МОН ги повикува сите кои забележале грешки во учебниците од прво до трето одделение да пријават


Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието и Педагошката служба ги повикуваат сите наставници и целата стручна јавност да ги достават забележаните грешки во учебниците за основното образование од прво до трето одделение. Целта на повикот, кој МОН го објави на својата веб-страница, е подобрување на квалитетот на учебниците и исправка на технички и […]

Во туристичката населба Беровско Езеро се гради крак 4 од секундарата водоводна мрежа


– Во тек е изградба на четвртиот крак од секундарната водоводна мрежа во туристичка  населба Беровско Езеро. Градежните работи, како што соопшти денеска беровскиот градоначалник Звонко Пекевски, се во должина од околу 500 метри. Со зголемување на населбата и се поголемиот број на корисници, како што додаде тој зголемена е и потребата од вода, со […]

На Бојко Борисов му здодеа од Бугарија, не сака да биде премиер


  Бугарија сосем веројатно ќе оди на уште едни избори откако денеска Бојко Борисов, лидерот на ГЕРБ (партијата која на последното гласање освои најмногу пратеници) рече дека се откажува од плановите да биде премиер. И дополни дека веќе не сака да се „да се занимава со оваа скршена земја“. Борисов изјави дека ја повлекол канидатурата […]

Арсовска се откажа да оди на уште еден мандат во Скопје, многу ја блокирале


  Нецела година пред локалните избори, градоначалничка на Скопје Данела Арсовска изјави не размислува да се кандидира и по втор пат. Во изјава за медиумите таа рече дека повеќе не сака да работи со луѓе за кои рече знаат само да  саботираат и да блокираат. Според Арсовска, она што се случува во градот Скопје и […]

Меџити: Владата пак ќе даде нафта за ЈСП-Скопје доколку не успее тендерот


Владата ќе излезе во пресрет на потребите на ЈСП-Скопје доколку не успее тендерот за набавка на нафта, вели министерот за животна средина и просторно планирање Изет Меџити. -Целта на оваа Влада е децентрализација и тоа се покажува и со средствата што се издвоени – оваа година 100 милиони евра за општините, наредната 250 милиони евра, […]

Арсовска: Долгот кон ЈСП ќе биде 10 милиони евра – веќе не можеме да дискутираме за бесплатен јавен превоз


Долгот на централните власти кон Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје од јануари идната година ќе изнесува десет милиони евра и Советот треба да дискутира дали воопшто ќе има бесплатен превоз за сите, а не само за студентите од приватните универзитети, изјави денеска градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Превозот за студентите, вкучително и за оние […]

Промоција на последниот објавен превод на Драги Михајловски – „Големата црвена книга“ од Руми


Во Културно-информативниот центар во Скопје во четврток, 28 ноември, во 19,19, ќе се одржи промоција на последниот објавен книжевен препев на Драги Михајловски. Станува збор за најновото еднотомно издание на „Три“ од поезијата на Руми, „Големата црвена книга“. Како што соопштија од издавачката куќа, Џелаледин Мевљана Руми е еден од најголемите, најчитаните и најтолкуваните поети […]

Новиот Закон за употребата на македонскиот јазик сѐ уште не се применува


Десет месеци по донесувањето во Собранието, (26 јануари 2024), Законот за употребата на македонскиот јазик не се применува. Меѓу одредбите што тој ги содржи е формирање Инспекторат за надзор над примената на законот, но тој не профункционирал. Проф. д-р Искра Пановска-Димкова, раководителка на Катедрата за македонски јазик на Филолошкиот факултет на Скопскиот универзитет, денеска изјави […]

По 37 години брак, 61-годишна скопјанка го роди Петар


  Мајката, која 35 години се борела со стерилитет, имала десет ин витра и десет спонтани абортуси, денеска беше испратена од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје дома, со својата рожба Петар в раце. Таа, на 61-годишна возраст, е највозрасната родилка во Македонија. „Овие родители не потклекнале на неуспесите, не потклекнале на притисоците […]

Од холандските компании ниту шестка за бизнис климата во земјава


На скала од 1 до 10, холандските компании ја оцениле бизнис климата во државата со 5,7, што е за 6 отсто подобар резултат споредено со резултатите од последната анкета спроведена во 2022 година. Како клучни фактори кои би влијаеле во проширување на бизнисот во земјата биле наведени ниските оперативни трошоци, владината поддршка, растечката побарувачка за […]

Никол Кидман и Кит Урбан се враќаат во родната Австралија? 


