Човекот кој го „изгради“ Трамп: „Бара мислење, но секогаш прави што сака“


Американскиот консултант и лобист Роџер Стоун во интервју за италијанскиот „Кориере дела сера“ зборуваше за почетоците на кариерата на Доналд Трамп и ги откри причините зошто тој се однесува на начинот на кој се однесува денес како претседател на САД. Стоун работеше како консултант за изборната кампања на Трамп во 2016 година, а е активен […]

Што му носи „крвавата“ полна месечина во Девица на секој хороскопски знак: Некој чека големи пари а некој нова љубов


Затемнувањето на крвната полна месечина во Девица на 14 март носи моќни енергетски промени кои ќе ги размрдаат сите хороскопски знаци. Фокусот ќе биде на финансиите, љубовните односи и личниот развој, а Месечината ќе не принуди јасно да видиме што ни е потребно во животот, но и за можностите кои произлегуваат од тоа. Дознајте како […]

(Видео) Украинците нападнаа една од најголемите рафинерии во Русија


Укриански сили рано утринава ја нападнаа нафтената рафинерија Новокуибишевск во руската област Ростов, објави на Телеграм шефот на Центарот за борба против дезинформации при Советот за национална безбедност и одбрана, Андриј Коваленко, а пренесува Укринформ. Како што се дознава, рафинеријата има годишен капацитет од 8,8 милиони тони, што ја прави една од десетте најголеми такви […]

Новинар ги спореди француските злосторства во Алжир со нацистичките злосторства, поднесе оставка


Францускиот новинар Жан-Мишел Афатие изјави дека целосно останува на неговите коментари дадени на една радио станица кон крајот на февруари, во која тој ги поистоветува злосторствата извршени од Франција во Алжир со злосторствата на нацистичка Германија во окупирана Франција. Тој најави и дека нема да се врати во РТЛ. „Нема да се вратам во РТЛ. […]

Имотен лист од сега достапен на националниот портал – uslugi.gov.mk


Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, синоќа беше гостин во Тема на денот на ТВ Сител, тој зборуваше за новите услуги од Агенцијата за катастар на недвижности, кои од сега на граѓаните им се достапни на националниот портал за електронски услуги, uslugi.gov.mk како и во Центрите за услуги на министерството. “Нашиот фокус сега е да […]

Цените на нафтата продолжуваат да паѓаат


Сингапур – Цените на нафтата продолжија да се намалуваат на почетокот на новата недела, бидејќи загриженоста за влијанието на американските увозни царини врз глобалниот економски раст и побарувачката за гориво, како и зголеменото производство од производителите на ОПЕК+, го намалија апетитот на инвеститорите за поризични активи. Суровата нафта „брент“, репер за европскиот пазар, падна за […]

Жителите на Гренланд излегуваат утре на клучни избори


Копенхаген – Гренланѓани во вторник излегуваат на парламентарни избори, а во фокусот на изборната кампања беше можната независност на најголемиот остров на светот. Законските прописи за тоа како може да се постигне тоа веќе постојат. Сите главни политички партии на Гренланд ја поддржуваат независноста, така што дебатата главно се однесува на тоа кога, а не дали […]

Над половина милион патници се очекува да бидат погодени од штрајкот на германските аеродроми


Франкфурт –   Повеќе од половина милион патници се очекува да бидат погодени од 24-часовниот штрајк на германските аеродроми, што ќе предизвика откажување на илјадници летови. Протестот го најави синдикатот Верди како дел од преговорите за нов колективен договор. Здружението на германски аеродромски оператори (ADV) проценува дека прекините ќе погодат околу 510.000 луѓе и над […]

Шерифот со уште едно признание за смртта на Џин Хекман


Објавени се причините за смртта на Џин Хекман и неговата сопруга, околу една недела по нивното трагично смрт. Хекман (95) и неговата сопруга Бетси Аракава беа пронајдени мртви во нивниот дом во Санта Фе, Ново Мексико кон крајот на февруари. Легендарниот холивудски актер, познат по улогите во „Hoosiers“ и „Unforgiven“, беше пронајден мртов во својот […]

