Поради магла намалена видливост на планинските премини Стража, Ѓавато, Плетвар и Пресека


Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, Маврово, на граничниот премин Деве Баир, Крушево, Кратово, Пробиштип и на планинските премини Стража, Ѓавато, Плетвар и Пресека, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.  Намалена видливост поради појава на магла од 30 – 40м. има на патниот правец Тетово – […]

Обвинителство бара притвор за три лица за предизвикување меѓунационална омраза за вчерашните инциденти со македонското знаме


 Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против три полнолетни лица за кривично дело – Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа од член 319 став 1 од Кривичниот законик, додека против уште едно малолетно лице ќе се води редовна постапка според Законот за правда за децата, информираат од Јавното […]

Кој најмногу придонесува во буџетот на ЕУ?


Оваа графика го прикажува придонесот на секоја земја-членка во буџетот на ЕУ за 2021 година, користејќи податоци од Европската комисија. Податоците покажуваат дека девет земји-членки дале повеќе отколку што добиле, а најголемите придонеси доаѓаат од Германија и Франција. Останатите 18 земји-членки беа корисници. Буџетот на ЕУ е дизајниран за финансирање на заеднички проекти кои се […]

Педесет и седумгодишен маж пронајден починат во својот дом во Кисела Вода


Педесет и седумгодшниот П.К, од Скопје синоќа е пронајден починат во неговиот дом во скопската населба Кисела Вода. Како што соопшти МВР, случајот бил пријавен синоќа, во 18.42 часот во СВР Скопје дека во неговиот дом на подрачјето на Кисела Вода бил пронајден е починат П.К.(57). Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, на местото […]

Викендов облачно и постудено со врнежи од дожд и снег


Времето во земјава утре ќе биде претежно облачно и постудено со повремени врнежи, кои во западните и јужните делови ќе бидат поројни и обилни (над 50 л/м2). На планините врнежите ќе бидат од снег од 40 до 50 см, на повисоките места од 10 до 30 см, а во некои пониски места од дожд и […]

Што се случува во Сирија – владините сили го губат најголемиот град Алеп


  Бунтовниците го пробија вториот по големина сириски град Алеп, откако во петокот разнесоа два автомобила бомби и се судрија со владините сили на западниот раб на градот, според сирискиот воен мониторинг и борците. Тоа беше првпат градот да биде нападнат од опозициските сили од 2016 година, кога тие беа протерани од источните населби на […]

29 ноември во историјата – ОН гласаа за поделба на Палестина


  И покрај силното арапско противење, Обединетите нации на 29 ноември 1947 гласаа за поделба на Палестина и создавање независна еврејска држава. Современиот конфликт меѓу Евреите и Арапите во Палестина датира од 1910-тите, кога и двете групи полагаа право на територијата под британска контрола. Евреите беа ционисти, неодамнешни емигранти од Европа и Русија кои дојдоа […]

Под товарот на Бојан Христовски може да потклекне Христијан Мицкоски


  Необјасниво е зошто со толку енергија, напор, партиска логистика, пропагандна машинерија, се користи премиерот Христијан Мицкоски да го заштити својот избор за директор на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски. Под неговиот товар тој веќе почнува да потклекнува, како што се виде вчера на пратеничките прашања кога излезен на говорницата, дифузен, скролајќи преку телефонот, […]

Славески: Добро бе луѓе, брои ли некој? Што сте сите како здрвени? – неизвесен приватниот превоз во Скопје


  На денешната вонредна седница на Советот на Град Скопје, претседателот на Советот Трајко Славески, сам ги изброја гласовите на советниците кои гласаа по заклучокот што сам од почетокот на седницата го предложи, при што заклучи дека е донесен со мнозинство гласови од присутните, а колку беа  – не кажа.  Кога заклучокот го стави на […]

Премиерот не верува дека некој во ЕУ може да гарантира оти ќе нема нови блокади


  Оптимизмот на премиерот Христијан Мицкоски за пронаоѓање излез од ќор-сокакаот околу уставните измени и отворањето на преговорите со ЕУ по првите кластери како да исчезна некаде по самитите во Берлин и Будимпешта. „Нема што повеќе од ова да правиме. Ние како Влада повеќе од ова не можеме да направиме, ниту ќе направиме. Тоа е […]

