Сончево и топло со слаб до умерен ветер


Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб, а долж Повардарието и во источните делови повремено умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 8. Во Скопје ќе биде сончево и топло со […]

Српскиот премиер учесниците на протестот ги нарече разбиена банда, МВР ќе поднесе кривични и прекршочни пријави


Учесниците на протестот на „Теразије“ во Белград српскиот премиер Александар Вучиќ ги нарече разбиена банда, додека министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ најави дека по завршувањето на протестот дошло до тешко нарушување на јавниот ред и мир и прекршување на законите и дека против сите сторители ќе бидат поднесени кривични и прекршочни пријави, јави дописникот […]

Стив Кари со неверојатна низа тројки не дозволи пресврт – кошаркарите на САД до петто олимписко злато во низа


Кошаркарите на Соединетите Американски Држави го освоија златниот медал на Олимписките игри во Париз, откако во финалето вечерва ја совладаа Франција со 98-87 (20-15, 29-26, 23-25, 26-21). Тоа е 17. олимписко злато на САД, петто по ред и осмо на последните девет олимписки турнири. Единствени кои успеаја да освојат злато во тој период беа аргентинските […]

По протестот во Белград, блокирани двете главни железнички сатници, утре и на други места во Србија


По завршување на протестот на „Теразија“ во Белград на еколошките организации против отворањето рудници за литиум во Србија, студентите и организаторите ги блокираа двете главни железнички станици во Белград и најавија дека утре ќе има блокади на уште три места во Србија. Учесниците на протестот премиерот Милош Вучелиќ ги нарече „разбиена банда“, јави дописникот на […]

Скопското астрономско друштво ве кани на набљудување на Персеидите


Метеорскиот дожд Персеиди е веќе активен, а пикот го очекуваме овој викенд. По тој повод Скопското астрономско друштво организира групно набљудување на овој, еден од најспектакуларните метеорски роеви. Персеидите се редовен посетител на летното ноќно небо на северната хемисфера, видливи од 14 јули до 24 август. Пикот на метеорскиот дожд, кога ќе бидат видливи најголем […]

Паметните часовници не се препорачуваат за една група луѓе, прават повеќе штета отколку корист


На нив се потпираме кога ни требаат информации за времето, ги користиме за читање пораки, па дури и за да ги видиме тековните здравствени параметри. Сепак, на една група луѓе воопшто не се препорачува користење на овие уреди. Производителите на мобилни телефони со години се тркаат за лансирање на некои придружни гаџети заедно со нови […]

Иран се пофали со ракети со боеви глави кои не може да бидат откриени со радар


Церемонијата на испорака одржана во петокот ја надгледуваше генералот и врховен командант на IRGC, Хосеин Салами, а беше објавено дека морнарицата добива вкупно 2.640 ракетни системи, беспилотни летала и друга софистицирана опрема. Овие проектили се специјално дизајнирани да нанесуваат разорна штета и имаат способност да потонат уништувачи. Испораката вклучуваше и различни ракети со долг и […]

Падна рекордна седумка на Лото од 1,7 милиони евра, ливчето уплатено во Охрид


По подолго време извлечена е седумка на Лото, и тоа со рекордни 1,7 милиони евра. Среќениот добитник на рекордната награда, ливчето го уплатил во Охрид, и тој ќе добие 1, 76 милиони евра. Во вечерашново извлекување добината комбинација беше  7, 31, 33, 36, 10, 27, 35.

Во Карпош поставени наменски контејнери за кабаст отпад и градежен шут


Секторот Инспекторат во соработка со координаторите за одржување на јавната чистота и претставниците од урбаните заедници на Општина Карпош, организираат акција за отстранување на кабаст отпад и отпад од градежен шут, кој инаку граѓаните го одложуваат до контејнерите наменети за комунален отпад и други видови на неопасен и инертен отпад од домаќинствата. Заради поголема ефикасност […]

Дел од општина Гази Баба вечерва без вода


Поради технички зафати во водоводната мрежа со пречник од 700 милиметри на бул. „Александар Македонски“ бб. кај подвозникот АСУЦ, ноќеска од 2 часот по полноќ до завршување со работните активности, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од бул. „Александар Македонски“. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, во истиот термин со […]

Неверојатна приказна; влезе како замена, освои злато и го собори олимпискиот рекорд


