Пратениците ќе ја разгледуваат потребата за носење на измените на Законот за урбанистичко планирање, како и други закони во прво читање


Собранието денеска ќе ја започне 12. седница на која на дневен ред се 34 точки, меѓу кои, и ребалансот на Буџетот и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање, по скратена постапка. Пратениците од Левица најавија дека ќе бараат измените и дополнувањата на Законот за урбанистичко планирање, по скратена постапка, […]

Почнува тридневната расправа за ребалансот на Буџетот


Во Собранието денеска започнува тридневната расправа за ребалансот на Буџетот за 2024 година. Дополнетиот предлог за изменување и дополнување на Буџетот за 2024 година, во второ читање, е седма точка од дневниот ред на 12. собраниска седница.  Согласно Деловникот на Собранието, претресот по предлогот за изменување и дополнување на Буџетот, односно по дополнетиот предлог за […]

Сончево и многу топло, температурата до 40 степени, УВ индексот ќе биде 9


Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе се движи во интервал од 11 до 22, а максималната ќе достигне од 35 до 40 степени. УВ индексот ќе биде 9, известуваат од УХМР. Во Скопје сончево и многу топло со слаб ветер од […]

Свечено затворени ОИ во Париз, олимпиското знаме предадено на Лос Анџелес (видео)


Ако Селин Дион беше изненадување на отворањето на Олимписките игри во Париз, тогаш вечерва на завршната свечена церемонија на Стад де Франс, тоа беше еден од најпознатите холивудски актери Том Круз, кој го презеде олимпиското знаме и во стилот на филмовите Невозможна мисија, со мотор, авион и падобран го префрли преку океанот предавајќи го во […]

Полициски хеликоптер транспортираше повредено лице до Клинички центар „Мајка Тереза”


Полициски хеликоптер Ми-171 од Одделот за воздухопловни единици денеска транспортираше тим пожарникари и 500 литри вода до непристапниот терен на Галичица. Потоа истиот дејствуваше на пожарот во општина Новаци каде што фрли 45 тони вода. Во 15.00 часот хеликоптерот беше испратен за транспорт на повредено лице од непристапен терен во подрачјето на Штип до Клинички […]

Пожарот е на околу 40 километри од центарот на Атина, се евакуираат предградија во источниот дел на Атика


 Поради големиот пожар што континуирано и без контрола се шири во источниот дел на грчката областа Атика, поширокиот регион на Атина, жителите на три предградија, доцна вечерва добија пораки од бројот 112 за итни случаи да се евакуираат, јави дописничката на МИА од Атина. Во период од еден час, беа испратени три пораки за три […]

Седница на кризниот штаб на Пехчево: Пожарот ќе се гасне утре изутрина со два полициски хелихоптери и од земја


Кризниот штаб на Пехчево вечерва одржа седница на која, како што информира директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов, е договорено за гаснење на пожарот рано наутро со дејство да започнат два полициски хеликоптери. Во гаснење на пожарот ќе учествуваат и пожарникари од околните градови, Национални шуми и ДЗС.  -Помалиот хеликоптер ќе полни […]

Пожар во нуклеарката Запорожје, нема промени на нивото на радијација


Пожарот во окупираната нуклеарна централа Запорожје нема никакво влијание врз безбедноста на локацијата, уверуваат руските власти. Руското раководство на фабриката соопшти дека екипите работат на гаснење на пожарот, што избувна во близина на разладните кули на централата и дека пожарот немал никакво влијание врз самата централа и нејзината безбедност. Евгениј Балицки, назначен од Русија началник […]

Градоначалникот Китански побара помош од доброволци за гаснење на пожарот во Пехчево


По пожарот кој денеска попладне повторно избувна во Пехчево, градоначалникот Александар Китански вечерва излезе со соопштение од Кризниот Штаб со кое апелира сите доброволци да се вклучат во гаснењето на пожарот. -Почитувани граѓани пожарите во Пехчево се се уште активни! Сите доброволци за гасење на пожарот во Пехчево да бидат на зборно место плоштад свети […]

Гир не верува дека може да се постигне поинаков компромис со Бугарија, клучот за ЕУ се реформите


Клучот за пристапување во ЕУ се реформите, изјави вечерва евроамбасадорот Дејвид Гир. Зборувајќи за уставните измени тој вели дека е скептичен оти може да се дојде до подобар компромис со Бугарија.     – Новата Влада беше многу јасна за својата поддршка за Украина, тоа е конзистетно со претходната политика, и како што кажав тоа е […]

