„Предаден“: Ова е насловната страница на утрешното издание на „Шпигел“


На насловната страница на утрешното издание на „Шпигел“ (Der Spiegel) ќе има фотографија од украинскиот претседател Володимир Зеленски со пораката: „Предаден. Прво Зеленски, наскоро ние? Радикално дистанцирање на САД од сојузниците“. Уредниците се одлучија за оваа насловна бидејќи Украина се наоѓа во исклучително тежок дипломатски период, откако американскиот претседател Доналд Трамп стави крај на политичката […]

Русија ќе се откаже од 300 милијарди долари замрзнати средства за да стигне до мир во Украина


  Русија би можела да се согласи да се користат 300 милијарди долари од нејзините финансиски средства замрзнати во Европа за реконструкција во Украина, но ќе инсистира дел од парите да се потрошат на една петтина од земјата што ја контролираат московските сили, изјавија три извори за Ројтерс. Русија и САД ги одржаа своите први […]

Родители во Велика Британија поднесоа тужба против ТикТок поради податоци за починати деца


Четворица британски родители поднесоа тужба против платформата ТикТок во САД поради тврдењата дека мрежата ги избришала податоците на нивните деца, за кои тврдат дека починале во „сомнителни околности“. Родителите поднесоа тужба тврдејќи дека четири деца починале во 2022 година како резултат на обидот за „предизвикот за онесвестување“, вирален тренд со гушење што кружеше на социјалните […]

Зошто од јавноста се кријат средбите на мешовитата македонска бугарска историска комисија


Стана  пракса јавноста да се информира за исходот од средбите на мешовитата македонска бугарска комисија само преку соопштенија. И денеска македонскиот тим преку штуро соопштение ги информира граѓаните дека тема на 34. средба на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија, што вчера и денеска се одржала во […]

Хакирана е втората најголема криптоменувачница во светот. Украдени околу 1,4 милијарди долари


Хакирана е криптоменувачницата Bybit. Ова го потврди извршниот директор Бен Џоу во објава на социјалната мрежа X. Coindesk пишува дека хакерите успеале да извлечат околу 1,4 милијарди долари криптовалута ethereum од резервите на Bybit. Хакерскиот напад предизвика пад на цените на криптовалутите на пазарот, при што биткоинот падна на околу 97.000 долари, додека Ethereum забележа пад од […]

Нов дефект остави друг дел од Тетово без струја после 16 часот


 Од околу 16 часот без снабдување со електрична енергија е нов дел од Тетово на потегот од Дом на АРМ кон пазарот и касарната. Претходно од 9 до 14 часот прекинот беше во централното градско подрачје. -Поради дефект на 20 киловолтен кабел на извод на трафостаницата „Тетово 1” околу 3.800 корисници се соочуваат со прекин […]

Македонија со пораз од Естонија остана без пласман на Европското кошаркарско првенство


 Македонската машка кошаркарска репрезентација ги загуби шансите за пласман на Евробаскетот 2025, откако вечерва претрпе пораз на гостински терен во Талија од Естонија со 84-65. Македонија лошо го отвори натпреварот, но по негативата од пет поени во првата четвртина, влезе во ритам предводена од Ти Џеј Шортс и Ненад Димитријевиќ и на полувреме замина со […]

Австриските ОВП и СПО почнаа коалициски разговори со либералната партија Неос


 Австриската конзервативна Народна партија (ОВП) и Социјалдемократите (СПО) денеска соопштија дека ги прошириле преговорите за формирање коалициска влада во која ќе биде вклучена и малата либерална партија Неос со цел да се постигне солидно мнозинство во парламентот. Претставници на партиите рекоа дека разговорите напредуваат брзо и оти би можело да се постигне договор следната недела, […]

Експерт на Блумберг ја поткопа приказната на Трамп: Украина нема такви резерви на ретки метали


  Свесен дека новата американска администрација не е толку пријателска кон неа како претходната, Киев се обиде да обезбеди континуирана американска воена и финансиска помош нудејќи му на Вашингтон право да ги експлоатира минералните ресурси на Украина. Доналд Трамп ја искористи понудата со инстинкти на роден бизнисмен и набрзо почна да зборува за тоа како […]

Институциите ја чуваат новата „Бушава азбука“ во фиока речиси 10 години


„На Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, се потсетуваме на значењето на зачувувањето на македонскиот јазик, кој пред 80 години беше официјално кодифициран. „Бушава азбука“, како едно од најзначајните културни и образовни дела, сè уште не е доволно препознаена од институциите како национален проект, иако веќе 40 години игра клучна улога во негувањето и ширењето на […]