Етиопјанецот Тамират Тола ја освои титулата олимписки маратон во неделата на Игрите во Париз. Тола, кој во недела (утре)го слави својот 33-ти роденден, победи за 2:06.26, нов олимписки рекорд, пред Белгиецот Башир Абди (2:06:47) и Кениецот Бенсон Кипрут (2:07:00 часот). Тола рано изгради предност по одвојувањето од групата на првото стрмно искачување на екстремно ридската […]

Турција го забрани уписот на деца во француските училишта за чиј статус се преговара


Турското Министерство за образование денеска забрани упис на деца во тамошните француски училишта и градинки. Министерството посочува дека со Франција се преговара за „сеопфатен договор за соработка во образованието, вклучително и настава на турски јазик за турските ученици во Франција“, и повика на „продолжување на преговорите за да се заврши што е можно побрзо“. Француската […]

Вучиќ добил известување дека во Србија се подготвуваaт немири и државен удар


Српскиот претседател, Александар Вучиќ, добил официјална информација од Руската Федерација дека се подготвуваат масовни немири и државен удар, кои ги организираат припадници на западните земји. „Денеска добивме официјална информација од Руската Федерација, пренесена преку официјални канали. Ние се справуваме со тоа, одговорна е БИА, а луѓе специјализирани за тоа во Владата и на сите други […]

Се распадна кинеска ракета, ни се закануваат опасни судири?


Кинеската ракета која се распадна во вселената оваа недела создаде повеќе од 700 парчиња отпад. Поради оваа причина, повеќе од 1.000 сателити и други објекти во орбитата на Земјата се изложени на ризик од опасни судири, проценуваат аналитичарите. Кинеската државна сателитска технологија Shanghai Spacecom (SSST) лансираше 18 интернет сателити во орбитата во текот на минатата […]

Балони со ѓубре повторно пристигнуваат во Јужна Кореја од Северна Кореја


 Војската на Јужна Кореја денеска соопшти дека Северна Кореја повторно испраќа балони „веројатно со ѓубре“ во Јужна Кореја во бизарна кампања за психолошка војна во услови на зголемени тензии меѓу двата ривали поделени со војната пред повеќе од половина век. Здружениот генералштаб на Јужна Кореја денеска соопшти дека ветрот може да донесе големи метеоролошки балони […]

Албанија забрани увоз на ситен добиток од Грција и Романија каде има појава на чума


Албанија, по потврдените случаи на чума кај овци и кози во Грција и Романија, воведе забрана на увоз и транзит на живи животни (домашни и диви овци и кози) и производи од животинско потекло од овие две земји. Исто така, поставени се контролни пунктови со полициски службеници и ветеринарна служба на магистралните патишта, како и […]

Активиран aмбер алерт: Две деца киднапирани на Родос


Исчезнувањето на двете малолетни деца кои очигледно биле киднапирани од нивната мајка било пријавено во полициската станица во Родос. Децата на возраст од 6 и 8 години исчезнале на 13 јули заедно со нивната мајка. Во Грција е активиран амбер алерт со цел да се трага по деца, за кои се верува дека се во […]

Почина визионерката која ги обликуваше „Google“ и „YouTube“


Долгогодишниот извршен директор на YouTube, Сузан Војчицки, која имаше клучна улога во историјата на Google во неколку наврати, починала во петокот на 56-годишна возраст од рак на белите дробови. Војчицки живеела со оваа болест две години, напиша извршниот директор на Google, Сундар Пичаи во мејл до вработените. Војчицки минатата година се повлече од функцијата шефица […]

Убиецот на критичарот на Кремљ, Немцов, ослободен од затвор за да се бори во Украина


Човек осуден за убиството на рускиот опозициски политичар Борис Немцов е ослободен од затвор откако потпишал договор за приклучување во војната во Украина, објавија во саботата државните новински агенции ТАСС и РИА Новости. Немцов, критичар на претседателот Владимир Путин и поранешен вицепремиер на претседателот Борис Елцин, беше убиен во 2015 година додека се движеше по […]

Дали британската фунта пропаѓа?


Британската фунта денеска се лизна до вредноста од 1,277 долари, според која оваа недела ослабе за 0,3 отсто, а во истиот период по четврти пат падна во однос на единствената европска валута, забележувајќи вредност од 1,168 евра. Аналитичарите велат дека минатонеделното намалување на каматната стапка на Банката на Англија (BoE) изврши притисок врз фунтата, заедно […]