Вон контрола големиот пожар во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина


Ситуацијата и понатаму е опасна бидејќи пожарот се шири меѓу куќи и има предизвикано и штета, истакна вечерва портпаролот на противпожарната служба на Грција Василис Ватракојанис, информирајќи за големиот пожар во источниот дел на областа Атика, што сè уште не е ставен под контрола, јави дописничката на МИА од Атина. На терен се 400 пожарникари, […]

Активни десет пожари, нов пожар кај Пехчево, гори во Јасен, во близина на Стење, кај Белица…


 Попладнево и вечерва во земјава се активни десет пожари. Во текот на денот три се ставени под контрола, а седум пожари се изгаснати. Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов изјави дека од овие десет активни пожари, осум се многу сериозни, и дека некои се повлекуваат со денови.  -Пожарот во Јасен не можеме […]

Пронајдено исчезнатото лице од Дорфулија со помош на специјалните единици (ВИДЕО)


Исмаил Муратов (35) од Дорфулија кој од петокот вечерта беше исчезнат, попладнево бил пронајден во безсознание покрај реката Брегалница, кај селото Бекирлија, на територијата на Општина Лозово. Тој со хелихоптер веднаш бил пренесен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.  Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов информира дека спасувачка потрага и мисија […]

Бах нема да се кандидира за трет мандат на чело на ИОК


Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), 70-годишниот Томас Бах, изјави дека нема да се кандидира за трет мандат на чело на олимпиското движење. Бах е на чело на ИОК од 2013 година, но се откажа од нов мандат, што ќе повлече и промена на олимписката повелба. „Пред сè сакам да го заштитам кредибилитетот на олимпиското […]

Протест пред Владата на Србија поради изречени затворски казни, организаторите тврдат дека има нови апсења


Протестот за изрекувањето на пресудата на тројцата активисти започна денеска пред зградата на српската влада во центарот на Белград, а учесниците ја блокираа раскрсницата на улиците Немањина и Кнежа Милош, јави репортерката Бета. На протестот беше посочено дека властите апсат и други, но дека нема да се откажат од барањето за забрана за експлоатација на […]

Русија употреби термобарична бомба во Курск. Што е тоа?


Русија најави таканаречена антитерористичка операција „за зголемување на безбедноста“ во пограничниот регион Курск, каде што упадот на украинските сили оваа недела ги изненади руските војници и ги откри нивните воени ранливости во војната долга речиси 2,5 години. Руското Министерство за одбрана соопшти дека борбите продолжуваат во регионот Курск и дека војската извршила воздушни напади против […]

Кој ќе настапи на затворањето на ОИ: Градот на љубовта ја спушта завесата на најубавата олимписка приказна


Олимпијадата во 2024 година вечерва официјално ќе ја спушти завеста со завршаната церемонија на затворање во Париз. Олимпијадата официјално беше отворена во Париз во петокот, 26 јули, иако некои екипни настани започнаа на 24 јули. Последниот ден на атлетските натпревари беше денеска 11 август, кој е истиот ден со церемонијата на затворање. Церемонијата со дефиле […]

Ослободување од работа, избегнување сонце, светла облека… Еве кои се препораките на МЗ за горештините


Од утре до среда, територијата на цела држава ќе биде зафатена со високи температури од портокалово ниво на опасност од високи температури и согласно Акцискиот план на Министерството за здравство за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението, се преземат акции предвидени за фаза 2 – „Портокалово ниво“ на топлотни бранови, информираат […]

Димитриеска-Кочоска: Може да трошиме оноколку колку што прибираме


Со ребалансот на Буџетот направивме напори во еден краток период и услови коишто ги наследивме да го направиме најдоборото. Обезбедивме пари за сите обврски коишто се согласно закон и тие ќе се сервисираат. Голем притисок којшто се прави врз Буџетот доаѓа од исплатата на гаранциите, односно кредити за одредени јавни претпријатија коишто не се во […]

Приведено лице за изнуда, се заканувал за непостоечки долг


Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – СОНК во содејство со Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција вчера од слобода го лишиле Д.М.(39) од Скопје поради основано сомнение дека извршил кривично дело по член 258 од Кривичниот законик – “изнуда”. Како што се наведува во соопштението од МВР, на 08.08.2024 година, од […]