Малолетник од Косово со „ауди“ прегази тинејџери во Скопје


На 15.02.2025 во 22.00 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на крстосницата од ул.„Дринска“ и ул.„Галичица“ во Скопје патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 17- годишен малолетник од Косово, удрило во пешаците С.И.(18) и 17-годишна малолетничка, двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил С.И., додека малолетничката се […]

Измиени улиците во населбите Пролет и Маџир Маало


Општина Центар информира дека вчера се спроведе акција за чистење и миење на улиците во населбите Пролет и Маџир маало, како дел од големата кампања „Центар не чека, Центар чисти“. Градоначалникот Горан Герасимовски, потенцира дека оваа кампања има за цел да ја подобри чистотата на јавните површини во Центар, да ја зголеми еколошката свест и […]

Партиите од ВЛЕН може да соединат во една партија


До локалните избори сигурно нема да има спојување на Влен, а по нив може да се случи евентуално спојување на сите четири партии во една партија, вели за РСЕ лидерот на Алијанса за Албанците и министер за здравство Арбен Таравари. Тој најави жалба до Апелација по одлуката на тетовскиот суд за тоа кој е претседател […]

Претепале полициски началник во дискотека во Кавадарци, определен притвор за две лица


Основното јавно обвинителство Кавадарци повело постапка против две лица за кривично дело напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста согласно член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Јавно обвинителство на Република Северна Македонија денеска соопшти дека двајцата соизвршители осомничени за ова кривично дело, на 15 февруари во раните […]

Во пресрет на летната сезона Албанија има потреба од над две илјади туристички работници


Секое второ слободно работно место во Албанија денес е во туристичкиот сектор. Во пресрет на шпицот на летната туристичка сезона, баровите, рестораните и хотелите во земјава страдаат од недостиг од келнери, шанкери, готвачи, хигиеничари, но и од возачи, туристички водичи и менаџери. -Во пресрет на масовната летна сезона има над  2.000 слободни места. Главно се […]

Експерти препорачуваат воведување четиридневна работна недела, бизнисот вели не сме подготвени


Поделени се ставовите околу воведувањето четиридневна работна недела во земјава. Бизнисот смета дека не сме подготвени поради се уште ниското ниво на продуктивност, а синдикатите остануваат на барањето да се скрати бројот на работни часови. Според психологот Мирјана Јовановска Стојановска, четиридневна недела ќе биде удар врз економијата, особено во посиромашните, недоволно развиени земји, но треба […]

Пожарникар е повреден при гасење пожар во магацин во Неготино, Тетовско


Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека ноќеска избил пожар во магацин за производство на полиестер во селото Неготино, Општина Врапчиште. Пожарот е локализиран утрово во 5:30 часот.   Во гасење на пожарот интервенирале девет гостиварски пожарникари со три противпожарни возила. На испомош биле испратени уште четворица пожарникари со едно противпожарно возило од тетовската […]

Секое второ семејство во Берово селективно одложува отпад преку Вендинг машините


Берово е лидер во рециклирањето меѓу општините каде секое второ семејство селективно одложува отпад преку Вендинг машините. Според податоците обезбедени од „Пакомак“, компанија чија дејност е управување со отпадот од пакување, Општина Берово котира највисоко меѓу општините според процентот на граѓани кои ја инсталирале апликацијата ЕкоМак, преку која се користат придобивките од машините и се […]

Одложена е исплатата од Планот за раст на ЕУ за земјите од Западен Балкан


  Првите исплати од Европскиот план за раст нема да бидат извршени во првиот дел од оваа година. Според објаснувањето на прес-службата на Европската комисија (ЕК), плаќањата нема да се вршат пред средината на оваа година, јави РСЕ. „Европската комисија сега ги финализира процедуралните чекори, што треба да овозможат ослободување на предфинансирањето што е можно […]

Американската бура во македонскиот песок


Само пред два месеци тоа изгледаше како бомба чии шрапнели уште долго ќе летаат низ македонската политика. Артан Груби, тој најдоверлив аѓутант на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, беше ставен на црната листа на Америка поради корупција. Во одлуката беше наведено дека назначувањето на листата било поради тоа што тој и апелацискиот судија Енвер Беџети […]

