Евробарометар: Мнозинството македонски граѓани имаат доверба во ЕУ


Мнозинството граѓани на Северна Македонија или 56 отсто имаат доверба во Европската Унија, покажуваат резултатите од есенското истражување на Евробарометар за 2024 година. Исто ниво на доверба кон ЕУ како македонските државјани, изразуваат и граѓаните на Босна и Херцеговина. Меѓу останатите земји кандидати за членство, довербата кон ЕУ е најголема во Албанија со 81 отсто, […]

МВР: Уапсен малолетникот што ја откорна таблата од Конзулатот на Република Србија во Куманово


 Полициски службеници од СВР Куманово лишија од слобода 17-годишен малолетник од Куманово, постапувајќи по добиена пријава на 29.11.2024 во 09.05 часот дека е откорната табла од канцеларијата на Конзулатот на Република Србија во Република Северна Македонија, лоциран во Куманово, соопшти МВР. Како што се наведува во соопштението од МВР, веднаш по добиената пријава, во координација […]

Димитров: За 14 % е намален бројот на вработени во текстилниот сектор, најголем пад во изминатите 15 години


Во текстилниот сектор за 14 отсто е намален бројот на работници во текот на оваа година, покажуваат анализите на Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи. Тој посочува дека во изминатите 15 години ова е најголемиот пад на вработени во овој сектор. Причината е што кризата во Германија се рефлектира врз работата на македонските текстилни компании, […]

ОЈО: Поведена истрага против македонски државјанин за убиство во Ханиоти


Основното јавно обвинителство Скопје информира дека повела истрага против 33-годишник, македонски државјанин за убиство во Ханиоти. -Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело кое во македонскиот Кривичен законик е предвидено како – Убиство од член 123 став 2 точка 3 во врска со став 1 и […]

Советот за безбедност на Косово ги активира војската и полицијата за обезбедување на објекти и служби


Советот за безбедност на Косово (СБК) рано утрово одржа вонредна седница, по синоќешната експлозија во која беше оштетен водоводниот канал Ибар-Лепенец, од каде со вода од Ујманското Езеро се снабдуваат повеќе градови во државата, како и Енергетската корпорација на Косово за ладење на нејзините термоелектрани, јави дописникот на МИА од Приштина. Во соопштението објавено од […]

Нотр Дам заслепува со внатрешноста – миси ќе се одржуваат во речиси театарски амбиент


Катедралата Нотр Дам, иконата на Париз, повторно се отвора на 8 декември, откако беше зафатена од пламен во 2019 година, со миси, церемонијални настани и други свечености. Свеченото отворање ќе се емитува на меѓународно ниво, по што ќе следат голем број миси, концерти и други настани. Тоа е повод кој се очекува повеќе од пет […]

Островската држава во Атлантикот би можела да стане нова членка на ЕУ. Денеска е клучен ден


Гласачите во Исланд денеска излегуваат на предвремени парламентарни избори, по кои земјата повторно би можела да одлучи за членство во Европската унија, што со години предизвикува големи поделби во јавноста. Прашањето за можно членство во ЕУ беше поставено во предизборната кампања за прв пат по повеќе од десет години, а анкетите покажуваат дека гласачите ги […]

Кутри: Експлозијата во каналот Ибар-Лепенец е терористички напад од Србија


 Косовскиот премиер Албин Курти ги нарече терористички акти од страна на Србија експлозиите што се случија во последните неколку дена во општините на северот на Косово, вклучително синоќешната во каналот Ибар-Лепенец во селото Варага во Зубин Поток, јави дописникот на МИА од Приштина. На вонредна прес-конференција доцна синоќа по експлозијата во каналот Ибар-Лепенец, Курти рече […]

Ким: Русија има право на самоодбрана


Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, на вчерашната средба со рускиот министер за одбрана Андреј Белоусов во Пјонгјанг, истакна дека Русија има право на самоодбрана. Според Ким, Украина поради САД и западните земји „ја нападна руската територија со нивно оружје со долг дострел“ па затоа Русија мора нешто да преземе за „непријателските сили да ја платат цената“. […]

Во експлозијата оштетен каналот што ја снабдува Косовска Митровица со вода – 200.000 луѓе останаа без вода


  На езерото Газиводе, поради експлозија, уништен е каналот што се користи за ладење на термоцентралата кај селото Вараге, со закана дека термоцентралата ќе престане да работи. Во Зубин Поток прекинато е снабдувањето со вода за пиење поради оштетување на каналот Ибар-Лепенац поради експлозијата. Локалните медиуми јавуваат дека големо количество вода излегува од каналот и […]

