Уставен суд на Романија: Ѓорѓеску може на избори


Уставниот суд на Романија ги отфрлил жалбите против регистрацијата на Калин Ѓорѓеску како кандидат за претседател на Романија. Ѓорѓеску вчера изјави дека ја поднел кандидатурата до Централната изборна комисија за претстојните претседателски избори, закажани за 4 мај. Истовремено, поднесени се две жалби до Уставниот суд против неговата кандидатура. Според романското законодавство, ЦИК може да прифати […]

И денеска масовни протести во Србија, главниот плоштад во Белград полн со луѓе


Еден ден по одржаниот вториот генерален штрајк во Србија, протестните маршеви продолжија во голем број градови. Граѓаните од Белград, Нови Сад, Ниш и од други градови излегоа на улица, додека студентите од Суботица пешачат кон Белград, каде што се очекува да пристигнат на 15 март на голем митинг. Откако цело попладне се одржаа протести на […]

Девојче киднапирано во Америка во 1999 година, пронајдено живо во Мексико


Жена која била киднапирана во Конектикат како девојче е пронајдена жива 25 години подоцна во Мексико. Андреа Мишел Рејес имала две години кога била киднапирана од нејзината мајка, Роза Тенорио, во октомври 1999 година, се вели во соопштението на полицијата во Њу Хевен. Тенорио немала законско старателство над Рејес, која била под заштита на нејзиниот […]

ОН: Еден од најсмртоносните денови за цивилите во Украина годинава


Обединетите нации реагираа на синоќешните руски напади врз Украина, нагласувајќи дека тоа е еден од најсмртоносните денови за цивилите оваа година. Според Набљудувачката мисија на ОН за човекови права во Украина, загинале 21 цивил, што го прави вчерашниот ден еден од трите најсмртоносни денови за цивилите од почетокот на годината. – Сите 21 загинати цивили […]

Народот треба да живее од воздух, а тие со папаја и манго: Филипче за Мицкоски


  Имаме неодговорна власт, која сака да го научи народот да живее на воздух, а тие да нарачуваат папаја и манго, истакна претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешниот Осмомартовски марш во Струмица.  „Така држава не се води, СДСМ водеше сметка за стандардот, за платите, за работните места. Македонија и македонскиот народ […]

Трамп повторно шокира: Еве како ги коментираше руските напади врз Украина


Американскиот претседател Доналд Трамп им се обрати на новинарите и го коментираше зголемениот број руски напади врз украинските градови. Откако САД престанаа да споделуваат разузнавачки информации со Киев и да ги предупредат за руски напади, Русија започна голем напад со балистички ракети и беспилотни летала. Покрај тоа, американскиот претседател Доналд Трамп престана да испраќа воена […]

Бугарија се бори да ја излечи кризата со лекови за рак


Бугарија најави итни мерки за намалување на бирократските пречки за увозот и дистрибуцијата на основните третмани за рак во обид да се справи со растечкиот недостиг. „Новите мерки влијаат на над 40 лекови за рак, а целта на владата е да го спречи ризикот бугарските граѓани да бидат лишени од здравствено осигурување за основната терапија […]

Во Варшава отворена првата амбуланта за помош при абортус кој во Полска е нелегален


На Меѓународниот ден на жената во Варшава, симболично, во близина на зградата на парламентот и седиштата на главните полски партии, беше отворена првата амбуланта каде што Полјачките можат да извршат абортус во раната бременост, иако во Полска тоа е забрането, освен ако не го загрозува животот и здравјето на трудницата или ако плодот е резултат […]

Германските конзервативци и социјалдемократите постигнаа начелен договор за формирање влада


Германските конзервативци предводени од Фридрих Мерц и Социјалдемократската партија (СПД) денеска соопштија дека постигнале начелен договор за формирање влада која планира да инвестира во заживување и превооружување на земјата, најголемата европска економија. – Изготвивме заеднички документ и постигнавме договор за цела низа прашања, изјави идниот конзервативен канцелар Мерц, додавајќи дека партнерите најверојатно следната недела ќе […]

Кисела Вода заедно со Варшава и Мадрид во Европски проект за жени претприемачи


Општина Кисела Вода ќе биде дел од европскиот проект за жени претприемачи Together for Green Growing (Together4GG), поддржан од EIT Food AMPLE Program 2025. Со тоа се приклучува на Варшава и Мадрид како единствени градови каде ќе се спроведува овој значаен проект, што ја потврдува посветеноста на општината кон економскиот напредок на жените и создавањето […]

