Good Nature ја збогатува својата палета со три нови чаја, еве кои се


Ново од Good Nature, конвенционални чаеви во Билна Аптека!   Ѝ тоа, шумско овошје, нане со сладок анасон и камилица со рузмарин.   Изберете една од трите нови чајни мешавини на Good Nature и вкусете го најдоброто од природата.   Нането е добро за стомакот, а во комбинација со сладок анасон го поддржува варењето на […]

Во Албанија во полициска акција приведени високи полициски функционери, судии и новинари


По налог на Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, во голема полициска акција против криминални групи албанската полиција уапси високи полициски службеници, поранешни судии, адвокат, како и двајца новинари. Акцијата била спроведена во соработка со Европол и други албански и европски агенции за спроведување на законот, а бидејќи истата е во тек, од СПАК […]

Љутков посетата на јапонскиот комесар за култура ја оцени како историска


Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска во Владата оствари билатерална средба со комесарот за културни врски на Јапонија, Шуничи Токура, кој е во дводневна работна посета на нашата држава. По средбата, Љутков и Токура потпишаа Меморандум за соработка во областа на културата, кој е прв билатерален документ во оваа сфера меѓу двете држави. Во изјавата за медиумите, министерот […]

Димитриеска-Кочоска учествува на Глобалниот форум за транспарентост и размена на информации за даночни цели при ОЕЦД


  Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска учествува на Пленарен состанок на Глобалниот форум за транспарентност и размена на информации за даночни цели што се одржува од денеска до 29 ноември во Парагвај, а кој е посветен на глобалната имплементација на меѓународните стандарди за даночна транспарентност и напредок на земјите, како и на предизвиците со кои […]

Историската величина на Мицковиот кредит


Од скопското село Булачани стаса историската вест за најповолниот кредит досега за стопанството на Македонија. Премиерот Христијан Мицкоски соопшти уште една негова голема политичка победа: „Ќе имаме инвестициски бран од 300 милиони евра со историски најниска камата. Добивме потврда за тоа од неколку банки, очекувам најголем дел од банките да застанат зад овој проект, односно […]

Примопредавање на шест нови еколошки автобуси за ЈСП Скопје (во живо)


Примопредавање на шест нови еколошки автобуси на компримиран природен гас коишто се донација за возниот парк на ЈСП од Европската Униуја преку проектот „ЕУ за чист воздух“.   Овие автобуси се обезбедени преку проектот EU4Clean Air вреден 10 милиони евра, кој треба да придонесе за намалување на загадувањето на воздухот во Скопје, Битола, Куманово и […]

Месецот на Пучини во НОБ ќе се затвори со операта „Турандот“


Месецот на Пучини во Националната опера и балет ќе се затвори со операта „Турандот“ од Џакомо Пучини на 29 ноември во 20 часот. Спектакуларната продукција на епската бајка на еден од најславните и најбарани оперски режисери на денешницата, Џанкарло дел Монако, ќе се изведе на сцената на МОБ под диригентската палка на гостинот од Италија, […]

Раде Штекли вработува лично обезбедување, плата 3.000 евра


Раде Трајковски Штекли на својот Инстаграм профил објави оглас за вработување на лично обезбедување. Штекли бара четири лица, кои треба да поседуваат воено или полициско искуство, платата е 3000 евра. Досега имаше три неуспешни обиди за ликвидирање на Штекли. Два пати беше пукан во трговскиот центар Ист Гејт, додека последниот пат бомба беше фрлена во […]

Министерот Весиќ, кој даде оставка по несреќата во Нови Сад, пренесен во болница


Поранешниот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура на Србија, Горан Весиќ, утрово со возило на брза помош од притворот во Нови Сад бил пренесен во болницата во Сремска Каменица. Како што е познато од српските медиуми, поради ненадејното влошување на неговата здравствена состојба, по шестдневен штрајк со глад и одбивање на лекарска помош, управата на […]

Стојанче Ангелов од ЦУК избран за „Маж на годината“ за 2024


Дотераната елита од сите сфери на живеење, се собра, синоќа, во Националната опера и балет каде,  традиционално, 7-ми пат по ред, се одржа манифестацијата „Мажи на годината“. На гала вечерта исполнета со гламур, беа доделени признанија во повеќе категории за мажи кои  ја одбележија 2024, со својот ангажман и работа. Главната награда маж на годината, како […]

