Во процесот на дигитализација на царината Македонија е пред земјите од Западен Балкан, вели професорката Кикеркова


Македонија е предводник меѓу балканските земји, па еден дел од проблемите во царинската соработка потекнува од тоа што нивото на дигитализација на царинското работење во Македонија е повисоко од она на земјите од Западен Балкан, па има проблем во поврзувањето со нив. Ова го истакна проф. д-р Ирена Кикеркова од Економскиот факултет при УКИМ Скопје […]

Почнува пријавувањето за ракометниот камп „40х20“


 По успешно реализирани три изданија на ракометниот камп „40х20“, во Охрид, организаторот на кампот, агенцијата КМГ Спорт, ги стартува подготовките за четвртото издание на еден од најквалитетните ракометни настани во регионот. Пријавувањето ќе почне денес од 12 часот. Кампот ќе се одржи од 6 до 11 јули во Охрид. Горан Ѓоргоноски, основач и координатор на […]

Обраќањето за Рацин, Шопов, Конески… на Весна Мојсова-Чепишевска во Солун објавено на грчки портал


Обраќањето на проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, македонска книжевна теоретичарка, критичарка и редовна професорка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, којшто беше одржан на конференцијата организирана на 14.12.2024 година од страна на Катедрата за балкански, слависти и ориентални студии на Универзитетот во Македонија во Солун, Грција, во соработка со Катедрата за филологија „Блаже Конески“ […]

Ќе се обновува директната авиолинија Скопје – Прага?


Генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт денеска во Прага, пред најистакнатите чешки туристички агенции и туроператори ги презентираше туристичкиот потенцијал на Македонија и улогата на македонските аеродроми во туристичката индустрија, но ја отвори и темата за повторно воспоставување на авиолинијата Скопје – Прага. На работилницата „Туристичкиот потенцијал на Македонија“ што се одржа утринава Курт […]

Девет амбасадори ќе се враќаат дома: Сиљановска ги потпиша указите


  И формално заврши процедурата за отповикување на девет амбасадори кои беа именувани од претходниот претседател. За осуммина од нив МНР ја почна процедурата за нивно отповикување затоа што не поминаа низ Комисијата за надворешни работи на Собранието каде што треба да бидат на сослушување. Тогашниот претседател на Комисијата, Антонио Милошоскисо месеци не го ставаше […]

Седмиот конкурс за наградата „Пегаз“ е отворен и трае до 1 јуни 2025 година


Седмиот конкурс за наградата „Пегаз“, организирана од издавачката куќа „Арс Ламина“ во соработка со Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ е отворен и трае до 1 јуни 2025 година. Добитникот на наградата ќе биде прогласен на 2 септември 2025 година. За наградата „Пегаз“ можат да конкурираат необјавени романи (ракописи) за возрасни, […]

Ова е најдобрата земја за преселба


Новиот имиграциски индекс Ремитли оцени 82 различни земји, а за 2025 година, Исланд беше прогласен за најдобра земја за имиграција врз основа на 24 фактори кои тие ги анализираа. На врвот на листата како најдобра земја во светот за преселување во 2025 година е Исланд – остров во северноатлантскиот Океан кој освои 58,4 поени во […]

Белгија следната година ќе воведе електронски лични карти


Почнувајќи од следната година, граѓаните и жителите на Белгија ќе можат да бараат да им се издаде електронска лична карта, јавија локалните медиуми, повикувајќи се на министерот за внатрешни работи, Бернард Квентин. Планирано е електронските картички да имаат иста важност како и пластичните. Издавањето електронска копија ќе биде бесплатно и незадолжително. Новите картички ќе бидат […]

Ангеловска-Бежоска: Финансиската вклученост на жените клучен фактор за економски напредок


 Во 2021 година разликата во поседувањето платежни сметки меѓу мажите и жените на светско ниво се намалила на 6 процентни поени, но сè уште има поголема веројатност дека жените ќе располагаат со неактивни сметки и ќе имаат помал пристап до финансиски услуги. Слична е состојбата и во земјава. Иако е забележано подобрување, родовиот јаз во […]

Пратеник пуштил антируски говор на Орбан од пред 18 години, го казниле со 17.500 евра


