Почнува книжевно-мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија #8
Во кафе-книжарницата „Буква“ од денеска до 22 септември ќе се одржува книжевно-мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија #8.
ArtArea/Артерија е книжевно-мултимедијален фестивал што ја поттикнува и промовира современата парадигма на интегративно и интерактивно културно дејствување. Организатор на фестивалот е издавачката куќа „Бегемот“.
На годинашното издание ќе може да се проследат шест промоции на книжевни дела, два музички настапа, краток документарен филм и изложба на фотографии.
Фестивалот се одржува со поддршка од Министерството за култура и книжевната мрежа Традуки.
– Изложба на фотографии: „Траги на времето“, Наташа Гелева Лени.
– Разговор за книгата: „Градоначалникот на Хипнополис“ од Владимир Мартиновски и Лидија Капушевска-Дракулевска (Бегемот, 2024); со В. Мартиновски и Л. Капушевска-Дракулевска разговара Владимир Јанковски. (19:00)
– Џез концерт – трио Филип Букршлиев, Благојче Томевски и Дориан Јовановиќ. (20:00)