Бројот на загинатите во синоќешниот напад на украинската област Доњецк се искачи на 20


Шефот на регионот Доњецк, Вадим Филашкин, утринава во објава на Телеграм изјави дека бројот на загинатите вчера во регионот на Доњецк се искачи на 20, додека уште 43 лица се ранети, пренесува Би-би-си. „Русија убива цивили“, рече тој. Тој додаде дека најновите податоци не ги вклучуваат ранетите во Мариупол и Волноваха, кои моментално се под […]

Две лица се обиделе да изнудат пари од скопски стоматолог


Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за кривично дело – Изнуда согласно член 258 став 1 во врска со членовите 19 (во обид) и 22 (во соизвршителство). Осомничениот 33-годишен скопјанец, заедно со уште едно лице кое до сега не е идентификувано, со сила и […]

Товарен брод удри во танкер закотвен во Истанбул


Товарниот брод „Орита“ удри во танкерот „Миа“, кој беше закотвен во Истанбул, по што од оштетениот резервоар на танкерот во морето беше испуштена нечиста вода. Реморкери се испратени на местото на судирот, кој се случил во текот на вчерашниот ден, јавуваат турските медиуми. Танкерот со нафта е долг 270 метри, додека товарниот брод е долг […]

Утрово најстудено во Берово, минус 6 степени


Најниска температура утрово е измерена во Берово – 6 степени, во Битола – 4, во Скопје-Петровец, Струмица, Демир Капија, Маврови Анови – 2, во Тетово, Велес, Гевгелија -1, во Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, Куманово и Претор 0, во Штип, Кавадарци, Крива Паланка и Охрид еден степен, на Попова Шапка три и во Крушево и Виница пет […]

За ручек со Трамп во Мар-а-Лаго треба да платиш 5 милиони долари


  Гостите плаќаат милиони долари за да вечераат и да се сретнат со претседателот Доналд Трамп на специјални настани што се одржуваат во неговиот имот Мар-а-Лаго во Палм Бич, Флорида. Деловните лидери можат да обезбедат средба еден на еден со претседателот во Мар-а-Лаго за 5 милиони долари, според извори со директно познавање на состаноците. На […]

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради маршот за „8 Март“


СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека денеска со почеток во 12.00 часот ќе се одржи протестен марш по повод 8 Март со собирно место на бул. „Партизански одреди”, со траса на движење по бул. „Партизански одреди”, кон бул.„Св.Климент Охридски”, десно на бул.”Илинден”, право преку мост „Гоце Делчев” кон Стоковна куќа „Мост”, десно по […]

Проф. д-р Данева Маркова: Постои тренд на предвремено породување во сезоната кога загадувањето е најголемо


Возраста, загадувањето, стресот, начинот на живот, телесната тежина, физичката активност…, се меѓу ризичните фактори за неуспешна бременост. Во последните неколку години согледувам дека постои тренд на предвремено породување во сезоната кога е најголемо загадувањето. Тоа се веќе докажани податоци од други институти, наши факултети, научници кои се занимаваат со оваа проблематика така што, наскоро ќе […]

Секоја трета: Насилството врз жените во Европската Унија


Одвај и да има ден да не биде ранета или убиена жена во Европската Унија поради тоа што е жена. Огромното мнозинство од сторителите на ваквото физичко или психичко насилство се нивните сегашни или поранешни партнери. „Основни причинители на насилството врз жените се контролата, доминацијата и нееднаквоста“, рече Карлиен Шеле, директорката на Европскиот институт за […]

Украински напад со дрон ја оштети рафинеријата за нафта во рускиот регион Ленинград


Украински напад со беспилотно летало ја оштети рафинеријата за нафта „Кинеф“ во рускиот регион Ленинград, изјави утрово началникот на Ленинградската област Александар Дрозденко. Дрозденко на Телеграм напиша дека руските сили одбиле напад на украинско беспилотно летало, дека е оштетен рафинериски тенк и дека нема повредени. Тој прецизираше дека руската противвоздушна одбрана (ПВО) соборила еден дрон, […]

Рубио: Дејствата на Додик ги поткопуваат институциите на БиХ и ја загрозуваат нејзината безбедност


Американскиот државен секретар Марко Рубио утринава изјави дека „дејствата на претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик ги поткопуваат институциите на Босна и Херцеговина (БиХ) и ја загрозуваат нејзината безбедност и стабилност“. Тој ги повика партнерите во регионот да му се придружат на Вашингтон во спротивставувањето на „тоа опасно и дестабилизирачко однесување“. „Нашата влада ги […]

