Претежно сончево и многу топло време, од среда портокалова фаза на повеќе места


Претежно сончево и многу топло време нѐ очекува од утре до крајот на седмицата, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Топлото време е под влијание на многу топла воздушна маса од југ, а особено топло ќе биде до среда, кога дневната температура наместа ќе надминува 40 степени Целзиусови и на повеќе места ќе биде […]

„Македонско девојче“ се пееше во Париз: Еве како српските кошаркари ја прославија бронзата


Популарната песна „Македонско девојче“ се слушна во Париз на прославата на српските кошаркари за освоената олимписка бронза. Српскиот кошаркарски ас Никола Јокиќ заедно со другите од репрезентацијата прославувале во кафуле во Париз, при што изнајмиле и пејач на народни песни. pic.twitter.com/Fx0s7WRNKh — o’lakovas (@turuptup) August 11, 2024 Во еден момент, селекторот Пешиќ ја запеал „Македонско […]

Пронајдени телата на сите загинати во авионската несреќа во Бразил


 Властите во Бразил потврдија дека се пронајдени сите тела на загинатите во авионската несреќа во бразилската држава Сао Паоло и дека идентификацијата на жртвите од несреќата на двомоторниот авион на компанијата Воепас што се урна во областа на градот Вињедо е во тек. Како што јави Би-Би-Си, во саботата бројот на жртви е ревидиран на […]

Повеќе инциденти синоќа во Тиквешко


 Физички напади и нарушување на јавен ред и мир се дел од инцидентите во Тиквешијата кои биле пријавени синоќа и рано утринава, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес. Во полициската станица во Кавадарци, вчера во 20:20 часот било пријавено дека на излез од градот, кај „Полигон 15 Јануари“, бил нарушен јавниот ред […]

Хасан со нов олимписки рекорд победи на женскиот олимписки маратон


Атлетичарката Сифан Хасан денеска го освои златниот медал во женскиот маратон на Олимписките игри во Париз. Етиопјанката, која настапува под знамето на Холандија, до златото дојде со време на нов олимписки рекорд од 2:22.55 часа. Ова е трет медал за Хасан на Игрите во Париз, откако претходно освои бронза на 5.000 и 10.000 метри, а […]

Кој е одговорен, прашуваат руски воени блогери


Московјаните поддржаа остар одговор на шокантниот упад на границата oд Украина, најсериозниот напад на странска армија на руска територија од Втората светска војна. Но, имаше и моменти гнев на улиците на Москва поради тоа како можеше да се случи таква дрска операција на прво место, при што Украина напредна неколку километри во руска територија, што […]

Ед Ширан направи спектакл за паметење во Загреб, настан за кој долго ќе се зборува


Една од најголемите музички ѕвезди на денешницата, Ед Ширан, во саботата вечерта настапи пред 70.000 луѓе на загрепскиот Хиподром. Ширан, кому ова му беше прв настап во Хрватска, на посетителите им приреди одлична вечер, изведувајќи пресек од поновите песни и познатите хитови како Perfect, Thinking Out Loud или Shape of You. Настапот заврши со песната […]

Вратен олимпискиот медал на Романката Барбоса, жалбата задоцнила 4 секунди


Судот за спортска арбитража (ЦАС) и и го врати бронзениот медал на романската гимнастичарка Ана Барбоса која таа го освои минатиот вторник во олимпиското финале на партер, но по жалба на американската репрезентација и беше одземен и доделен на петтопласираната Џордан Чилс. Судскиот совет на ЦАС пресуди во корист на 18-годишната Романка, истакнувајќи оти е […]

ЦУК: „Бехтел – Енка“ помогна да се стопира крак од голем шумски пожар, се заканувал на воен објект кај с. Челопеци, Кичевско


Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека конзорциумот „Бехтел – Енка“ помогнал да се стопира крак од голем шумски пожар, кој се заканувал на воен објект кај с. Челопеци, Кичевско. „Моќен булдожер или багер може да заврши поголема работа и од хеликоптер, доколку условите на теренот дозволуваат негово движење за изработка на доволно широк […]

Изложбената поставка „Ecce Homo Macedonicus: Осмо Светско Чудо“ на Жарко Башески од утре во Охрид


Новата изложбена поставка на склупторот Жарко Башески насловена како „Ecce Homo Macedonicus: Осмо Светско Чудо“ утревечер ќе биде отворена во Научниот уметнички центар „Куќата на Уранија“ на МАНУ во Охрид. Изложбата што ќе трае до 27 август вклучува десетина веќе познати дела на авторот, но и презентација на сосема нов концептуален проект, грандиозен објект во […]

Концертна вечер на „Охридско лето“ со кинеската сопранистка Ванже Жанг и српскиот пијанист Дејан Синадиновиќ.