Берлин, Париз, Лондон и Рим го поздравија арапскиот план за обнова на Газа


Германија, Франција, Велика Британија и Италија денеска го поздравија арапскиот план за Газа, кој, како што соопштија во заедничката изјава, претставува реален план за обнова на Газа. – Ако се спроведе, овој план ветува брзо и трајно подобрување на катастрофалните услови за живот на Палестинците кои живеат во Газа, се вели во соопштението на министрите […]

САД нема да споделуваат податоци за загадениот воздух. Научниците: Тоа е голем удар


Американската влада ќе престане да ги споделува податоците за квалитетот на воздухот собрани од нејзините амбасади и конзулати, предизвикувајќи загриженост кај локалните научници и експерти кои велат дека програмата е клучна за следење на глобалниот квалитет на воздухот и заштита на јавното здравје, пренесува Си-Ен-Ен. Како одговор на барањето на Асошиејтед прес, Стејт департментот пред […]

НВО: Во Сирија од четвртокот убиени повеќе од 300 цивили


Сириската невладина Опсерваторија за човекови права денеска соопшти дека од четвртокот во Сирија се убиени 300 цивили во судирите меѓу сириските безбедносни сили и сојузничките групи со лојалистите на соборениот претседател Башар ал Асад во западниот дел на земјата. Ова е прво насилство од ваков размер откако бунтовничката коалиција предводена од радикалната исламистичка сунитска група […]

Жестока кавга меѓу Рубио и Маск во Белата куќа


Државниот секретар Марко Рубио и милијардерот-претприемач Илон Маск имале жестока кавга на состанок на кабинетот свикан од Доналд Трамп, дознава Њујорк тајмс, повикувајќи се на информиран извор. Инцидентот се случил во Белата куќа за време на состанок посветен на реорганизација на кабинетот на министрите и намалување на државните трошоци. Весникот дознава дека конфликтот почнал кога […]

Празникот на жената се честита, главно, со увезено цвеќе


Празникот на жената, 8- Март се честита, главно, со увезено цвеќе. Се увезува дури и каранфилот кој порано државава го произведуваше и го извезуваше во Холандија. Увезеното цвеќе е од Холандија преку дистрибутери, потврдуваат од цвеќарниците кои велат дека набавните цени се големи и тоа влијае на високите цени во продажбата. Во помалата продажба влијае […]

Владата нема да се меша во изборите и именувањата во правосудството, вели Мицкоски


Владата нема да се меша во какви било избори или именувања и тоа треба да биде порака до сите да си ја работат својата работа и да работат според закон, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.  Одговарајќи на новинарско прашање во врска со притисоци од ДУИ за уставните судии, пред седницата за албанскиот јазик и вчерашната […]

(Галерија) Не ни требаат рози, туку леб: Марш за женските права


Со повици за родова еднаквост и повеќе права за женската популација, денеска во Скопје се одржа протестен марш по повод 8 Март, Меѓународниот празник на жената. Со извикување во еден глас „Жени, живот, слобода“ пред Универзалната сала во Скопје започна Маршот за женски права организиран од Платформата за родова еднаквост. Оваа година, маршот се одржува […]

ОБСЕ: Потребни се поголеми напори за еднакви можности за сите жени и девојки ширум светот


 По повод Меѓународниот ден на жената, лидерите на земјите-членки на ОБСЕ порачаа дека се потребни зголемени напори и ресурси за да се обезбеди родова еднаквост и еднакви можности за сите жени и девојки ширум светот. Како дел од Акцискиот план на ОБСЕ за 2025 година насловен „За сите жени и девојки: Права. Рамноправност. Зајакнување“, претседателството, […]

Локализирани два пожари во атарот на каменичките села Саса и Цера


Во период од три дена, Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) од Македонска Каменица интервенираше на два пријавени пожари. Како што информираа од противпожарната единица, денеска е интервенирано на пожар во село Саса маала Среден рид, а претходно и на пожар во село Цера. -При гаснењето на пожарот кај Саса на лице место беше затекнато лицето кое […]

Ако пожарите на отворено почнаа во зима, што ќе правиме налето, прашуваат битолските пожарникари


Пожарите на отворен простор почнаа уште сега, во зимските месеци и битолските пожарникари бројат и до девет-десет пожари на ден на отворен простор во битолскиот крај. Најопасна е ситуација со атарите на Потпелистерските села кои се многу блиску до Националниот парк Пелистер и моликовата шума. Стресот за противпожарната служба во Битола, како што велат, е […]