Додадете една состојка во кафето и вашиот мозок ќе работи подобро! Неврологот објаснува зошто


Ако сте тип на личност која не може да започне разговор пред да го испие утринското кафе и уживате во тој ритуал, можеби треба да додадете состојка во вашиот омилен пијалок што може да го подобри здравјето на вашиот мозок. Еве зошто кафето и циметот се совршен пар за утринско уживање и здравје на мозокот. […]

Мицотакис за планот за набавка на четврта фрегата: Грција станува сè посилна


Грција станува сѐ посилна, напиша на Фејсбук грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, за одлуката да набават уште една, четврта по ред фрегата Белара, што според него е „неопходна за заштита на земјата и приоритет за кој не се преговара“, јави дописничката на МИА од Атина. За време на вчерашната церемонија на бродоградилиштата на компанијата „Навал груп“ […]

ГЕРБ ќе бара ЕПП да ја исклучи ВМРО-ДПМНЕ од членство


  Европратениците на ГЕРБ ќе побараат постапка за исклучување на македонската ВМРО-ДПМНЕ, предводена од Христијан Мицкоски, од Европската народна партија (ЕПП). Ова за БНТ го изјави бугарскиот европратеник Андреј Ковачев. „Тие (ВМРО-ДПМНЕ) на секој начин докажуваат дека сакаат да бидат со Фидес на Орбан и се оддалечуваат од вредностите на ЕПП и европската демократија“, нагласи […]

Таткото на Вања и Палчо во иста судница – почна судењето за двојното убиство


Во Основниот кривичен суд Скопје денеска започнува судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски. Обвинетите за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски седнаа на обвинителна клупа. Денешното судење ќе се одржи, ќе се дадат воведни говори, но и обвинетите ќе се произнесат за вина. За првпат, во судница седна […]

Мажите родени во овие четири хороскопски знаци се отров за жените! Опасни и привлечни – ова е нивната тактика


Дали се движите низ бурните води на љубовта и врските? Астрологијата долго време е водич за разбирање на особините на личноста, тенденциите и потенцијалните исходи во различни аспекти на животот, вклучително и љубовта. Овој пат влегуваме во царството на астрологијата за да откриеме 4 хороскопски знаци кои сакаат да кршат срца. Скорпија Скорпиите се познати […]

Карлсен прогласен за најдобар велемајстор на векот


Будимпешта – Меѓународната шаховска федерација (ФИДЕ) го прогласи норвешкиот шахист Магнус Карлсен за најдобар велемајстор на векот. Триесет и тригодишниот Норвежанец е лидер на ранг-листата на Меѓународната шаховска федерација. Во 2013 година стана светски шампион во класичен шах и четири пати ја одбрани оваа титула.  За најдобра шахистка на векот е прогласена Јудит Полгар од […]

Најстудено на Шапка, најмногу дожд во Скопје


Утрово е најстудено на Попова Шапка, седум степени, а во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Скопје, 16 литри на метар квадратен.  Како што информира УХМР, до 08:30 часот се измерени 9 степени во Берово и Лазарополе, 10 во Маврови Анови и Крушево, 12 во Куманово, Крива Паланка и Охрид, 13 во Прилеп и […]

Кражби во ниви во Вардарски регион, се крадат грозје, садници, делови од системи за наводнување и од земјоделски машини


Се крадат грозје, садници, делови од системи за наводнување и од земјоделски машини, алати и други предмети од ниви и земјоделски имоти на територијата што ја покрива Секторот за внатрешни работи – Велес. Оваа информација ја потврди за МИА, Биљана Ѓаковска, портпарол во СВР – Велес. – Од почетокот на годината до 18 септември, во […]

Поранешен мексикански министер оди во доживотен затвор поради земање мито од картелите против кои требало да се бори


Џенаро Гарсија Луна, кој со години ја водеше борбата на Мексико против насилната трговија со дрога во таа земја, треба да го помине остатокот од својот живот во затвор откако примил мито за да ги заштити картелите со кои требаше да се бори, соопшти американското Министерство за правда. Гарсија Луна (56) се соочува со казна […]