Еден процент добивка и сто проценти магла


Некои постапки на владата изгледаат гротескни. И одат по работ на довербата на граѓаните. И тоа толку многу брзо откако беше формиран овој владин кабинет. Дали владините партнери сакаат да го испитуваат прагот на трпението на јавноста, дали работат еден без друг да знае или можеби се во прашање корупциски сентименти – тешко дека може […]

Трамп не ја исклучува можноста за рецесија во САД


Американскиот претседател Доналд Трамп  одби да ја отфрли можноста дека американската економија ќе влезе во рецесија оваа година и дека инфлацијата ќе се зголеми, бидејќи неговата трговска тарифна политика предизвикува несигурност и турбуленции на пазарот.  Тој во интервју за Фокс њуз објави дека за постигнување на неговите економски цели ќе биде потребно време и преоден […]

Заврши ерата на Џастин Трудо: Koj e Mарк Карни новиот премиер на Канада?


Бившиот гувернер на централните банки на Обединетото Кралство и Канада, Марк Карни, победи на трката за лидер на Либералната партија.Тој ќе го наследи Џастин Трудо како премиер на Канада и лидер на Либералната партија. Канадската Либерална партија доцна ноќеска го објави името на наследникот на премиерот Џастин Трудо на функцијата претседател на партијата и премиер, […]

Министерот за култура и туризам Љутков во посета на Струмица


Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска ќе престојува во општина Струмица каде ќе оствари значајни средби и активности поврзани со културното наследство и развојот на културата во регионот. Љутков ќе ги посети археолошкиот локалитет Бања Банско, каде што ќе се разгледаат проектите финансирани од пограничните фондови. Ќе оствари и работна посета во НУЦК […]

Руте во посета на Босна и Херцеговина


Брисел– Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте денеска ќе престојува во Сараево во еднодневна посети Босна и Херцеговина.  Како што соопшти НАТО, предвидено е Руте да се сретне со членовите на Претседателството на БиХ, Жељка Цвијановиќ, Жељко Комшиќ и Денис Беќировиќ, со претседавачката на Советот на министри, Борјана Кришто, како и со министрите за надворешни […]

Панел-дискусија „(Fe)male Effect: Her Story, Her Path, Her Power“ во Јуроп хаус Скопје


По повод Меѓународниот ден на жената, панел-дискусија насловена „(Fe)male Effect: Her Story, Her Path, Her Power“, ќе се одржи денеска напладне во Јуроп хаус Скопје. Форумот ќе го отвори Михалис Рокас, амбасадорот на ЕУ во Северна Македонија, а говорнички се Кристина Василатоу заменик-шеф на мисија во Амбасадата на Грција во Скопје, професорката на Филолошкиот факултет […]

Собранието неделава со интензивна агенда, понеделнички собраниска седница и заседанија на седум комисии


Собранието неделата ја започнува со интензивни активности, а според агендата објавена на веб страната на законодавниот дом така ќе биде и во следните денови.   Во Собранието денеска е закажана 38. седница, како и седници на седум парламентарни комисии и на Националниот совет за евроинтеграции.  На дневен ред на 38. седница се Предлог на одлука за […]

„Византија на патот на свилата: византиско-кинески контакти во раниот среден век“ – предавање во МАНУ


Во Македонската академија на науки и уметности денеска предавање ќе го одржи д-р Игор Радев на тема „Византија на патот на свилата: византиско-кинески контакти во раниот среден век“. Како што стои во највата, предвањето ќе се одржи  во амфитеатарот на МАНУ во 13 часот. Во текстот во прилог кон предавањето се посочува дека до првите […]

Астрономски календар


Денеска е сабота, 10 март 2025 година, 69-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 296 ден. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 54 минути, а ќе зајде во 17 часот и 35 минути. Денов трае 11 часа и 40 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина, нема да изгрее […]

Студено утро, сончево и топло преку ден


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево и топло со слаб јужен ветер. […]

Големи промени во Хрватска: ХДЗ веќе не е партија со највисок рејтинг


  Има голема промена во врвот на политичките преференции во Хрватска, поради што владејачката ХДЗ треба да биде многу загрижена, особено пред локалните избори во мај. Според најновиот „Кродемоскоп“, истражување на РТЛ, ХДЗ е истисната од првото место меѓу преференциите на гласачите за прв пат по пет години. Опозициската СДП има 26,3 проценти поддршка, а […]