Бугарија е земја со највисока стапка на фертилитет во ЕУ за 2023


Брисел – Во 2023 година Бугарија е земја со највисока вкупна стапка на фертилитет во ЕУ (1,81 живородени деца по жена), потоа Франција (1,66) и Унгарија (1,55), соопшти Евростат. Ова е рекордно ниво за земјата од 1990 година, покажуваат податоците објавени денеска од европската агенција за статистика. Најниски нивоа во 2023 година биле регистрирани во […]

Почна уредувањето на коритото на реката Мала Рада


Денес, во Драчево започна уредувањето на коритото на реката Мала Рада, значаен инфраструктурен проект кој ќе ја зголеми безбедноста од поплави и во целост ќе го унапреди квалитетот на живеење. Проектот, вреден 30.800.000 денари, е одобрен од Владата на Република Македонија во рамки на финансирањето на капитални проекти за општините. На означувањето на почетокот на […]

Му продале автомобили на директор на фирма, но пари не добиле


Вчера во СВР Скопје, 63 – годишник од Охрид, 47 – годишник од Куманово и 37 – годишник од Куманово пријавиле дека во периодот од март до јуни 2024 година биле измамени од С.Ѓ.(59) од Скопје, управител на правен субјект од Скопје. „Според пријавеното, тие со правното лице, претставувано од С.Ѓ., склучиле купопродажни договори за […]

Двајца силувале девојка во Кисела Вода


Денес во 4.31 часот во СВР Скопје, 23-годишна девојка пријавила дека во објект на подрачјето на општина Кисела Вода била силувана од две лица. Според пријавеното се работи за 22-годишниот М.З. и 35-годишниот И.А. Од МВР посочуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Трамп и се закани на Русија со санкции, напаѓа и покрај неговите мировни напори


Претседателот на САД. Доналд Трамп изјави дека размислува за нови санкции кон Русија по бранот напади врз Украина. „Врз основа на фактот дека Русија апсолутно ја „удира“  Украина на бојното поле во моментов, јас силно размислувам за големи банкарски и други санкции и тарифи за Русија додека не се постигне прекин на огнот и конечно […]

Не секој маж е џентлемен, ниту пак секоја жена е цвеќе за мирисање


Утре, зад секое подарено и примено цвеќе се крие една желба, мит, заблуда, лага или вистина за тоа кои сме, што сме, што сме сакале да бидеме, до каде сме стигнале или во што сме се претвориле, дали сме напредувале, стагнирале, или сме се вратиле назад, со зборовите, делата, постапките, однесувањето, како поединци или држава, […]

Трајковски вечерва во битка за медал на атлетското Европско првенство


Македонскиот атлетичар Андреас Трајковски вечерва ќе настапи во финалето во дисциплината скок во далечина на Европско првенство во сала кое се одржува во холандскиот град Апелдорн. Пласманот во финалната серија и шансата да се бори за историски медал за македонската атлетика Трајковски го обезбеди во вчерашните квалификации кога во третата серија прескокна 7.85 метри. Со […]

Две лица загинаа во сообраќајна несреќа на експресниот пат Кочани-Штип кај селото Тркање


Две лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа што попладнево околу 14 часот се случи на експресниот пат Кочани – Штип, кај подвозникот кон селото Тркање. Од СВР – Штип информираа дека во несреќата учествувале две патнички возила со кочански регистарски таблички. Од здобиените повреди двајцата возачи починале на местото на несреќата. Според првичните сознанија од […]

Владата ќе прави стратегија за да спречи раст на цените, најави Димитриеска Кочоска


Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска денеска изјави дека Владата посветено работи за посериозно стабилизирање на цените на прехранбените производи во маркетите и најави изработка на една стратегија на среднорочен период која треба да спречи вакви проблеми како сега. -Како Влада преземавме мерки, но мора да ги појасниме бројките. Минатата година до крајот на февруари […]

Со возило удрил во количка со дете и избегал


Вчера,  во 15.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на улица „ЈНА” во Тетово, патничко возило „фолксваген пасат” со тетовски регистарски ознаки, удрило во детска количка, која на пешачки премин ја туркале Е.Х. и Ф.Х. од Тетово, во која било нивното 15 – месечно дете, по што возилото го напуштило местото. По преземени мерки […]