Пукање во паб во Торонто, 12 лица повредени


Дванаесет лица се повредени во инцидент со пукање во паб во Торонто, соопшти полицијата. Како што е наведено, сомничениот се уште е во бегство. Полицијата истражува пукање што се случило синоќа во пабот „Скарборо“, јави Си-Би-Ес њуз. Повредените лица се пренесени во болница, но засега нема информации за нивниот пол и возраст. Портпаролот на градот […]

Рубио телефонски разговараше со Сибих и Баро за завршување на војната во Украина


Американскиот државен секретар Марко Рубио синоќа телефонски разговараше со украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибих и со францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро за завршување на војната во Украина, соопшти Стејт департментот. Во соопштението се наведува дека во разговорот со Сибих, Рубио нагласил дека американскиот претседател Доналд Трамп е решен што поскоро да […]

Дигиталната трансформација не е веќе прашање на избор, туку неопходност за компаниите


Во четвртокот во Скопје, Women on Boards Adria (WOBA) и Finance Talks by EoS успешно организираа конференција под наслов „Забрзана дигитална трансформација и револуцијата на вештачката интелигенција”, која обедини визионерски лидери од академската заедница, бизнисот и владата. Овој настан не претставуваше само дискусија за иднината – туку и поттик за преземање на активности за обликување […]

Пригоден поштенски жиг за Меѓународниот ден на жената во одбележување на 30-годишниот јубилеј од Пекиншката декларација


По повод Меѓународниот ден на жената и 30-годишнината од Пекиншката декларација и Платформата за акција, UN Women во Северна Македонија, во соработка со Пошта на Северна Македонија, претстави специјален пригоден поштенски жиг. Овој симболичен гест ја истакнува посветеноста на земјата кон родовата еднаквост и континуираните заложби за обезбедување еднакви можности за жените и девојчињата. Поштенскиот […]

Грчкиот парламент не изгласа недоверба на владата на Мицотакис


Со 136 гласа „за“ и 157 „против“ грчкиот Парламент, како и што се очекуваше, доцна синоќа го отфрли предлогот за недоверба на Владата доставен од четирите опозициски партии поради железничката несреќа кај Темпи, а во исто време со гласањето пред Парламентот се одржа протест што заврши со инциденти меѓу маскирани лица и полицијата, јави дописничката […]

Масовни протести на американските научници поради кратењата во научните програми


Во САД синоќа се одржаа масовни протести и маршеви на научници, академски истражувачи и нивни поддржувачи, вклучувајќи неодамна отпуштени федерални работници, а против кратењата на парите за истражувања и научни програми од страна на администрацијата на претседателот Доналд Трамп. Пред споменикот на Линколн во Вашингтон се собраа илјадници да протестираат против „деструктивните“ политики на Трамп. […]

Зајакнувањето на одбраната на Европа би можело да резултира со зајакната улога на Европската комисија


Европската Унија се повеќе се позиционира на меѓународната сцена како геополитички фактор или се обидува да биде глобален актер повеќе отколку што тоа го правеше порано, но ограничувачки фактор за неа е тоа што некои сфери, како на пример одбраната, не се во нејзина, туку се во надлежност на земјите членки.  Експертите посочуваат дека главни […]

Жените во делата на македонските сликари – изложба во Галерија Матица


По повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената, во Галерија Матица денеска ќе биде отворена изложба на четириесет дела од македонски автори кои ги прикажуваат повеќеслојните искуства, борби и триумфи на жените. -Секое дело зборува за уникатните приказни за издржливост, сила и убавина што ги носат жените. На изложбата ќе бидат застапени дела на […]

Две лица полесно повредени во сообраќајка со повеќе возила на Партизанска


Две лица се полесно повредени во сообраќајна несреќа во која учествувале повеќе возила синоќа околу полноќ на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје. Шеф на смена во Брза помош – Скопје, доктор Драган Панов потврди за МИА дека во директен судир со комбе на Брза помош од приватна болница, две лица биле полесно повредени. Повредените се […]

„За СИТЕ жени и девојки: Права. Еднаквост. Зајакнување“ – Меѓународен ден на жената


 Меѓународниот ден на жената – 8 март се прославува секоја година во сеќавање на протестот на текстилните работнички во Њујорк со барање за поголеми права, одржан на овој датум во 1857 година. Обединетите нации почнаа да го чествуваат овој ден од 1975 година, а две години подоцна Генералното собрание на ОН ги повика земјите членки […]