Келог: Долги и позитивни разговори со Зеленски, „борбен и храбар лидер“


Специјалниот претставник на САД за Украина и Русија, Кит Келог денеска изјави дека имал „долги и позитивни разговори“ со украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на неговата тридневна посета на Украина. „Долг и интензивен ден со лидерите на Украина. „Долги и позитивни разговори со Володимир Зеленски“, напиша Келог на својот профил на Икс. Тој ја […]

МОН ги објави конкурсите за стипендии за студирање на најдобрите светски универзитети


Министерството за образование и наука (МОН) неделава ги објави конкурсите за стипендии за студирање на најдобрите светски универзитети според Шангајската листа, за академската 2025-2026 година. Станува збор за финансиска поддршка за граѓаните на Македонија што ќе се запишат на додипломски, постдипломски или докторски студии на некој од најдобрите универзитети во светот.  Мерката се спроведува веќе […]

Украинските војници не сметаат дека наскоро ќе има крај на војната


Овонеделните мировни преговори меѓу Русија и СAД за ставање крај на тригодишната војна во Украина не ги импресионираа украинските војници на првите борбени линии кои не гледаат дека наскоро ќе има крај на борбите доколку Киев биде изоставен од разговорите. Со автоматска пушка во рака, припадник на пешадијата со кодно име „Рагбијаш“ се потсети на […]

Бројот на заболени од шуга пораснал за 46 отсто за една година


Минатата календарска година, Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) евидентирал 493 лица кои заболеле од шуга во државата, а оваа бројка во 2023 била 337 лица, што е покачување за безмалку половина случаи, информираат во ИЈЗ во нивното последно соопштение. Освен тоа, во јануари годинава, регистрирани се 28 случаи, од кои 16 се во Скопје. И […]

Уапсен тинејџер осомничен дека планирал напад врз амбасадата на Израел во Берлин


Германските власти вчера уапсиле 18-годишно момче осомничено дека планирало политички мотивиран напад врз израелската Амбасада во Берлин, изјавија денеска безбедносни извори за ДПА. Според информациите на ДПА, безбедносните власти претпоставуваат дека зад нападот стои исламистички мотив. Осомничениот е руски државјанин и тој бил уапсен вчера во областа Даме-Шпревалд во покраината Бранденбург, соопшти полицијата во Потсдам, […]

Нацистички поздрав на Стив Бенон на конференцијата каде е Мицкоски. Французинот Бардела го откажа говорот


  Лидерот на француската екстремно десничарска партија Национален собир, Жордан Бардела, го откажа својот говор на Конференцијата на конзервативната политичка акција на САД, откако поранешниот близок советник на Трамп, Стив Банон, упати нацистички поздрав на крајот од неговиот говор синоќа, јавуваат француските медиуми. Бардела рече дека ја донел одлуката како одговор на „гестот кој алудира […]

Дел од општина Карпош утре без вода


Поради промена на затворач со пречник од 50 милиметри на улицата „Радика“ број 1, утре од 8:00 часот вода без вода ќе останат корисниците од оваа улица во општина Карпош. Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, прекинот во водоснабдувањето ќе трае се додека екипите на ЈП Водовод и канализација […]

Хрватска во шок по смртта на Маја Тедески, истакната архитектка и сопруга на милионерот Емил Тедески


Загреб– Хрватска е таѓна по смртта на истакнатата архитектка Маја Тедески (61), сопруга на милионерот Емил Тедески, сопственик и основач на Атлантик групата, еден од најбогатите во регионот,  пренесе Јутарњи лист. Зад себе остави две деца и значајни архитектонски достигнувања. Маја Тедески беше препознаена по нејзината креативност и иновативен пристап кон архитектурата и остави трајно […]

Грција се подготвува за голем 24-часовен штрајк на 28 февруари


Грција се подготвува за масовен 24-часовен штрајк, закажан за 28 февруари, на втората годишнина од трагичната железничка несреќа кај Темпи, во која загинаа 57 претежно млади луѓе. Штрајкот што го организираат трите најголеми синдикални организации во земјата ќе влијае на повеќе сектори, вклучувајќи го јавниот превоз, такси-услугите и поморскиот транспорт. Се очекува прекин во движењето […]

Европа треба годишно да инвестира околу 250 милијарди евра во одбраната за да ја осигура безбедноста без поддршка од САД


Европа треба годишно да инвестира околу 250 милијарди евра во одбраната за да може да ја осигура својата безбедност без поддршка од САД, сума што Европската унија би можела да ја обезбеди, со оглед на нејзината економска сила, се вели во денеска објавена студија. Во студијата на Истражувачкиот институт Бругел и германскиот Институт за светска […]