Мицкоски ќе ја слушал јавноста за паркингот во Клинички центар


Одлука на Влада нема, договор не е потпишан, ако јавноста вели не сакаме, нема да го потпишеме, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски при посетата на Свети Николе за најавите дека албанска компанија ќе стопанисува со паркингот на Клиничкиот центар во Скопје.    – Јас би внимавал со заклучоците и не би се сложил со вас. Јас […]

Осмомартовски марш на СДСМ во Струмица, Филипче порача дека борбата продолжува додека рамноправноста не стане реалност


Без силни жени немаме силна иднина, тие се движечката сила на нашето општество, порача денеска претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на 10. Осмомартовски марш во Струмица по повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март. Маршот е во организација е Форумот на жени СДСМ, а годинешниот слоган е „Исправени заедно за еднаквост, […]

Во Италија работната сила старее, речиси 10 милиони имаат над 50 години


Работната сила во Италија старее и сега има речиси 10 милиони работници на возраст над 50 години, објави италијанскиот завод за статистика, Истат. Во соопштението се наведува дека во јануари годинава во Италија имало 7,47 милиони работници помлади од 35 години. Италија има најстаро население во Европа, со просечна возраст во земјата од 48,7 години, […]

Зеленски ќе патува во Саудиска Арабија додека европските лидери одржуваат состанок за одбраната


Војната во Украина следната недела е високо на дипломатската агенда, а се очекуваат неколку разговори на високо ниво, јави Би-Би-Си. На дневниот ред има неколку точки – вклучително и разговори во Саудиска Арабија со цел воспоставување прекин на огнот. Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека в понеделник ќе отпатува за Саудиска Арабија на разговори со […]

Мицкоски: Не би се изненадил доколку растот во првиот квартал од годинава е помеѓу 4 и 4,5 отсто


Првите индикатори во првиот квартал од годинава укажуваат на консолидираност и не би се изненадил доколку растот биде помеѓу 4 и 4,5 отсто, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. -Индикаторите кои се јавуваат во првата половина година од мандатот на Владата укажуваат дека сме дојдени до состојба „0“, имаме 1,25 милијарди евра странски инвестиции за претходната […]

Марш за женските права: „Нека јадат ружи!“


Со извикување во еден глас „Жени, живот, слобода“ пред Универзалната сала во Скопје започна Маршот за женски права организиран од Платформата за родова еднаквост по повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март. Оваа година, маршот се одржува под слоганот „Нека јадат ружи!“. Организаторите повикуваат на женски марш и солидарен женски бојкот за да се […]

Охриѓанец проголтал бела прашкаста материја за да се спаси од полицијата


Охриѓанец проголтал опаковка со бела прашкаста материја при полициска контрола на неговиот автомобил. Тој бил однесен во болница, каде му била извадена опаковката, по што ќе следи вештачење. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата. -На 07.03.2025 година во 17.20 часот, на пресекот на улиците „Кленоец“ и „Железничка“ […]

Кина воведе царини за Канада


Кина денеска објави царини за канадски земјоделски и прехранбени производи вредни повеќе од 2,6 милијарди долари, возвраќајќи на давачките наметнати од Отава во октомври и отворајќи нов фронт во трговската војна главно поттикната од царинските закани од американскиот претседател Доналд Трамп. Давачките, објавени од кинеското Министерство за трговија и кои треба да стапат на сила […]

СДСМ: Стратегијата на ВМРО-ДПМНЕ е напаѓај, лажи, оцрнувај – само да не покачиш плата


Опозициската СДСМ во соопштение до медиумите ја обвинува владејачката ВМРО-ДПМНЕ дека нема пари за работниците, но има пари за себе и своите удобности. „Нема пари за повисока минимална плата, но има пари за луксуз, папаја, манго, приватни авиони, тендери и привилегии. И кога треба да изберат – да ги зголемат платите или да ги полнат […]

УЈП: Нова можност за издавање код за идентификација за интегрирана наплата


Заврши надградба на системот за е-Даночни услуги преку воведување на нова функционалност, поднесување на барање за издавање на код за идентификација за потпишување на МПИН пресметките изготвени преку тековниот систем за пресметка на плати, ги информира Управата за јавни приходи (УЈП) даночните обврзници и вршителите на сметководствена дејност. -Се повикуваат обврзниците кои имаат проблем со […]

Божиновска: Жените не ја чекаат иднината – тие ја создаваат


Жените не се иднината на енергетиката и рударството – жените се сегашноста, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска на  настанот „Енергија на успехот: Таму каде што жените создаваат, иднината се менува“. Овој настан, организиран од министерката Божиновска, беше посветен на жените кои ја обликуваат иднината на енергетиката и рударството, индустрии кои […]

Синиша Кочоски ќе настапи на легендарната трка „24 часа Ле Ман”


Авто-мото спортот од година во година станува сè популарен во Македонија, а тоа е благодарение на многуте успеси на нашите возачи на меѓународна сцена. Еден од нив е Синиша Кочоски. Членот на „Сајлент Хантерс” веќе неколку сезони е при самиот врв во регионот, а потврда за тоа се резултатите во престижните БМУ Европскиот шампионат и […]

Во Австралија се судрија две воени возила, повредени повеќе од 35 лица


Повеќе од 35 лица се повредени во сообраќајна несреќа во која учествувале две возила на австралиските вооружени сили (АДФ) во близина на Лизмор, во северниот дел на Нов Јужен Велс. На местото на несреќата се распоредени 19 возила на брза помош, пренесува Гардијан. Повредените се пренесени во болниците во Лизмор и Твид, а според информациите […]

Пауел: ФЕД чека поголема јасност за политиките на Трамп пред следната одлука за каматната стапка


Претседателот на Федералните резерви Џером Пауел изјави во петокот дека централната банка може да почека да види како ќе се одвиваат агресивните политички активности на претседателот Доналд Трамп пред повторно да ги помести каматните стапки. Со оглед на тоа што пазарите се нервозни поради предлозите за тарифи на Трамп и други прашања, Пауел ги повтори […]

Полска: Задолжителна воена обука за секој возрасен маж во земјата


Полскиот премиер Доналд Туск објави дека неговата влада работи на план за задолжителна воена обука за секој возрасен маж во земјата, како одговор на променетата безбедносна ситуација во Европа. Туск рече дека има потреба од армија од 500.000 војници, во која ќе има и резервисти, пишува Гардијан. „Ќе се обидеме да имаме подготвен модел до […]

Родова еднаквост: Од 142 вработени во Општина Центар, 88 се жени


Во Општина Центар родовата рамноправност е реалност, информира градоначалникот Горан Герасимовски по повод Денот на жената, 8 Март.  -Во Центар, жените се мнозинство. Од 142 вработени, 88 се жени. Дури 21 жена е на раководна позиција од вкупно 34 сектори и одделенија, а претседател на Совет на Општина Центар е жена, рече Герасимовски.   Потенцира […]

Агелер ја посети Царинската управа: Чекорите што ги преземате се многу значајни


Соединетите Американски Држави се стратешки партнер на Република Северна Македонија, и ќе бидат силен поддржувач на политиките што ги спроведува Царинската управа (ЦУ), е клучната порака од посетата на амбасадорката на САД Ангела Агелер, директорката на Канцеларијата за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законите Вирџинија Елиот и заменик шефот на Канцеларијата за билатерална […]

Дејан Пројковски со „Ана Каренина“ ја освои турската публика


Во Државниот театар во Ван, Република Турција, со голем успех се одржа премиерата на театарската претстава „Ана Каренина“, во адаптација и режија на истакнатиот македонски режисер Дејан Пројковски. Овој сценски спектакл, инспириран од безвременскиот роман на Лав Толстој, предизвика воодушевување кај публиката и критичарите, најавувајќи долг сценски и фестивалски живот, информираат од Македонски културен центар […]

Се шири птичјиот грип во Албанија, уништени 68 илјади кокошки


Птичјиот грип Х5Н1 ја прошири картата на инфекции во Албанија и една од најголемите живинарски фарми во земјата ја има болеста во четири објекти. Досега се уништени 68.000 кокошки, а блокирани се 415.000 јајца. Шефицата на кабинетот на Министерството за земјоделство, Ермира Ѓечи рече дека јајцата на пазарот се безбедни, бидејќи инспекторите на Агенцијата за […]

(Видео) Јокиќ одигра натпревар каков што никој во историјата на НБА не успеал


Никола Јокиќ го одигра еден од најдобрите натпревари во кариерата и натпревар за историјата на НБА во победата на Денвер на домашен терен над Феникс со 149:141 по продолжение. Овој настап на Јокиќ е извонреден дури и по критериумите на трикратниот, актуелен МВП на најсилната лига во светот. Јокиќ за 44 минути игра постигна 31 […]