Фон дер Лајен: ЕУ ќе ѝ додели на Украина 160 милиони евра за снабдување со струја


Европската комисија ќе и додели дополнителна поддршка на Украина вредна околу 160 милиони евра, што ќе и помогне земјата да покрие над 25 отсто од своите потреби за електрична енергија, најави претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, која рано изутринава допатува во посета на Киев.  Како што јави известувачот кој во име на Европската […]

Лајчак: Во изминатите две недели примарниот фокус беше на дијалогот меѓу Белград и Приштина


Специјалнито пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, наведе дека изминатите две недели биле „вртлог од дипломатски напори“ насочени кон напредок во нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина и дека примарен фокус на изминатите 14 дена бил дијалог. На Фејсбук, Лајчак, сумирајќи ги последните две недели, објави дека, иако немало […]

„Делта ерлајнс“ ги прекинува летовите САД-Израел до крајот на 2024 година поради ескалација на тензиите


 „Делта ерлајнс“ соопшти дека ги прекинува директните летови меѓу Њујорк и Тел Авив до крајот на годината поради зголемените тензии на Блискиот Исток. Американската авиокомпанија се придружува на мноштвото други авиокомпании кои ги откажаа или суспендираа летовите во последните денови до градовите во регионот, вклучувајќи ги Бејрут и Техеран, бидејќи борбите меѓу Израел и Хезболах […]

Фон дер Лајен пристигна во Киев


Киев – Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен утрово пристигна во посета на Украина. „Мојата осма посета на Киев се случува во исклучително важен момент“, изјави таа. „Грејната сезона започнува за две недели, а руските непрестајни напади врз цивилната енергетска инфраструктура на Украина имаат за цел да нанесат максимална штета“, додаде Фон дер […]

Почнува книжевно-мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија #8


Во кафе-книжарницата „Буква“ од денеска до 22 септември ќе се одржува книжевно-мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија #8. ArtArea/Артерија е книжевно-мултимедијален фестивал што ја поттикнува и промовира современата парадигма на интегративно и интерактивно културно дејствување. Организатор на фестивалот е издавачката куќа „Бегемот“.  На годинашното издание ќе може да се проследат шест промоции на книжевни дела, два музички настапа, […]

Зеленски следната недела ќе се сретне со Бајден, Харис и Трамп во САД


Вашингтон – Американскиот претседател Џо Бајден следната недела ќе го прими украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа, соопшти денеска администрацијата во Вашингтон. Зеленски планира да се сретне со Бајден следната недела в четврток, а ќе има и одвоени разговори со американската потпретседателка и кандидатка за претседател на демократите Камала Харис, се вели во соопштението. […]

Фон дер Лајен вети 10 милијарди евра помош од ЕУ за регионите погодени од поплавите


Варшава – Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен вети милијарди евра помош од ЕУ за регионите погодени од тешките поплави што ја зафатија Централна и Источна Европа во последните денови. За време на посетата на полскиот град Вроцлав, Фон Дер Лајен рече дека првично може да се обезбедат 10 милијарди евра (11,1 милијарди […]

Променливо облачно со повремен дожд


 Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни и поројни, проследени со појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 15, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени. Во Скопје променливо […]

Астрономски календар


Денеска е петок, 20 септември 2024 година, 264-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 102 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 19 минути, а ќе зајде во 18 часот и 34 минута. Денов трае 12 часа и 14 минути. Месечината, која е во фаза на полна месечина нема да изгрее […]

Брзата пруга кон Солун е најголем приоритет на државата, вели Николоски


  Изградбата на брзата пруга на Коридoрот 10 е најголем приоритет за државата. Ќе ја почнам и ќе ја изградам во два мандати. Овој проект е исклучително важен од економски апсект и ќе овозможи земјава да фати чекор со светот, наместо да остане слепо црево, рече вечерва вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Во […]