Есенската потрошувачка кошница ќе биде позната денеска, ќе се замрзнуваат цените или ќе се ограничат маржите


 До денеска, според најавите од Министерството за економија и труд, треба да биде готова есенската потрошувачка кошница со 100 производи. Работната група, во која членуваат претставници од министерствата за економија, финансии и земјоделство, врз основа на направена симулација треба да донесе предлог – одлука дали ќе има замрзнување на цените или ќе се ограничат маржите […]

Сиљановска Давкова во посета на Софија, прва средба со бугарскиот претседател Румен Радев


Претседателката на Северна Македонија Гордана Сиљановска Давкова денеска ќе биде во посета на Софија, каде ќе присуствува на операта „Набуко“ од Џуепе Верди, во изведба на Националната опера и балет. Во рамки на посетата, Сиљановска Давкова во Софија ќе оствари средба и со претседателот на Бугарија, Румен Радев. Во македонската делегација ќе биде министерот за […]

ПСЖ мора да му исплати 55 милиони евра на Мбапе, клубот одби и бара судење


Париз – Правната комисија на француската фудбалска лига му наложи на ПСЖ да му плати на Килијан Мбапе 55 милиони евра неисплатени плати, соопшти денеска лигата. Лигата ја донесе одлуката еден ден откако Мбапе ја одби понудата комисијата да посредува во спорот со неговиот поранешен клуб. Актуелниот француски првак, меѓутоа, ја оспори одлуката на раководството на […]

Облачно со локален пороен дожд и грмежи


Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа во западните и источните делови ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд (над 20 литри на метар квадратен), грмежи и силен ветер (над 70 километри на час). Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а […]

Инвеститорски ден на Берзата


Македонска берза денес ќе одржи Инвеститорски ден. Ќе се вкучат Централниот депозитар за хартии од вредност, сите десет членки на Берзата, а иницијативата доби поддршка и од Комисијата за хартии од вредност.  Одржувањето на Инвеститорскиот ден, што се одржува петти пат, значи дека на тој ден на тргување на Берзата сите домашни физички лица можат […]

Нови обвиненија против Вајнстин


Вашингтон– Обвинителството во Менхетен соопшти дека се подигнати нови кривични обвиненија против филмскиот продуцент Харви Вајнстин, обвинет за сексуални престапи, пред неговото повторно судење во Њујорк. Дополнителните обвиненија во моментов не се достапни за јавноста. Вајнстин заздравува по итна операција на срце извршена на 9 септември во болница во Менхетен и не беше на денешното […]

Астрономски календар


Денеска е петок 13 септември 2024 година, 257-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 109 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 12 минути, а ќе зајде во 18 часот и 46 минути. Денов трае 12 часа и 34 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина ќе изгрее во […]

Законот за заем од Унгарија сепак утре на седница


Во Собранието за утре е закажана седницата на Комисијата за финансирање и буџет, на чиј дневен ред е Предлог законот за задолжување со заем кај Унгарската експорт – импорт банка приватно друштво со ограничена одговорност по Договор за заем за буџетско финансирање и финансирање на општи цели, по скратена постапка. Седницата, како што е објавено […]

Двајца загинати во сообраќајната несреќа близу Гостивар


Две лица починале од повреди здобиени во сообраќајната несреќа што се случи вечерва на магистралниот пат Гостивар – Кичево. Од СВР Тетово информираат дека во тек е увид на местото на несреќата и сообраќајот се пренасочува по околните патни правци и локални патишта. – Во судар на патничко возило со гостиварски ознаки и камион со […]

Агелер: Мицкоски рече дека амбасадори се мешаат, се надевам не мислеше на мене!


