Во Хрватска за следната недела најавен бојкот на банките и телекомуникациите


Хрватската потрошувачка платформа „Ало, инспекторе“ денеска соопшти дека бојкотот на пекарниците во Хрватска е голем успех и најави дека тој ќе продолжи и следната недела, овојпат на банките и телекомуникациските компании бидејќи ги зголемиле цените на нивните услуги. Од платформата наведуваат дека потрошувачите изразиле незадоволство од поскапувањето на банкарските услуги и на телекомуникациските оператори. Тие […]

Пристигна првиот чартер лет на „Фрибрд ерлајнс“ со 180 германски туристи во Скопје


Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, министерот за култура и туризам Зоран Љутков, менаџментот на ТАВ и директорот на германскиот тур-оператор на RSD Reisen Хорст Живковиц, денеска на Меѓународниот аеродром Скопје го пречекаа првиот чартер-лет на авиокомпанијата „Фрибрд ерлајнс“, кој ја донесе првата група од 180 германски туристи. Со ова се одбележа почетокот на […]

Почна протестот за Фросина – „Валкани пари – смртни последици“ (во живо)


Стотици граѓани денеска во Скопје тргнаа на протестен марш поради убиството на младата Фросина Кулакова, на улицата „Партизанска“, каде поминувала на пешачки, а возач под дејство на алкохол со голема брзина помина на црвено и ја усмрти. Под мотото „Ние сме гласот на Фросина“ и „Валкани пари – смртни последици“ граѓаните бараат одговорност за смртносоното […]

Пожар пеплоса стан во Тафталиџе – потребна е помош за самохраниот татко со двајца тинејџери


Пожар избувна доцна синоќа во „Тафталиџе 2“, каде целосно изгоре стан. Брзо било интервенирано од Противпожарната бригада, а жртви и повредени – нема. Станува збор за стан на улицата „Бриселска“. За сериозноста на пожарот говори и чадот кој вчеравечер се гледаше од сите страни на Скопје.   „Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски заедно со членови […]

Медведев испрати саркастична порака за суспензијата на Синер


Рускиот тенисер Даниил Медведев испрати саркастична порака во врска со суспензијата на Јаник Синер поради допинг. Италијанецот е суспендиран на три месеци поради два позитивни допинг теста. -Се надевам дека отсега сите ќе можат да разговараат со ВАДА и ако кажат: „Го најдовме ова за тебе, ќе биде двегодишна (суспензија)“, ќе речеш: „Не, суспендирај ме […]

Кремљ се огласи за преговорите


Кремљ дополнително го коментираше телефонскиот разговор меѓу актуелниот американски претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин претходно оваа недела, што предизвика серија дипломатски активности поврзани со војната во Украина. Во неделата, официјалниот портпарол на рускиот претседател рече дека поканата значи дека Русија и САД сега ќе разговараат за мир, а не за војна. „Ова […]

Зеленски го отфрли договорот за минерали со САД


Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека им наредил на своите министри да не потпишуваат договор со кој на САД ќе им се овозможи пристап до вредните и ретки минерали на Украина, објаснувајќи дека документот е премногу фокусиран на интересите на САД. „За мене е многу важна врската помеѓу некакви безбедносни гаранции и некаква инвестиција“, рече […]

Оли е победник на Сан Ремо – со оваа песна ќе настапи на Евровизија


Победник на 75-тиот фетивал на италијанската канцона „Сан Ремо“ е пејачот Федерико Оливиери, (чие уметничко име е Оли ) со песната „Глупава носталгија“ со која тој ќе настапи како претставник на Италија на годинешниот избор за Песна на Евровизија. Годинава во текот на петте вечери, настапија 29 изведувачи, вклучувајќи ги и петмината најдобри изведувачи од […]

(Видео) Етна повторно еруптира


Етна, највисокиот и најактивниот вулкан во Европа, во моментов повторно еруптира, што ги загрижува патниците кои планираат да ја посетат Сицилија. #Etna on the evening of 12 February 2025. Lava flow emission from a fissure at 3000 m elevation and explosive activity at the Southeast Crater pic.twitter.com/c3WFpL4gf9 — Boris Behncke (@etnaboris) February 13, 2025 Последната […]

Училиштата на четири грчки острови, поради земјотресите, ќе останат затворени и следнава седмица