Убијците ги преживуваат своите злосторства: Морничав затвор на иднината


Замислете затвор каде што нема ќелии, решетки или чувари – туку само симулатор за вештачка интелигенција што ги менува човечките сеќавања. Звучи како дистопија, но овој концепт може да стане реалност. Овој револуционерен систем, смислен од Хашем Ал Гаили, им овозможува на криминалците да изберат вештачко затворско искуство наместо вистинска казна. Наместо години поминати зад […]

Полски пратеник уапсен откако со лисици на раце се откажа од имунитетот


Полската Агенција за внатрешна безбедност (ABW) го приведе пратеникот Дариуш Матецки Од Партијата за право и правда (ПиС), откако тој се откажа од пратеничкиот имунитет, додека обвинителите ги истражуваат обвинувањата за корупција и злоупотреба на власта против повеќе функционери на ПиС.   Полскиот пратеник Дариуш Матецки (ПиС) го шокираше парламентот со ставањето лисици додека се […]

Работниците во ФАКОМ излегоа на генерален штрајк поради неисплатени плати


Работниците во ФАКОМ производство и монтажа, поддржани од Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство (СИЕР) и Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), денеска излегоа на генерален штрајк поради неплатени плати. Според изјавите на претседателот на СИЕР, Игор Герасов, работниците не добиле јануарска, февруарска плата, К-15 за 2024 година и три последователни 13-ти плати. -Платите во […]

Осмомартовски базар на ракотворби во Дајмонд мол


Дајмонд мол продолжува со поддршка на малите бизнис иницијативи. Од 6 до 9 март,  во Дајмонд мал се одржува „Базарот на ракотворби“, каде што 17 жени претприемачки и занаетчии ги презентираат своите уникатни производи. Настанот, организиран во чест на Меѓународниот ден на жената – 8 Март, ја истакнува важноста на женското претприемништво и занаетчиство, обезбедувајќи […]

Владата тврди дека е лажна сликата за тоа што јаде власта


Владата ги оцени како неточни информациите за набавка на овошје и зеленчук за нејзините потреби.   -Таквите дезинформации се со цел да се креира лажна слика и да се манипулира вистината, иако изворот на такви дезинформации е добро запознаен со фактичката состојба. Времето на државна „јагма“, како што постоеше за време на минатата власт, заврши. […]

Инфлацијата во февруари изнесуваше 5 отсто, а цените на мало беа повисоки 4,2 отсто на годишно ниво


Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во февруари во однос на јануари  годинава, изнесува 0,5  проценти. Индексот на трошоците на животот во февруари 2025 година, во однос на февруари 2024 година, бележи зголемување од 5 проценти, а индексот на цените на мало зголемување од 4,2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Според […]

ГРОМ: Советниците од Град Скопје треба да го аминуваат паркингот во Клинички


Излегува на површина причината зошто и тогашниот министер за здравство Фатмир Меџити, и сегашниот Арбен Таравари одбиваа да го продолжат договорот на ЈП „Градски паркинг“ –Скопје да стопанисува со паркингот на Клинички центар, кој е истечен од 2022 година. Јасна е како ден намерата на коалиционите партнери на ВМРО-ДПМНЕ да си ја присвојат оваа златна […]

Членството во СЕПА ќе овозможи заштеда од 50-60 милиони евра на граѓаните, вели премиерот


Членството Единствената област за плаќање во евра (СЕПА) што претставува европската евро платежна зона за граѓаните и државата ќе значат финансиски придобивки во милиони евра поради тоа што нема да се плаќаат трошоци и провизии. Ова е оцената на премиерот Христијан Мицкоски денеска од настан во скопската општина Кисела Вода на новинарско прашање за значењето […]

Трамп ја убива американската одбранбена индустрија


Владите треба да размислат за нивните политики пред да ги спроведат, аако не го сторат тоа, ризикуваат да се сретнат со страшниот закон за несакани последици. Токму тоа се случува во одбранбено-индустриската политика на САД.  Додека американските акции поврзани со одбраната паѓаат, европските одбранбени акции брзо растат бидејќи пазарите заклучија дека тие влади ќе трошат […]

Советот на јавни обвинители избра 31 нов јавен обвинител, пет обвинителства без кандидати


Советот на јавни обвинители (СЈОРМ) денеска избра 31 нов јавен обвинител за 10 основни јавни обвинителства низ Република Северна Македонија. Кандидатот пријавен за обвинителствата во Гостивар и Кичево, не го добил потребниот број на гласови, а во пет обвинителства воопшто немало пријавени. Во Основно јавно обвинителство Скопје се избрани кандидатите Сашо Палчевски, Бурханедин Нухију, Ирина […]