Изборната комисија на Романија ја отфрли кандидатурата на националистот Георгеску


  Романското изборно тело во неделата ја отфрли кандидатурата на Калин Георгеску на повторените претседателски избори, откако екстремно десничарскиот популист победи во првиот круг од минатогодишната трка пред највисокиот суд да ги поништи изборите, пренесе АП. 62-годишниот Георгеску поднесе својата кандидатура во петокот во главниот град Букурешт, по што Централното изборно биро имаше 48 часа […]

Рубио: Дејствијата на Додик ги поткопуваат институциите на БиХ и ја загрозуваат нејзината безбедност


Американскиот државен секретар Марко Рубио утринава изјави дека „дејствијата на претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик ги поткопуваат институциите на Босна и Херцеговина (БиХ) и ја загрозуваат нејзината безбедност и стабилност“, и ги повика партнерите во регионот да му се придружат на Вашингтон во спротивставувањето на ова „опасно и дестабилизирачко однесување“: „Нашата влада ги […]

Фон дер Лајен: Ќе се сретнам со Трамп кога ќе биде вистинскиот момент


Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп „кога ќе биде вистинското време“ и најави дека во наредните недели ќе го свика првиот Колеџ за безбедност, кој ќе го сочинуваат сите членови на Европската комисија, со цел редовно да добиваат информации за безбедносните случувања. […]

Дете удри во дрво и загина на скијачка патека во Словенија


Дете трагично го загуби животот денеска на скијачката патека на Соришка планина. Несреќата се случила околу 9:40 часот, кога детето, скијајќи, излетало од патеката и удрило во дрво. Поради сериозноста на повредите, детето починало на лице место. И покрај брзата реакција на екипите за прва помош, како и доаѓањето на хеликоптер од словенечката војска и […]

Маск повика САД итно да излезат од НАТО


  Милијардерот Илон Маск го стави целото свое политичко внимание зад излегувањето на САД од НАТО, велејќи на својата платформа на социјалните мрежи дека „нема смисла Америка да плаќа за одбрана на Европа“. Високиот советник на американскиот претседател Доналд Трамп одговараше на објавата во Икс рано во неделата во која се тврди дека САД треба […]

„Ослободете се од неа“: Зошто Џеф Безос ја тргна продуцентката на Џејмс Бонд


Извршниот директор на Амазон, Џеф Безос, бил решен да се ослободи од продуцентката на 007, Барбара Броколи, дури и на својот персонал му кажал дека сака таа да си замине, „без разлика колку тоа чини“, според Холивуд Репортер. Амазон ја купи франшизата за Џејмс Бонд за близу милијарда долари, и иако Броколи ја наследи од […]

Мерц: Европа треба да ја зајакне нуклеарната одбрана заедно со САД


Идниот германски канцелар Фридрих Мерц изјави дека сака да започне разговори со Франција и Велика Британија за заедничко користење на нивното нуклеарно вооружување, но не како замена за американскиот нуклеарен штит за Европа, објави Ројтерс. „Споделувањето на нуклеарно оружје е прашање за кое мора да разговараме… мора да станеме посилни заедно во нуклеарното одвраќање“, изјави Мерц […]

Лазаров пред дуелот со Словенија: Ако одиграме на нашето најдобро ниво, мислам дека можеме да ја оствариме целта


 Се соочуваме со сериозен противник кој неодамна играше полуфинале на Олимписки игри и беше петтопласиран на последното Европско првенство. Словенија секогаш има високи амбиции, имаат специфичен стил на игра со одлична тактика и техника. Ќе пробаме максимално да го искористиме периодот за подготовка и се надевам дека ќе се прикажеме во одлично светло, изјави денеска […]

Жените ги рушат бариерите – низ примерот на пет успешни жени


Детектор во соработка со мисијата на ОБСЕ во земјава по повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената, низ примерот на пет успешни жени во специјалната емисија „Жените ги рушат бариерите“ анализира како е да се биде понежниот пол во средина која често не е воопшто нежна.  Таков, велат, беше и патот на професорката Гордана […]

Следува најтоплото лето на Балканот – суши, бури и топлотни бранови


Според метеоролошките прогнози, ова лето Балканот ќе доживее рекордно високи температури. Просечните температури се зголемени за два Целзиусови степени што поттикнува суши и бури, а следуваат и многу топлотни бранови кои ќе се појават во јули.   Тогаш, се очекува и минималната температурата на воздухот да го надмине просекот и да достигне околу 19 степени. […]