Се разгледуваат голем број на случаи и повеќе имиња се под проверка, вели американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер во врска со црната листа на САД. – Има многу случаи кои се разгледуваат, тоа е секогаш така и како што ќе напредуваат тогаш нас ќе не информира Вашингтон. Можам да ве уверам дека тој процес […]

Трамп одлучи: Нема уште една дебата со Харис


  Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, во четвртокот објави дека нема да има трета претседателска дебата. „КАМАЛА ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВИ ВО ПОСЛЕДНИОТ ПЕРИОД ОД РЕЧИСИ ЧЕТИРИ ГОДИНИ. НЕМА ДА ИМА ТРЕТА ДЕБАТА!“ објави Трамп на неговата мрежа Truth Social. Трамп дебатираше за претседателот Џо Бајден во јуни и […]

Законот за бранителите не смее да помине, вели Иџет Меџити


  Првиот потпретседател на владата, Изет Меџити денеска преку статус на Фејсбук рече дека предлог-законот поднесен од Славјанка Петровска (СДСМ) не може, а и не смее да помине во Собранието. Изет Меџити објави дека законот за бранителите нема да помине. „Нашите пратеници се против дополнување на законот за бранителите, без закон за привилегии на припадниците […]

Два авиона за малку ќе се судреле над Скопје


На 7 септември, над Меѓународниот аеродром во Скопје љ два авиони се нашле на иста висина и за малку ќе се судриле. Едниот авион бил на летот ТК1358 на „Туркиш ерлајнс“, кој летал од Мадрид до Истанбул, додека другиот бил на летот за Лондон на „Санекспрес“ јави СДК.Воздухопловните власти, сега го испитуваат случајот. Нејасно е […]

Дефект на трафостаница остави 30 часа дел од Тетово без електрична енергија


Дел од Тетово во правец и во околината на основното училиште ,,Андреја Савески-Ќиќиш” над 30 часа беа снабдување со електрична  поради дефект на трафостаница. Струја во овие домаќинства снемало на пладне во средата, а снабдувањето продолжило од вечерва по 18 часот и 30 минути.   -Поради испад на среднонапонски блок, вчера без напон со електрична […]

Во Словенија падна првиот снег


Студениот бран стигна до северниот дел на Словенија, а во Вршич заврна првиот снег. Вршич е највисокиот патен премин во Словенија. Се наоѓа под истоимениот врв на надморска височина од 1611 метри. Снег падна и во близина на планинарскиот дом Кредарица.

ОЈО ГОКК отвори предмет за финансиски криминал, претреси на повеќе локации


 Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција оформи предмет поради основи на сомневања за сторени кривични дела од областа на финансискиот криминал, односно „даночно затајување“, „даночна измама“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“ на група субјекти. Како што информираат од ОЈО, предметот е оформен по доставено известување од страна […]

САД воведоа санкции за 16 сојузници на Мадуро поради попречување на претседателските избори


 Администрацијата на САД денеска воведе санкции против 16 сојузници на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, поради попречување на гласањето и кршењето на човековите права. Помеѓу санкционираните има и судии, шефови на безбедносните сили и обвинители. Американските санкции уследија неколку дена откако поранешниот дипломат и опозиционер Едмунд Гонзалез, кој тврдеше дела победил на претседателските избори на […]

Годинава изгореле 85.000 хектари, од кои се претпоставува дека близу 8.000 се шуми


Од почетокот на летово во земјава изгореле површини на повеќе од 85.000 хектари, покажуваат податоците кои ги објави Европскиот информативен систем за шумски пожари (EFFIS), компонента на службата за управување со вонредни ситуации Коперник. Голем дел од овие површини беа и шуми, како што беа случаите на планините Серта, Галичица, Мукос и други. Точната бројка […]

Тејлор Свифт го надмина рекордот на Бијонсе за најмногу соло победи на MTV VMA


Тејлор Свифт гo заврши доделувањето на видео музичките награди на MTV со рекорден број на победи – 30 статуетки луѓе од Месечината – синоќа во Њујорк. Свифт ја зголеми личната колекција, надминувајќи го претходниот рекорд од 26 победи како соло чин поставен од Бијонсе. Како дел од Destiny’s Child, и со Џеј Зи како Картерс, […]

Најмaсивниот бодибилдер на светот Јефимчик почина на 36 години


Белорусиецот познат како „најмасивниот  бодибилдер на светот“ кој јадеше седум оброци дневно, почина на 36-годишна возраст. Смртта на Илија „Голем“ Јефимчик минатата недела беше потврдена  од профилот на Инстаграм @whoisthebestbb.  Спортистот наводно доживеал срцев удар дома и паднал во кома, објави „Дејли Меил“, цитирајќи белоруски и руски медиуми. Неговата сопруга Ана наводно му правела компресија […]