Се чини дека секој втор ден познатите личности се преселуваат и го напуштаат Лос Анџелес од повеќе причини, вклучувајќи (но не ограничувајќи се на) одредени неодамнешни политички настани, победата на Трамп на претседателските избори, да бидат поблиску до семејството и подалеку од високи даноци. Ева Лонгорија, Ричард Гир и Елен Деџенерис и нејзината сопруга Портиа […]

Владата сака да гради дата центар за 40 милиони евра, иако веќе таков има во Прилеп


  Портпаролката на Владата, Марија Митева, денеска на прес-конференција најави дека во 2025 година е предвидена е изградба на современ примарен податочен дата центар во Скопје, каде сите органи на државната управа ќе ја колоцираат својата опрема. Таа немаше одговор на новинарско прашање што е со супермодерниот дата центар кој веќе функционира во Прилеп и […]

До петок стабилно, потоа облачно со повремени врнежи од дожд


До петок ќе се задржи стабилно и тивко време, по одделни котлини со појава на магла и пониски дневни температури, информираат од УХМР.  Од петок кон крајот на денот и за време на викендот под влијание на влажна и студена воздушна маса времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините […]

Стареењето некогаш се случува забрзано


Ново истражување на австралискиот Универзитет „Едит Кауан“ посочува научно објаснување дека стареењето не секогаш е постепен процес и во одредени периоди се случува „со залет“, т.е. забрзано. Некои од признаците за тоа се брчките, особено по 40-та година од животот. Испитувањата на професорот Мајкл Снајдер од Универзитетот Стенфорд открива дека човекот најмногу старее на возраст […]

Изјава на директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство (во живо)


Изјава на директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство, Ирена Алексиовска Папестиев ќе даде изјава за медиумите по повод раѓањето на бебе од највозрасната мајка во државата – 61 годишна проворотка.

Скопје доби шест еколошки автобуси, донација од Европската унија (Фото)


  Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) од Скопје денеска преку проектот „ЕУ за чист воздух“ доби шест нови еколошки автобуси на компримиран природен гас, донација од Европската унија.   „Оваа активност која денес ја спроведуваме е проект вреден 10 милиони евра којшто ќе придонесе за намалување на загадениот воздух, бидејќи тоа е еколошки проблем што го […]

Филмот “М“ на Вардан Тозија освои Гран при на фестивал во Шведска


Македонскиот филм “М“, во режија на Вардан Тозија, а во продукција на Фокус Покус, ја освои главната награда за најдобар филм на интернационалниот фестивал на жанровски филм Light Till Dark во Оребро, Шведска.      “Овој филм носи нова перспектива на еден познат жанр. Филм со силни актерски изведби и сензитивна режија. Тоа е прекрасен […]

Русија ја нападна Украина дури со 188 дронови


  Ноќта на 26 ноември, руските воени сили ја погодија Украина со 188 беспилотни летала и четири балистички проектили, јавуваат украинските воздухопловни сили. „Ноќта на 26 ноември окупаторите ја нападнаа Украина со балистички ракети ‘Искандер-М’ од регионите Воронеж и Курск. За одбивање на нападот беа употребени авијација, противвоздушни ракетни единици, системи за електронско војување и […]

Што ќе значи назначувањето на Бесент за светските финансиски пазари?


Финансиските пазари во понеделникот го поздравија изборот на новоизбраниот претседател Доналд Трамп за министер за финансии на САД, при што валутите ширум светот растат поради надежите дека менаџерот на хеџ фондовите Скот Бесент може да го ублажи осилото на поекстремните економски ставови на Трамп. Индексот на американскиот долар, кој ја мери зелената банкнота во однос […]