Делови од Кисела Вода и Илинден утре без струја


 Дел од корисниците од улицата „Саса“ во населбата Пинтија во општина Кисела Вода утре од 8:30 до 12:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија. Од 9:00 до 15:30 часот, без струја ќе бидат и корисниците од улицата „Христо Татарчев“, подулица број „13“ во истата општина, а од 9:00 до 15:00 часот корисниците од […]

Делови од Центар и Гази Баба утре без вода


Дел од корисниците улицата „Киро Крстевски Платник“ во општина Центар утре од 9:00 часот ќе останат без водоснабдување поради изведување приклучок на водоводна мрежа со пречник од 80 милиметри на улицата  „Киро Крстевски Платник“ број 6. Поради дефект на затворач на водоводна мрежа со пречник од 80 милиметри на улицата „36“ бр. 12 во село […]

МВР и ТАВ Македонија симулираа справување со заложничка криза


Симулациска вежба на заложничка криза се одржа денеска на Меѓународниот Аеродром Скопје на Припадници на специјалните сили на Министерството за внатрешни работи во соработка со аеродромските безбедносни служби на ТАВ Македонија, која има за цел тестирање на капацитетите на институциите на национално ниво како и економскиот оператор ТАВ за справување со вакви ситуaции и оценка […]

Само Америка гласаше против Меѓународниот ден на надежта


САД станаа единствената земја во светот која гласаше против резолуцијата на Обединетите нации за прогласување Меѓународен ден на надежта. Иницијативата ја поддржаа 180 земји, а две беа воздржани. Оваа необична одлука, која предизвика дебата во јавноста, ги истакнува продлабочените поделби меѓу американската надворешна политика под администрацијата на Доналд Трамп и глобалниот мултилатерализам. Резолуцијата, усвоена од […]

Пукање пред Белата куќа во САД


Вашингтон – Американската тајна служба застрела вооружен маж од Индијана, кој се наоѓаше на еден блок од Белата куќа, рано утринава, откако локалните полициски власти ја известија агенцијата за „човек со самоубиствена намера“, соопшти агенцијата. „Агентите на тајната служба беа вклучени во пукање по вооружена средба со лице од интерес веднаш по полноќ на 9 […]

Владата да го објави Договорот со „Ѓока“, скандалот со паркингот мора да биде расчистен


Изјавите на Таравари и на Мицкоски отвораат сериозни сомнежи дека матни дилови се кријат зад обидот да се шитне паркингот на Клинички центар, алармираат од СДСМ.  „По бурните реакции на јавноста власта е фатена во тесно, па се обидува да го заташка скандалот. Суштинско прашање е дали уште во самото објавување на Огласот од страна […]

Трагична сообраќајна несреќа во Охрид, загина 26-годишник


На 08.03.2025 година во 13.45 часот во СВР Охрид било пријавено дека на регионалниот пат од Св.Наум кон Охрид, кај населбата „Рача“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу моторцикл „Кавасаки“ со охридски регистарски ознаки, управуван од Ј.Ц.(26) од Охрид и патничко возило „Мазда“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.Н.(76) од село Враништа, струшко. Во несреќата […]

Франција ќе ја користи каматата од замрзнатите руски средства за вооружување на Украина


Париз – Франција ќе ја искористи каматата од замрзнатите руски средства за да го финансира купувањето оружје за Украина во вредност од 195 милиони евра, изјави денеска францускиот министер за одбрана Себастијан Лекорни во интервју за економскиот неделник „Трибјун“. Тој рече дека Франција, исто така, планира да предаде на украинската армија некои од своите постари […]

Алкараз: Не размислувам за број 1 иако Синер не игра


Индијанополис – Јаник Синер поради суспензија нема да игра до почетокот на мај, Александар Зверев е веќе елиминиран, Новак Ѓоковиќ повеќе не е во Индијан Велс – се чини дека сите фигури се вклопуваат за Карлос Алкараз да направи чекор кон враќање на врвот на светската ранг листа со триумф во калифорниската пустина.  Секако, тоа […]

Утре штрајк на вработените на аеродромите во Германија, аеродромот во Хамбург веќе е затворен


Берлин – Аеродромот во Хамбург денеска е затворен поради штрајк, а вработените на речиси сите аеродроми, вклучувајќи ги и главните центри на Германија во Франкфурт, Минхен и Берлин, утре ќе прекинат со работа на повик на синдикатот Верди. Синдикатот Верди претходно ги повика персоналот на земја, ракувачите со багаж и персоналот за обезбедување на аеродромите […]