21 февруари во историјата – Објавен е „Комунистичкиот манифест“


  Карл Маркс и Фридрих Енгелс го објавија „Комунистичкиот манифест“ на 21 февруари 1848 година, како програмски документ на Сојузот на комунистите, првата меѓународна работничка организација. Овој манифест стана едно од највлијателните политички дела во модерната историја, поставувајќи ги темелите на идеологијата на комунизмот и инспирирајќи бројни општествени движења и револуции. Средината на 19. век […]

Пак се одложуваат новите правила за влез во земјите на ЕУ


Се одложува воведувањето на системот ETIAS (European Travel Information and Authorization System) за издавање патна дозвола за државјаните на 50 земји, меѓу кои се и БиХ, Србија, Косово, Црна Гора и Македонија, кои не треба да имаат виза за влез во земјите на Шенген. „На состанокот на Советот за внатрешни работи во октомври минатата година, […]

Полицаец со службениот пиштол случајно се застрелал во раката


Вчера во 13.48 часот во СВР Скопје било пријавено дека полициски службеник случајно испукал еден куршум од службениот пиштол и се повредил на раката. Инцидентот се случил веднаш по завршување на боево гаѓање на стрелиште во касарна Ѓорче Петров, „Тој бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ за укажување помош. За настанот бил известен […]

Зелен хуман град: Сиљановска стави потпис за неповратно уништување на земјоделското земјиште


И покрај јавните апели и покрај силните реакции од јавноста, вклучително и од земјоделците, претседателката Гордана Сиљановска-Давковоа ги потпиша измени на Законот за урбанистичко планирање, реагираат од Зелен хуман град (ЗХГ). Според еко-активистите, нејзиниот потпис произведе неповратно уништување на плодно земјоделско земјиште заради изградба на фотонапонски централи и ветерници. Исто така, со потписот се одобруваваат […]

Честитка од министерката Јаневска по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик


Меѓународниот ден на мајчиниот јазик е потсетник дека секој има обврска да се грижи за зачувување и развој на основното идентитетско обележје на својот народ и комуникациско средство без кое не е можно пренесување на традицијата, културата и вредностите кон секоја следна генерација,  истакнува министерката за образование и наука Весна Јаневска. Во објава на фејсбук […]

Ниту сум потпишала, ниту има некаков договор за вработувања по етничка припадност, вели министерката за финансии


Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска ги отфрли како неточни информациите дека наводно имало некаков договор за вработување 2 000 – 3 000 Албанци во јавната адинистрација.  -Не знам кој што изјавил. Знаете како оди издавањето согласности за вработување. Секоја согласност се издава врз основа на годишен план за вработување донесен претходната година. Годишните планови […]

Љутков: Пет кандидати за директор на Филхармонија, ќе биде избран оној кој ги исполнува сите услови


Изборот за директор на Филхармонија ќе биде спроведен законски, уверува министерот за култура Зоран Љутков, по денешната средба со Синдикалната организација на вработените во Филхармонија.  Како што информира Љутков, формирана е комисија која треба да достави извештај за пристигнатите кандидатури. Има пет кандидати за директор и директор ќе биде оној којшто ги исполнува сите услови […]

Доведен ли е во прашање проектот „Скопје, Европска престолнина на културата 2028“


  Кристина Депо, која до крајот на минатата година беше раководител на проектот „Скопје, Европска престолнина на културата 2028“, на 20 декември 2024 година му испратила писмо на премиерот Христијан Мицкоски во врска со статусот на реализацијата на активностите поврзани со тоа. Во писмото, кое е заверено дека е примено во Канцеларијата на претседателот на […]

Рокас ја пофали Струмица дека е еден од најдобрите примери за искористување на фондовите на ЕУ


 Вие сте еден од најдобрите примери за искористување на фондовите на ЕУ затоа што на тој начин се прави разлика во самото живење на вашите граѓани. Дали таа разлика се прави во подобрување на животната средина преку напорите коишто се прават за изградба на велосипедски патеки, дали е тоа употребата на електричните автобуси или во […]

Сестрата на Мицкоски се вработила на Универзитетот во Штип, братучедот на Меџити станал директор на МЕПСО


Пратеничката на Левица, Јована Мојсоска објави дека Владата наместо за граѓаните, носи работни места само за блиските роднини на функционерите. Објави за вработувањата на роднините и членови на потесните семејства на дел од функционерите.   „Мислам дека оваа Влада и тоа како треба да се пофали за своите проекти за намалување на невработеноста. Некои политички […]