Музичката програма на Фестивалот „Охридско лето“ продолжува со концерт на кинеската сопранистка Ванже Жанг, во придружба на српскиот пијанист Дејан Синадиновиќ. Ванже Жанг е истакната кинеска сопранистка чија вонвременска убавина на нејзиниот глас ги надминува географските граници.  Како прва кинеска носителка на главна ролја во Белградската опера, Жанг е визионер и голем поборник за културна […]

Харис го поддржа укинувањето на данокот за бакшиш за услуги и угостителство


Потпретседателката на САД и демократски претседателски кандидат Камала Харис им рече на приврзаниците на митинг во американската сојузна држава Невада дека го поддржува укинувањето на данокот за бакшиш за угостителските работници, откако републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп го стори тоа порано во обид да ги придобие свработените во услужните дејности. Харис и нејзиниот потпретседател, гувернерот […]

Делови од Студеничани и Чучер Сандево утре без струја


Корисниците од викенд населбата Јане Сандански кон викенд населба Морани, на потегот од црквата кон населбата Јане Сандански во општина Студеничани утре од 8:00 до 15:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија. Од 9:00 до 11:30 часот, без струја ќе бидат и корисниците од село Глуво и дел од корисниците кај аеродромот Стенковец […]

Две лица загинаа во воздушен напад на Киев


Две лица, маж и дете, загинаа во текот на претходната ноќ во воздушен напад врз Киев, соопштија утрово украинските спасувачки служби. Три лица, пак, се тешко повредени откако урнатини паднале врз станбена зграда во источното предградие на Киев, соопшти спасувачката служба. Голем дел од земјата во текот на ноќта беше под воздушна тревога, особено Киев, […]

Анкета: Камала Харис води пред Трамп со 4 процентни поени во три клучни држави


Американскиот потпретседател и кандидат за претседател на Демократската партија Камала Харис води пред поранешниот републикански претседател Доналд Трамп во три клучни држави, Висконсин, Пенсилванија и Мичиген, со четири процентни поени, покажуваат резултатите од анкетата на Њујорк Тајмс и колеџот Сиена. Според истражувањето, 50 отсто од испитаниците во тие три „свинг држави“ би гласале за Харис, […]

Притвор за татко и два сина осомничени за намерно предизвикување пожар кај Патишка Река


Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје поведе постапка против три лица – татко и неговите два сина, за кои постои сомнение дека заедно сториле кривично дело „предизвикување општа опасност“ од член 288 став 1 од Кривичниот законик, а Основниот кривичен суд Скопје на тројцата осомничени им определи мерка притвор во траење од по […]

Поранешната шефица на Јутјуб (56) почина неколку месеци по смртта на нејзиниот син


Долгогодишната шефица на Јутјуб (YouTube) Сузан Војчицки, која имаше клучна улога во историјата на „Гугл“ во неколку наврати, почина во петокот на 56-годишна возраст од рак на белите дробови. Војчицки живееше со оваа болест две години, напиша извршниот директор на „Гугл“, Сундар Пичаи во е-пошта до вработените. Таа минатата година се повлече од функцијата шеф […]

Полицијата ги опколи демонстрантите кои ја блокираа пругата. Обраќање на Вучиќ


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска во 11 часот ќе и се обрати на јавноста по масовните демонстрации против ископувањето на литиум синоќа во центарот на Белград, додека демонстрантите во меѓувреме опстојуваат на намерата да го блокираат железничкиот сообраќај, јави Хина. Демонстрантите на масовниот протест против ископувањето литиум синоќа ја блокираа железничката клучка во Прокоп […]

Изборниот штаб на Трамп соопшти дека е хакиран и го обвини Иран


Изборниот штаб на американскиот претседателски кандидат Доналд Трамп денеска објави дека дел од неговите внатрешни комуникации биле хакирани и за кибер нападот го обвини Иран. Тимот на Трамп не обезбеди директни докази за нивните тврдења, но потсети на непријателството меѓу поранешниот американски претседател и Техеран во минатото. Изборниот штаб на Трамп го издаде соопштението откако […]

Ребалансот на Буџетот од утре пред пратениците на пленарна седница


Утре започнува тридневната расправа за ребалансот на Буџетот за 2024 година, во рамки на 12. седница на Собранието. Дополнетиот предлог за изменување и дополнување на Буџетот за 2024 година, во второ читање, е седма точка од дневниот ред на седницата. Согласно Деловникот на Собранието, претресот по предлогот за изменување и дополнување на Буџетот, односно по […]