Облачно и постудено време со повремени врнежи од дожд и снег


Времето ќе биде облачно и постудено со повремени врнежи, кои во западните и јужните делови ќе бидат поројни и обилни (над 50 л/м2). На планините врнежите ќе бидат од снег од 40 до 50 см, на повисоките места од 10 до 30 см, а во некои пониски места од дожд и снег и ќе се […]

Инфлацијата во еврозоната се искачи на 2,3 отсто. Тоа нема да ја спречи ЕЦБ да ги намали каматите


Инфлацијата во 20-те земји кои користат евро валута се зголеми во ноември – но тоа веројатно нема да ја спречи Европската централна банка да ги намали каматните стапки бидејќи изгледите за нови американски тарифи од администрацијата на Трамп го зголемуваат мракот поради слабиот раст. Хармонизираниот индекс на потрошувачките цени на Европската унија се зголеми за […]

Заврши амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2025 година


 Собраниската Комисија за финансирање и буџет вечерва го заврши претресот на амандманите по Предлог-буџетот за 2025 година.  По амандманската расправа, како Дополнет предлог-буџет документот се враќа во Владата на финално одобрување по што, согласно законските рокови, треба да биде изгласан во Собранието до крајот на оваа година. Се очекува седницата за носење на Буџетот за […]

Град Скопје до Славески: Заклучок гласан без кворум не може да се смета за донесен


Стручните служби на администрацијата на Град Скопје и градоначалничката Данела Арсовска со допис до претседателот на Советот Трајко Славески, го информираат дека „заклучок гласан без кворум, со присуство на само 19 советници во салата на Советот, не може да се смета за донесен“ и, како што велат „нема да учествуваат во изготвување на незаконски акти […]

Алкалоид со убедлива победа против Вест Виена


Ракометарите на Алкалоид забележаа победа во првиот меч против Вест Виена со 38-27 (20-14) во дуел од шеснаестинафиналето на Европскиот куп на ЕХФ. Освен на почетокот, кога гостите поведоа со 2-0, натпреварот беше во знакот на ракометарите на Кирил Лазаров, кои на полувремето заминаа со плус шест гола, а до крајот стигнаа и до двоцифрена […]

Рајфајзен банка ја продаде својата подружница во Белорусија


Австриската банкарска групација Рајфајзен денеска соопшти дека ја продаде својата подружница во Белорусија на операторот Совен 1 Холдинг од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), додека и понатаму е критикувана поради нејзините активности во Русија. – Тоа е важен чекор во нашата посветеност да ја намалиме нашата изложеност во Источна Европа, велат од банката, која останува активна […]

Зеленски назначи нов командант на копнената војска


Претседателот Володимир Зеленски го назначи генералот Михајло Драпати за командант на копнените сили на Украина, кој до неодамна командуваше со 72-та механизирана бригада. Драпатиј ќе го замени генералот Олександр Павлиук како командант на копнените сили, кој на таа функција ја извршуваше од 11 февруари 2024 година, откако тогашниот командант на копнените сили, Олександр Сирскиј, беше […]

Славески ја обвини Арсовска и нејзината администрација за опструкции за решавање на проблемот со приватните превозници


Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески вели дека по налог на градоначалничката Данела Арсовска, администрацијата го опструира и отворено покажува дека се противи на решавање на проблемот со приватните превозници. „Иако како претседател на Советот замолив Секторот за поддршка на Совет, кој е дел од градската администрација, да го подготви заклучокот за потпис […]

Најголемиот електричен авион ќе полета следната година


Шведската воздухопловна компанија има намера следната година да го тестира најголемиот електричен авион во светот, кој ќе даде голем придонес за одржливиот воздушен сообраќај. Станува збор за компанијата Heart Aerospace која се подготвува да тестира прототип на електричен авион на меѓународниот аеродром во Питсбург. Пробниот лет на демонстративниот авион Heart Experimental 1, или Heart X1, […]

Момче (22) и девојка (21) се загинатите од Кичево кај Ботун


На  29.11.2024 година во 07:21 чaсот, во СВР Охрид е пријавено дека, на автопатот во изградба, кај девијацијата „Царо поле“, атар на селото Ботун, општина Дебрца, патнички автомобил „Ауди“ со кичевски регистарски ознаки, излетал од патот.   По преземени мерки, констатирано е дека, Ф.К.(22) возач на возилото  и сопатничката Е.С.(21), двајцата од Кичево, починале на […]