 Поради сеизмичка активност во морскиот дел меѓу Санторини и Аморгос, училиштата на Санторини, Иос, Аморгос и Анафи ќе останат затворени следнава седмица, информираше грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во неговата неделна објава на Фејсбук, јави дописничката на МИА од Атина. Училиштата се затворени од почетокот на месецов откако се интензивираше сеизмичката активност, а новата одлука е […]

Тепачка на паркинг во Аеродром, уапсените на возраст од 19 до 27 години


Полицијата синоќа во 3:50 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, ги привеле К.Н.(24), С.Х.(21), Г.З.(27) и А.П.(19), сите од Скопје, по претходна пријава дека околу 3:30 часот на паркинг простор пред угостителски објект, го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка со уште три лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, […]

Рубио и Нетанјаху: Иран е единствениот најголем извор на нестабилност во регионот


Американскиот државен секретар Марк Рубио по разговорите со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека се согласиле дека Иран е „единствениот најголем извор на нестабилност во регионот“. „Иран стои зад секоја терористичка група, секој чин на насилство и секоја дестабилизирачка активност. Зад сè што ги загрозува мирот и стабилноста на милиони луѓе кои овој регион го […]

УХМР: Студен бран со врнежи од снег


Повремен дожд, а на планините слаб снег ќе има утре уште од утрото, особено на север и на исток од државава, најавува Управата за хидрометеоролошки работи.  Преку денот ќе биде променливо облачно со повремени врнежи, на планините и на некои повисоки места од снег, а во пониските од дожд, кои повремено ќе преминуваат во снег. […]

Макрон утре ќе биде домаќин на состанокот на европските лидери за ситуацијата во Украина


Францускиот претседател Емануел Макрон утре ќе биде домаќин на состанок на европските лидери на кој ќе се разговара за ситуацијата во Украина, потврди министерот за надворешни работи Жан-Ноел Баро, цитиран од светските агенции. Како што е наведено, состанокот ќе се одржи неколку дена откако американскиот специјален пратеник за Украина Кит Келог „ја потресе Европа со […]

Вечерва се одржуваат наградите БАФТА: Филмот „Конклава“ е главен фаворит


Церемонијата на доделување на филмските награди Бафта ќе се одржи вечерва во лондонската кралска фестивалска сала, а ќе опфати 25 натпреварувачки категории за кои одлучуваат членовите на БАФТА. Се очекува трилерот „Конклава“ да освои најмногу награди во повеќе категории, а некои од неговите конкуренти ги вклучуваат „Бруталист“, „Анора“, „A Complete Unknown“ и „Емилија Перез“. До […]

Поплави во САД – едно лице загина, предупредени 128 милиони луѓе


Најмалку едно лице загина кога поплави погодија неколку сојузни држави во јужниот дел на САД, а беа издадени предупредувања за над 128 милиони луѓе, објавија денеска американските медиуми. Најтешко биле погодени делови од Кентаки, Арканзас, Тенеси и Вирџинија, каде паднал силен дожд, пишува New York Post. Националната метеоролошка служба предупреди дека се очекуваат големи поплави […]

СДСМ ќе предложи седум мерки за брз ефект врз стандардорт на граѓаните


Откако Владата  ја донесе одлуката за ограничување на маржите на основните прехранбени производи,  СДСМ како опозиција ќе предложи закон, во кој ќе се содржат седум економски мерки, што треба да го подигне стандардот на граѓаните.   На денешната прес-конференција, Каја Шукова, потпретседател на СДСМ ја изнесе сеопфатната економска стратегија – сет на 7 мерки преточени […]

Во Кавадарци утре родители ќе дискутираат за врсничко насилство на работилница на „Макпетрол“


Родителите од Кавадарци, како и тие од Демир Капија, утре (17 февруари) ќе имаат можност да разговараат за проблемот со врсничкото насилство. Работилницата, организирана од „Макпетрол“, ќе се одржи со почеток од 18 часот во Домот на култура „Иван Мазов-Климе“ во Кавадарци. Активноста е дел од „Стоп за булинг“, општествено одговорната кампања на македонската компанија. […]

Ова е Сириецот кој го запре напаѓачот во Вилаш: „Не размислував ни секунда, не сме исти“


Сириец (23) е уапсен откако вчера по случаен избор со нож избодел петмина минувачи во Вилах, град во јужна Австрија, но во неговото крваво дивеење бил спречен од друг Сириец. Напаѓачот бил запрен од 42-годишниот Алаедин Алхалаби, Сириец кој со години работел како доставувач на храна во Австрија. Тој без размислување се упатил со своето […]