Евакуација на луѓето на Ајфеловата кула, неколку часа пред затворањето на ОИ


 Француските власти ги евакуираа луѓето на Ајфеловата кула откако маж беше забележан како се искачува на историската знаменитост неколку часа пред церемонијата на затворање на Олимписките игри во Париз. Човекот попладнево бил забележан како се качува на кулата од 330 метри. Не е јасно каде го започнал своето искачување, но бил забележан веднаш над олимписките […]

Повеќе од 8.000 луѓе ги напуштија пограничните области на регионот Курск во изминатите 24 часа


Повеќе од 8.000 луѓе ги напуштиле пограничните области на регионот Курск во изминатите 24 часа, соопшти денеска руското Министерство за вонредни ситуации. Според Министерството, во центрите за привремено сместување има околу 6.000 луѓе. Како што изјави претставник на руското Министерство за вонредни ситуации во регионалниот оперативен штаб на брифингот одржан во Курск, жителите си заминале […]

Голем пожар во источниот дел на Атика, поширокиот регион на Атина


Во тек е голем пожар во источниот дел на Атика, поширокиот регион на Атина, што поради силниот ветер брзо се прошири, а од бројот 112 за итни случаи беа испратени неколку пораки за евакуација на жителите на населените места што се во близина, јави дописничката на МИА од Атина. Пожарот, околу два часа по избувнувањето […]

Зголемен број на повици во Брзата помош во Велес за време на викендите


Зголемен е бројот на повици во Брзата помош во Велес за време на викендите, информира за МИА д-р Надица Мицева, дежурен лекар во службата. Таа вели дека во текот на денот има по 5 до 10 повици од граѓаните, а во текот на ноќта по десетина. Мицева појаснува дека најчести повици добиваат од хронично болните […]

Несреќа во Хрватска: Рампа на траект во Мали Лошињ приклештила морнари, има мртви


Во Мали Лошињ, Хрватска попладнево се случила тешка несреќа со фериботот „Ластово“. Има мртви, јавија хрватските медиуми. Според неофицијални информации, загинале тројца морнари, а еден е тешко повреден. Полицијата и брзата помош веднаш пристигнале на местото на несреќата, но немало начин да ги спасат несреќните морнари. Станува збор за траект кој во 16 часот требало […]

Тројца активисти на вчерашните протести во Белград добија затворски казни, организаторите повикуваат на протест пред Владата


Претставникот на организацијата „Не дамо Јадар“ Златко Кокановиќ денеска потврди дека по синоќешниот протест тројца активисти се осудени на 40 и 30 дена затвор за нарушување на јавниот ред и мир и ги повика граѓаните масовно да се соберат пред зградата на Владата на Србија вечерва во 18 часот . „Во 18:00 часот на раскрсницата […]

Без вода дел од населба Ченто


 Поради уличен дефект на водоводна цевка Ф125мм на раскрсницата „Среќко Пужалка“ со „Јужноморавски Бригади“, денеска, од 14:50 часот, без вода ќе бидат корисниците од улиците „Среќко Пужалка“, „Јужноморавски Бригади“, местото наречено Камник и дел од улицата „Методија Андонов Ченто“, во населба Ченто, Општина Гази Баба. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности. 

Данските ракометари ја декласираа Германија за второ олимписко злато


Актуелниот трикратен светски првак Данска ја потврди доминацијата во машкиот ракомет, освојувајќи го денеска своето второ олимписко злато со најубедлива победа во досегашните олимписки финалиња од 39-26 (21-12) над Германија во Лил. Финалниот дуел беше решен веќе во првата половина од првото полувреме, кога избраниците на Николај Јакобсен тргнаа во серија од 6-0 за да […]

Од понеделник до среда ќе биде пеколно – Владата со дополнителни мерки за превенција


Владата на денешната 111-та седница донесе одлука за дополнителни мерки за превенција од топлотниот бран.  Како што се наведува во соопштението, Министерството за здравство ја информираше Владата дека, доби информација од Институтот за Јавно здравје и метео-алармот на Управата за хидрометеоролошки работи за појава на топлотен бран во траење од два дена и тоа во […]

Трајанов: Четири неисплатени плати и долг од 10 милиони денари во ЈП „Национални шуми“


Директорот на Јавното претпријатие „Национални шуми“, Здравко Трајанов, изјави дека претпријатието е во очајна финансиска состојба со наследен долг од 10 милиони евра. Тој информираше дека стотици луѓе се вработени на огласи за дрвосечачи од страна на претходната власт, а кои сега седат во канцеларија и дека има четири неисплатени плати на вработените. Во интервју […]