Пад на европските берзи, инвеститорите загрижени поради царините на Трамп


На европските берзи во вторник наутро цените на акциите паднаа бидејќи инвеститорите се загрижени од најавата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп дека ќе ги зголеми царините за увоз на производи од неколку земји. Индексот STOXX 600 на водечките европски акции беше намален за 0,6 отсто во 9:30 часот. Истовремено, лондонскиот FTSE индекс ослабе за […]

Тарифите на Трамп ќе ги зголемат цените на сѐ во САД – од гасот, преку зеленчукот до автомобилите


  ЊУЈОРК – Новоизбраниот претседател Доналд Трамп во понеделникот се закани дека ќе воведе огромни нови царини за Мексико, Канада и Кина веднаш штом ќе ја преземе функцијата, како дел од неговите напори за сузбивање на илегалната имиграција и дрогата. Тој рече дека ќе воведе данок од 25 отсто за сите производи што влегуваат во […]

(Видео) Куче – робот им помага на англиските фармери да станат попрофитабилни


Кучињата роботи би можеле да им помогнат на фармерите побрзо да го проценат квалитетот на почвата, се надеваат научниците кои водат технолошки експеримент во Корнвол. Уредот, развиен од компанија од Корнвол, користи детектор за гама зраци за да го процени квалитетот на почвата. Фармерот Малколм Барет, кој изнајмува фарма непосредно надвор од Бодмин, работи со […]

Жените со јавни позиции во РСМ лесно се мета на говор на омраза


И покрај видливиот напредок во борбата за правата на жените, нивната поголема застапеност во политиката и поизразеното присуство на темите што ги засегаат жените, тенденциите за изразување презир и навреди кон жените продолжуваат да постојат. Конкретно, мета на овој напад се жените, кои поради својата професија се сè повеќе експонирани во јавноста, што најмногу се […]

Дојава за бомба во зградата на судот во Сараево, прекинати сите рочишта


Во зградата каде што се наоѓаат Кантоналниот суд во Сараево и Општинскиот суд Сараево, утрово е пријавено дека е поставена бомба. Според информациите, припадниците на Министерството за внатрешни работи на Сараевскиот кантон се на терен и вршат детален преглед, а во тек е евакуација на зградата. Поради дојавата за бомба, одложени се сите рочишта во […]

Поради магла и загаден воздух откажани летовите на аеродромот во Сараево


Поради лошите временски услови предизвикани од магла синоќа и утринава откажани се некои летови на меѓународниот аеродром во Сараево. Од меѓународниот аеродром во Сараево откажани се летовите кои пристигнуваат од Виена, Истанбул и Загреб, а со тоа и појдовните летови од Сараево. „Останатите летови засега се на распоред и очекуваме наскоро да се подобрат временските […]

Претставници од Германскиот археолошки институт во посета на Скопје


Шестмина специјалисти предводени од директорот на Германскиот археолошки институт, Лукас Вертер од вчера до четврток престојуваат во Скопје. Во рамки на нивниот престој, денеска тие ќе го посетат Скупи, а потоа, во текот на денот ќе биде потпишан и меморандум за соработка меѓу Германскиот археолошки институт и Музејот на Град Скопје. Како што брифираат за […]

Лидерот на СДСМ Венко Филипче на средба со претседателката Сиљановска-Давкова


Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче и претседателката на државата Гордана Сиљановска – Давкова денеска ќе одржат работна средба. Како што соопштија од СДСМ, средбата ќе биде во Кабинетот на претседателката во Вила Водно со почеток во 15 часот. По средбата, најавена е изјава за медиуми на лидерот на СДСМ. 

Во Хрватска голема акција на Управата за сузбивање корупција и организиран криинал


Управата за сузбивање корупција и организиран криминал во Хрватска – УСКОК- спроведува акција при што според загрепски медиуми – во тек се апсења во пет окрузи. Апсењата и спроведувањето на итни доказни дејствија се резултат на кривична истрага спроведена од Службата за кибер-безбедност при Управата за криминалистичка полиција и Сплитско-Далматинската полициска управа по налог на […]

Осветлени споменикот и бистите на 12 ваташки младинци во месноста Моклиште


Осветлени се споменикот и бистите на 12 ваташки младинци во месноста Моклиште кај кавадаречкото село Ваташа, информираат од кабинетот на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.   – Во рамките на проектот „Реконструкција и доградба на постоечката надземна мрежа за улично осветлување’’, одделението за улично осветлување при Општина Кавадарци постави ново улично осветлување на месноста викана […]