Најмaсивниот бодибилдер на светот Јефимчик почина на 36 години


Белорусиецот познат како „најмасивниот  бодибилдер на светот“ кој јадеше седум оброци дневно, почина на 36-годишна возраст. Смртта на Илија „Голем“ Јефимчик минатата недела беше потврдена  од профилот на Инстаграм @whoisthebestbb.  Спортистот наводно доживеал срцев удар дома и паднал во кома, објави „Дејли Меил“, цитирајќи белоруски и руски медиуми.

Неговата сопруга Ана наводно му правела компресија на градниот кош додека ја чекале брзата помош.

„Секој ден го поминував покрај него, надевајќи се. Неговото срце повторно почна да чука два дена, но докторот ми ја кажа страшната вест дека мозокот му умрел“, изјавила ожалостената вдовица за локалните медиуми.

Познато е дека Јефимчик јадеше до 16.500 калории дневно. Јефимчик беше наречен „Мутант“ од светот на бодибилдингот поради неговата неверојатна фигура од 6 стапки и 340 килограми, објавија Muscle and Fitness. Дисциплинираниот спортист тврдеше дека јаде над пет килограми стек и повеќе од 100 парчиња суши дневно.