Србија ја совлада Хрватска и го одбрани олимпиското злато во ватерполо


Србија ја одбрани олимписката титула во ватерполо во машка конкуренција откако денеска во финалето на Игрите во Париз ја совлада Хрватска со 13-11 (5-2, 3-3, 3-3, 2-3). Милош Чук со три голови ја предводеше Србија до триумфот, додека Јерко Мариниќ Крагиќ беше најефикасен во составот на Хрватска со три голови. Ова е трето последователно злато […]

Разрешена Афрона Верзиволи, на нејзино место именуван Aрбен Рамадани


Владата денеска ја разреши Афрона Верзиволи, која беше иманувана за вршител на должноста главен резизор на Резизорско тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош. На нејзино место е именуван Aрбен Рамадани, а за вршител на должноста заменик на главниот ревизор е именуван Иван Игњатов, соопштија од Владата. Aрбен Рамадани се именува за в.д. главен […]

Владата не се откажува од распуштањето на РСС и Советот на обвинители


Владата не се откажува од идејата за распуштање на Републичкиот судски совет и Советот на обвинители што претставува реформа на овие институции за кои јавно повикавме на расправа и имаат два проценти доверба, информираат денеска од Владата.  -Во државата институциите работат согласно важечките закони и Устав. Сите документи кои произлегуваат задолжително мора да бидат во […]

Зошто минатата недела на берзите имаше најголеми ценовни осцилации годинава?


Минатата недела ги забележаа најголемите промени во цените на акциите оваа година на глобалните берзи, при што главните индекси на Волстрит остро паднаа во понеделникот, со намалување од повеќе од три отсто, поради разочарувачките податоци за работните места и перцепцијата дека ФЕД заостанува во намалувањето на каматните стапки до крајот на неделата би можеле да […]

Киев за упадот на руска територија: Целта е да се дестабилизира Москва


Упадот во руската област Курск има за цел да ги ослабне силите на Москва и да ја дестабилизира Русија, изјави денеска неименуван украински безбедносен претставник за француски медиуми. По неколкумесечно повлекување пред руската армија на Источниот фронт, Украина во вторникот започна голема операција во пограничниот регион Курск, навлегувајќи, според аналитичарите, најмалку петнаесет километри длабоко во […]

Седум активни пожари, пет ставени под контрола, 31 изгаснати


 На територијата на државава во моментов има седум активни пожари на отворено и шумски пожари, пет се ставени под контрола, а 31 се целосно изгаснати, информираше директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов. Според информациите на Ангелов, најголемиот пожар кај Јасен постепено се става под контрола.  -Најголемиот пожар, пожарот „монструм“ постепено го […]

Вучиќ: Протестот помина во демократска атмосфера, блокадите беа насилнички, ќе одам да разговарам со народот


 Српскиот претседател Александар Вучиќ, во обраќањето пред јавноста по повод протестите и блокадите во Белград против рударењето на литиум во Србија, оцени дека протестот на „Теразије“ поминал во демократска атмосфера, но не и блокадите на двете главни железнички станици оценувајќи ги како насилство, и најави дека ќе оди да разговара со народот низ Србија за […]

Леброн Џејмс го прашаа за ОИ во Лос Анџелес. Одговорот нема да им се допадне на фановите


Американската кошаркарска суперѕвезда Леброн Џејмс најави дека нема да настапи на следните Олимписки игри во Лос Анџелес. „Не, не се гледам себеси како играм во Лос Анџелес“, одговори 39-годишниот Џејмс на новинарско прашање дали размислува да игра на следните Олимписки игри. САД синоќа ја совладаа Франција со 98-87 во финалето на кошаркарскиот турнир на Олимписките […]

Белоруски тенковски екипи се префрлија на границата со Украина


Белоруски тенковски екипи се префрлија на границата со Украина за да ја зајакнат групацијата на војници за да одговорат на можни провокации, соопшти денеска Министерството за одбрана на Белорусија. Во соопштението се наведува дека единиците на една од белоруските механизирани формации се подготвени за извршување на планираните задачи. „Воениот персонал товари воена опрема на железничкиот […]

Стартува 33. прволигашка сезона во македонскиот фудбал


Со натпреварите од воведното коло попладнево ќе биде означен почетокот на 33. сезона во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Бранителот на титулата Струга Трим Љум на домашен терен го пречекува освојувачот на националнио Куп, Тиквеш, додека најтрофејниот македонски клуб Вардар во воведното голо на гостински терен ќе игра против Академија Пандев Брера. Преостанатите двојки од […]