„Дом во тишина“ е своевидно враќање дома на Никола Маџиров, во својот јазик 


„Речиси сè во врска со Никола Маџиров е поезија. Така тој се однесува и кон пишувањето есеи. За него, пишувањето есеи е само една нова форма на пишување поезија.“ Поетична е секоја средба со него, секој разговор… а во тој ритам беше и промоцијата на првата есеистичка книга на еден од најпознатите и најпреведувани македонски […]

Химната треба да остане иста, за грбот не е време, вели Сиљановска


  Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се вклучи денеска во наметнатата дебата околу промената на грбот на државата, велејќи дека сега не е време за такви расправи. Таа смета дека химната нема потреба да се менува. Сиљановска стравува дека дебатата за грбот може да предизвика нови конфикти. „Точно е дека тој има симболи кои укажуваат повеќе на […]

Филипче единствен кандидат за лидер на СДСМ


Претседателот Венко Филипче е единствен кандидат за претседател на СДСМ на редовните внатрепартиски избори кои ќе се одржат на 16 март, утврди Централната изборна комисија. Комисијата одржа седница за разгледување на поднесените кандидатури за претседател на СДСМ и утврдување на листа кандидати за редовните внатрепартиски избори.   „Врз основа на Статутот на СДСМ како и […]

Димитриеска-Кочоска: Ако има „картелско“ здружување на маркетите цените и во „КАМ“ и во „Веро“ ќе беа тука некаде


Ако постои „картелско“ здружување на маркетите, цените и во „КАМ“ и во „Веро“ ќе беа тука некаде, но и сами знаеме дека не е така. Секој има можност и опција да пазари каде сака, рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Таа информира дека во вторникот Владата водела долга диксуија околу мерките за цените на […]

Вработените во Филхармонија со протест му порачаа на Љутков да го почитува законот при изборот на директор


Вработените во Македонската филхармонија денес одржаа протест пред Министерството за култура.  Преку овој протест упатија јавен апел до Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков да ги почитува законските одредби при изборот на директор на нашата институција. „Нема да дозволиме нашата институција да биде жртва на бесрамни политички договори. Бараме Министерството за култура и туризам […]

Научно објаснување: Зошто жените чувствуваат студ побрзо од мажите?


Она што е удобна температура за некои – е премногу студено или претопло за други луѓе. Така, човековата перцепција за топлина варира, а тука и полот, но и возраста имаат важна улога. Жените, имено, го чувствуваат студот побрзо од мажите, потврдува Ралф Брандес, професор по Физиологија на Универзитетот „Гете“ во Франкфурт, Германија, и член на […]

Форум „Електробус“ на Машински факултет: Електричните автобуси се клучни за подобрување на квалитетот на воздухот


Иднината на одржливиот транспорт и подобрување на квалитетот на воздухот преку воведувањето на електричните возила во јавниот транспорт се темата на форумот „Електробус“, кој се одржа денес на Машинскиот факултет. Настанот е организиран во соработка со партнерите на факултетот „Stark Energy“ и унгарската компанија Икарус, која пред присутните ги претстави техничките карактеристики на електричниот автобус […]

Кисела Вода ќе аплицира со 15 инфраструктурни проекти за унгарските пари – и партерот на салата „Расадник“ меѓу нив


Кисела Вода денес поднесе 6 од предвидените 15 проекти со кои аплицира на вториот владин повик за финансирање на инфраструктурни проекти. „Целосно е подготвена и доставена документацијата за шест проекти, додека останатите девет се во фаза на подготовка и ќе бидат доставени до крајниот рок. Реализацијата на овие проекти е од исклучително значење, бидејќи се […]

Ова е „најсреќниот остров на светот“: Нуди 300 сончеви денови годишно и богата туристичка содржина


Иако многу острови во Карипското Море имаат многу сончеви денови во поголемиот дел од годината, островот Аруба е познат како „еден од најсреќните во светот“. Имено, во овој дел од светот, сезоната на урагани е често проблематична, но тоа не е случај во Аруба. Овој остров е познат како еден од најпосетуваните со своите нереални […]

Битиќи: Имаме поголеми цени на исти производи од Германија, значи некој профитира на грбот на народот


Кога власта би го спровела законот за нефер трговски практики, целосно како што е предвиден тоа ќе донесе регулирање на пазарот и нема да има ваков феномен кој ни се случува. Замислете, во ниво на ниска инфлација да имате зголемување на цени кој се десет пати повисоки од инфлацијата. Ова е феномен. Па не може […]