Есенска магија на ракотворби во „Рамстор мол“


Со радост ја споделуваме успешната реализација на настанот „Есенска магија на ракотворби“, кој се одржа во Рамстор Мол  во соработка со Занаетчиска Комора на РСМ . Настанот ја слави креативноста, умешноста и трудот на локалните ракотворци, создавајќи вистинска есенска магија исполнета со уникатни дела.   Во рамките на овој настан, беше организирано и добротворно поклонување […]

Германските либерали подготвувале заговор да ја урнат владата на Шолц


  Германската фискално-конзервативна Слободна демократска партија (ФДП) е потресена по откритијата дека нејзините членови прецизно го планирале распаѓањето на сега паднатата трипартиска коалиција, чиј дел беа и тие. Откривањето на презентацијата на осум страници, насловена како „Сценарија и мерки на денот Д“ го натера генералниот секретар на ФДП, Биџан Ѓир-Сараи, кој беше одговорен за стратегијата […]

Кривична за поранешен директор на ЈЗУ Здравствен дом – Македонски Брод


СВР Битола – ОВР Македонски Брод  до Основното јавно обвинителство Кичево поднел кривична пријава против С.Ж.(51) од Македонски Брод поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“,  казниво по член 353 став 3  во врска со став 1 од Кривичниот законик. Во периодот од почетокот на 2019 година […]

Казни во висина од 2,2 милиони евра за грчки компании поради лажни попусти


 Преку специјалната дигитална алатка за откривање лажни попусти што ја користат ревизорските служби на Министерството за развој на Грција, биле откриени 14 компании кои во изминатите седмици се обиделе со лажни попусти да ги доведат во заблуда потрошувачите, а за пет од нив се изречени казни од вкупно 2,2 милиони евра, јави дописничката на МИА […]

Комисијата за финансирање и буџет денеска разгледа над 30 амандмани


На денешното продолжение од амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2025 година не беа прифатени над 20 амандмани поднесени од СДСМ, три амандмани од ДУИ и два од Левица. Пратениците од СДСМ повлекоа осум амандмани.  Амандманите што се разгледуваа денеска во најголем дел се однесуваа на изградби на водоводни и фекални канализации во населени места, изградба […]

Генерален штрајк во Италија заради владиниот буџет


 Генералниот штрајк во Италија денеска доведе до откажување на летови, прекин на јавниот превоз, затворање на некои училишта и ограничувања на здравствените услуги во знак на протест против буџетските планови на владата. Најголемиот синдикат CGIL се противи на намалување на социјалните бенефиции, јавните услуги и инвестициите, а синдикатот UIL бара инвестиции во безбедноста на работниците […]

Алкалоид вечерва против Вест Виена, Лазаров бара поддршка од трибините


Актуелниот македонски ракометен вицешампион Алкалоид вечерва во Скопје ќе го одигра првиот од двата дуели на домашен терен против австриски Вест Виена во рамки на третото коло од ЕХФ Европскиот Куп. Вечерашниот натпревар е закажан со почеток во 19 часот во салата „Автокоманда“, а реваншот е во истиот термин в сабота. Тренерот на Алкалоид, Кирил […]

Граѓаните се загрижени по инцидентот со знамето и пукањето од „калашников“, велат од СДСМ


  Генералниот секретар на СДСМ, Александар Димитриевиќ, во изјава за „Слободен печат“, најостро ги осуди вчерашните инциденти предизвикани од одредени поединци, кои со своите постапки ги нарушија државните симболи. „Граѓаните се со право вознемирени, денеска на скопските улици и на улиците низ цела држава граѓаните не се чувствуваат безбедно, затоа што ако тие што треба да нѐ […]

Студентскиот дом „Пелагонија“ со ново раководство ќе се доведе во ред


Студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје има ново раководство и ќе биде доведен во ред, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска.  На прес-конференција во Битола, таа рече дека проблемот во овој студентски дом е многу сериозен. -Ние домот го затекнавме со долг од 34 милиони денари.  Во овој момент правиме обиди на вработените да […]

Масер Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ


Општинскиот фудбалски сојуз на Свети Николе на вонредно собрание одржано синоќа ја поддржа кандидатурата на Масар Омерагиќ за претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Кандидатурата на 55 – годишниот Омерагиќ беше едногласно поддржана со 16 гласови на состанокот во Свети Николе. Омерагиќ засега е единствен кандидат за наследник на Муамед Сејдини, кој на 17 […]