  Јавноста во Унгарија не треба да се потсетува дека премиерот Виктор Орбан порано беше жесток бранител на западната демократија и голем критичар на Русија. Претседателот на унгарскиот парламент Ласло Ковер го казни независниот пратеник Акош Хадази со седум милиони форинти (17.560 евра) затоа што го попречил парламентарниот говор на Виктор Орбан на 24 февруари. […]

Левица: Одлуката за паркингот кај Клинички центар не е во интерес на граѓаните


Додека македонските граѓани се борат со ниски плати, високи животни трошоци и проблеми во здравствениот систем, Владата решава да ја предаде контролата врз витално важен јавен простор на приватен инвеститор од Албанија, реагираат од Левица на најавата за давање на парктингот кај Клиничкиот центар на странска компанија место со него да стопанисува како досега Градски […]

СДСМ бара Мицкоски и Таравари да ја отфрлат штетната понуда на Ѓока констракшн


Не е јасно кој повеќе лаже – дали Мицкоски или Таравари  во однос на случајот со паркингот на Клиничкиот центар, коментира СДСМ по контрадикторните изјави од министерот и од премиерот .  -Изјавите на Таравари и Мицкоски за давањето на паркингот на Клинички на стопанисување на „Ѓока Констракшн“, со што 99% од добивката ќе оди кај […]

Севернокорејски хакери украле 1,5 милијарди долари криптовалути, успеале да искешираат 300 милиони долари


Хакерите за кои се верува дека работат за севернокорејскиот режим успешно заработија најмалку 300 милиони долари од нивниот рекорден грабеж на криптовалути, кој се проценува дека вреди 1,5 милијарди долари. Сајбер-криминалците, познати како „Групација Лазарус’“ пред две недели извршија хакерски напад на крипто берзата ByBit и украдоа огромна количина дигитални токени. Оттогаш, тоа е „игра […]

Канадаска пивара продава пакување од 1.461 лименка – за да се „преживее мандатот на Трамп“


Канадска пиварница им нуди на Канаѓаните „претседателско пакување“ пиво за оние кои сакаат да го преживеат целиот претседателски мандат на американскиот претседател Доналд Трамп со едно пиво дневно, јави Си-Ен-Ен. Јужниот сосед на Канада се заканува со царини, анексија, па најстарата канадска пиварница заклучи дека на Канаѓаните можеби ќе им треба пиво дневно за да […]

Вежбањето во овој период од денот е најдобро за слабеење и согорување на маснотии


Кога вежбате, постојат многу варијабли кои можат да влијаат на вашето патување за слабеење – тип на вежбање, внес на калории и возраст. Друг значаен фактор може да биде времето што го избирате за вежбање, и додека истражувањата поттикнуваат утрински тренинзи, една студија препорачува помеѓу 7 и 9 часот наутро. Имено, придобивките што ќе ги […]

Државата ќе набави околу 3.000 тони оризова арпа за стоковите резерви


Министерот за земјоделство Цветан трипуновски најави дека наскоро ќе биде набавена оризова арпа за потребите на стоковите резерви. „Стоиме на зборот дека ќе се набави оризова арпа за стокови резерви. Веќе Агенцијата за стокови резерви ги има направено сите подготовки и измена на Правилници“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во гостување […]

H&M, ова лето, отвора продавница во Тетово


Глобалниот моден бренд „H&M“, познат по тоа што нуди мода и квалитет по најдобра цена на одржлив начин, потврдува дека ќе отвори продавница во Тетово, ова лето. Долгоочекуваната продавница ќе биде отворена во популарната шопинг дестинација – трговскиот центар „Палма мол“ Тетово. Продавницата H&M во Тетово ќе претстави широк избор на најнови трендови, безвременски класици […]

Вообичаениот начин на одмрзнување на месото е всушност – најлошиот


Одмрзнувањето на месото е вообичаена активност во кујната, а ако тоа го правиме навечер следниот ден – веројатно само ќе го префрлиме месото во фрижидер. Овој метод е најдобар, додека најлош начин за одмрзнување е да го оставите месото на собна температура. Кога месото е на собна температура, неговата површина преминува во температурна зона која […]

ЦУК: За викендот 60 пожари на отворено -пожарникарите со полни раце работа и во зима


Со зголемените температури изминативе неколку дена, забележан е и зголемен број на противпожарни интервенции. Само за време на изминатиот викенд беа евидентирани 60 пожари на отворен простор, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК). До полноќ, девет биле сѐ уште активни. Два се во општина Прилеп. Првиот активен пожар е на територија на […]