Тајлер Хиро победи во натпреварот за шутирање три поени на НБА Ол-стар викендот


 На Ол-Стар викендот во Сан Франциско сите очи беа вперени во Демијан Лилард, откако се очекуваше рутински да триумфира во натпреварувањето за шутирање три поени, но првотимецот на Милвоки Бакс ги разочара сите негови фанови и не успеа ниту да го помине првото коло. Тајлер Хиро од Мајами Хит го искористи ваквиот развој на настаните […]

Само еден патник имало во возот од Скопје за Куманово – директорот демантира со видео


Катастрофална заинтересираност на граѓаните за обновената железничка линија помеѓу Скопје и Куманово. Првичните податоци покажуваат дека интересот на граѓаните е очаен пишува Денар.мк. Попладневниот воз што вчера тргнал од Скопје во 16:30 часот, според информациите од железничките работници, имал само еден патник. Иако оваа железничка линија се смета за економично возење помеѓу двата града со цена […]

Стотици бели Јужноафриканци протестираат и го поддржуваат Трамп, тврдејќи дека се жртви на расизам


Голем број бели Јужноафриканци вчера јавно му изразија поддршка на американскиот претседател Доналд Трамп со собирање пред амбасадата на Соединетите Американски Држави во Преторија. Тие тврдат дека се жртви на расизам од страна на јужноафриканската влада. Се собраа неколку стотици луѓе кои носеа транспаренти на кои, меѓу другото, пишуваше „Фала му на Бога за претседателот […]

Планинските превои во магла – возете внимателно


Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози.  ЈП Македонијапат вечерва соопшти дека поради појава на магла, намалена видливост од 100 до 120 метри има во Крушево, од 20 до 30 метри во Маврово, од 50 до 60 метри на планинскиот превој Стража и од 30 до 40 метри на […]

Пристигнува првиот чартер лет на „Freebird Airlines“ на Меѓународниот аеродорм Скопје


Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска ќе присуствува на пристигнувањето на првиот чартер лет на авиокомпанијата „Freebird Airlines“ од Германија, на Меѓународниот аеродорм Скопје. Како што најавија од ТАВ Македонија, на настанот  ќе присуствуваат и ќе се обратат и Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија, Хорст Жифковиц, главен извршен […]

Самитот на БРИКС ќе се одржи во Рио де Жанеиро на 6 и 7 јули


Бразилската влада   соопшти дека овогодинешниот самит на БРИКС ќе се одржи во бразилската метропола Рио де Жанеиро на 6 и 7 јули. Оваа година Бразил е ротирачки претседавач на групата водечки економии во развој  – Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканската Република. Блокот се прошири, се приклучија Иран, Египет, Етиопија, Обединетите Арапски Емирати и Индонезија, […]

Најмалку 18 загинати во стампедо на железничка станица во Њу Делхи


 Најмалку 18 лица, од кои 10 жени и три деца, загинаа, а 10 се повредени во стампедо на железничка станица во Њу Делхи, јавија денеска индиските медиуми. Повикувајќи се на официјални лица, индиската телевизија NDTV објави дека инцидентот се случил вчера околу 20:00 часот по локално време, на два перона каде што патниците чекале да […]

Протестен марш „Кој е следен“


Со почетна локација пред Универзалната сала во Скопје денеска во 16:30 часот, граѓанската иницијатива „Кој е следен” организира протестен марш „Не само како поединци, туку како заедница“.  – Потребни сме му на нашиот град и на нашето општество заедно, како колектив што бара одговорност, неселективна правда и безбедност за секој граѓанин! Системот што треба да […]

ЕУ анализи: Разговорите Трамп-Путин за мирот во Украина нов Минхен ’38 или реконструкција на светскиот поредок


 Телефонскиот разговор меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и шефот на Кремљ, Владимир Путин предизвика стравувања во ЕУ и НАТО на Европа да бидат целосно настрана во мировните преговори во Украина, па дури и стравувања од реконструкција на меѓународниот поредок и „нов Минхен 1938“, предупредуваат аналитичари и медиуми во ЕУ. Официјални претставници на ЕУ, како што […]

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне повремен локален дожд


Претпладне денеска по одделни котлини ќе има услови за појава на магла, а преку денот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.  Кон крајот на денот ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне […]