката група на Манчестер Јунајтед „1958“ ги повика сите приврзаници на „ѓаволите“ да го изразат своето противење на начинот на кој се води клубот со […]

Исланд сака да влезе во ЕУ


  Во еден голем пресврт, Исланд многу богататa островска земја сака да се приклучи кон Европската унија, откако ги прекина пристапните преговори во 2013 година во одмината фаза. Исланд ги почна преговорите во 2010 по големата финансиска криза што ја зафати земјата. Богатството не е најважната работа за земјата од 360.000 жители туку стравот мотивира […]

Над 90.000 Палестинци се молат во џамијата Ал Акса – дојде до судири со израелската полиција


За време на првата петочна молитва на Рамазан, околу 90.000 Палестинци ја извршија петочната молитва во комплексот на џамијата Ал Акса во Стариот град во Ерусалим под силно обезбедување на израелските сили. Илјадници луѓе се упатија од Западниот Брег кон Ерусалим откако Израел им дозволи на мажите над 55 години и на жените над 50 […]

Стапката на невработеност во САД достигна 4,1 отсто, помалку вработени од очекуваното


Бројот на нововработени во економијата на САД, не вклучувајќи го земјоделскиот сектор, во февруари се зголемил за 151.000, но прогнозите биле бројката да достигне повеќе од 160.000, јавија дел од американските медиуми. Според ревидираните податоци објевни денеска од америкаското Биро за труд, бројот на нови работни места во јануари изнесувал 125.000. Стапката на невработеност е […]

Туск: „Вчера никој не сакаше да биде Орбан“


  Полскиот премиер Доналд Туск денеска зборуваше за дипломатска офанзива за изнаоѓање нов безбедносен формат во Европа, исто така со вклучување на Турција во поблиска улога. Тој, исто така, рече дека ќе го поддржи повлекувањето на Полска од Даблинската конвенција за касетна муниција и Конвенцијата за противпешадиски нагазни мини во Отава за да се зајакне […]

Рововска битка за минимална плата


Сѐ поизвесно е дека минималната плата ќе се зголеми за околу 1.800 денари, односно онолку колку што следува според постојното законско решение, а не како што бараат синдикатите таа да достигне околу 30 илјади денари или 500 евра. Владата, тоа станува сѐ поочигледно, нема намера да ги исполни барањата на претставниците на работниците, префрлајќи ја […]

Тројца Бугари прогласени за виновни во суд во Лондон, шпионирале за Русија


Тројца Бугари денеска се прогласени за виновни пред судот во Лондон за учество во руска шпионска група раководена од поранешниот менаџер на германската фирма за финансиски услуги „Вајркард“, Јан Марсалек, со цел да вршат надзор во полза на Кремљ на американска воена база и следење на поединци, кои биле цел на Москва. Кетрин Иванова (43), […]

Јуростар: Од утре продолжува железничкиот сообраќај од Париз по откривањето на бомбата од Втората светска војна


Железничката компанија „Јуростар“ соопшти дека од утре ќе продолжи редовниот сообраќај меѓу Париз и Лондон, како и на релација Париз-Брисел, откако претходно денеска беше откриена бомба од Втората светска војна на железничката станица во Париз, пренесува БФМ. Претходно денеска, за време на работа на станицата „Гар ди Нор“ во Париз, беше откриена неексплодирана бомба од […]

Барањата за азил во Германија значително намалени на почетокот на годината


Бројот на барања за азил во Германија во јануари и февруари е значително помал во однос на истиот период минатата година, објави Федералната канцеларија за миграција и бегалци. Канцеларијата објави дека вкупно 29.947 лица поднеле барање за азил во јануари и февруари – што е намалување за 43,4 отсто во споредба со истиот период минатата […]

Бизнис конфедерацијата на Македонија се залага работниците и работодавачите сами да преговараат за минималната плата


Се залагаме за покачување на минималната плата преку социјален дијалог и колективно преговарање меѓу работниците и работовачите и тоа за секој сектор посебно, изјави претседателот на Бизнис конфедерацијата на Македонија, Миле Бошков кој денеска во Штип учествува на националната конференција за родова еднаквост и дискриминација на работното место, а во организација на Здружението „Гласен Текстилец“. […]

Aгелер го посети Уставниот суд


Уставниот суд денеска соопшти дека претседателот на судот, Дарко Костадиновски остварил средба со амбасадорката на САД, Ангела Агелер, а се одржал и работен состанок со со судиите Осман Кадриу, Насер Ајдари, Добрила Кацарска, Татјана Васиќ Бозаџиева, Јадранка Дабовиќ и Ана Павловска-Данева. Претседателот на Судот, Костадиновски ја информирал амбасадорката Агелер за приоритетите во неговиот мандат, како […]