Промовирање офицери и подофицери на Воената академија


Во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје денеска на свеченост ќе бидат промовирани офицери и подофицери во Армијата на Северна Македонија. -На свеченоста ќе бидат промовирани 24-та класа питомци во чин потпоручник, слушателите на Курсот за офицери на служби во почетен офицерски чин и слушателите на основниот курс за подофицери во чин водник, соопшти […]

Портокалово ниво на опасност од високи температури, денеска до 41 степен


Портокаловото ниво за опасност од високи температури останува активно денеска и утре затоа што, под влијание на многу топла воздушна маса од југ, времето ќе биде особено топло и дневната температура наместа ќе надминува 40 степени. Во Скопје максималната температира ќе достигне 41 степен. Според прогнозата на УХМР, времето денеска ќе биде сончево и многу […]

Иран го претстави дронот Мохаџер-10, може да лета 2.000 километри и да носи 300 килограми


Иран го претстави својот дрон со долг дострел Мохаџер-10 на изложба на воена опрема во Русија. САД го обвинија Техеран дека ја снабдува Москва со беспилотни летала, вклучувајќи го и претходниот модел Мохаџер-6, за кој Вашингтон вели дека руските сили го користеле во инвазијата на Украина. Иран ги негира овие обвинувања. Иранската државна новинска агенција […]

Помош за пожарите во близина на Атина ќе испратат и Србија, Романија и Турција


По Франција, Чешка и Италија, позитивно на барањето на Грција за помош за гаснењето на пожарите во областа Атика упатено преку Европскиот механизам за цивилна заштита, одговориле и Србија, Романија и Турција, кои испраќаат противпожарни сили, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството за климатски кризи и цивилна заштита на Грција, вечерва соопштија дека […]

Зеленски: Русија мора да биде принудена да склучи мир


Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Москва мора да биде принудена да постигне мир и дека војната се враќа во Русија по обидот да ја однесе во други земји. Зеленски, исто така, во своето редовно вечерно обраќање до нацијата рече дека големата украинска офанзива во рускиот регион Курск е прашање што влијае на безбедноста на […]

Гугл ги укинува рекламите и монетизацијата во Русија, вклучително и за руските Јутјуб блогери


Вашингтон – Услугата на Гугл за контекстуално рекламирање AdSense ги прекинува своите операции на рускиот интернет и ќе ги деактивира сметките на руските корисници, соопштија денеска од Гул. Ова е поврзано со цензурата на видео платформата Јутјуб во оваа земја што властите ја најавија по почетокот на руската инвазија на Украина. Јутјуб е во сопственост на […]

Димитриеска Кочоска: Минималната плата да се утврдува врз реална основа, линеарното зголемување на пензиите е најдобриот модел


Крпење на дупките, вака вечерва министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска го нарече ребалансот на Буџетот за 2024 година што денеска, по предлог на Владата, беше донесен од Собранието. Како што оцени Димитриеска Кочоска во Дневникот на ТВ Сител, со иницијалниот Буџет не било планирано она што било законски, а со ребалансот, предвидено е не […]

Том Круз е млад и на 62 години, ама колку е богат?


Ѕвездата на „Невозможна мисија“ и „Топ ган“ – Том Круз го украде вниманието на  официјалното свечено затворање на годишните Олимписки игри во Париз синоќа и стана актуелен како врвните спортисти.      Глумецот, со своите 62 години, се спушти со јажиња на стадионот за време на подигнувањето на американското знаме и интонирањето на американската химна, […]

Собранието го донесе ребалансот на Буџетот


 Собранието попладнево со 67 гласови „за“, седум против и без ниту еден воздржан, го усвои ребалансот на Буџетот за 2024 година. Со ребалансот, вкупните приходи се планирани на 318,2 милијарди денари што е 2,6 проценти повеќе во однос на иницијалните проекции, вкупните расходи се планирани на 362,8 милијарди денари или за 5,6 проценти повеќе во […]

Ѝ Блејк Шелтон ќе пее во Колосеум


Лас Вегас – Блејк Шелтон најави престој во Колосеумот во Лас Вегас. „Доколку сакате да имате удел во Лас Вегас, треба да направите резиденција и ако сте уметник“, изјави 48-годишниот кантри пејач за People. Тој рече дека неговата претстојна резиденција во Цезар Палас се планира со години, но сакал да ја одложи свирката додека неговото […]

Дали имате проблеми со бубашвабите во вашиот стан? Ова се решенијата


Носители на бројни инфекции и болести, носители на нечисти површини и нечиста средина, бубашвабите можат за кратко време да го направат просторот непријатен за живеење и престој. Покрај тоа што се размножуваат исклучително брзо, познато е дека тие се отпорни штетници од кои е исклучително тешко да се ослободите. Она што е помалку познато е […]

Род Стјуарт фати Ковид, ги откажа концертите и резиденцијата во Лас Вегас


Род Стјуарт исфрла повеќе концерти од својот распоред. Пејачот на „Меги Меј“ (79) на Инстаграм објави дека откажал уште две северноамерикански концерти од својот распоред откако се разболел од Ковид-19 – неколку дена откако го откажал концертот на 7 август во Лас Вегас поради стрептокока. Изјавата од неговиот тим споделена во петокот, 9 август, гласи: […]

Годинава имало за 11,1 отсто повеќе туристи од лани


Во јуни годинава во земјава се евидентирани 119.751 туристи, од кои 23 отсто биле домашни туристи, а 77 отсто странски туристи, соопшти Државниот завод за статистика. Бројот на ноќевањата во јуни 2024 година изнесува 245.249, од кои 27,6 отсто се од домашните туристи, а 72,4 отсто од странските. Во периодот јануари – јуни 2024 година, […]

„Прљаво казалиште”, „Црвена јабука” и „Галија” на иста сцена на 9 ноември во Скопје


Фестивалот “Scream” се враќа на голема врата на 9 ноември во „Арена Борис Трајковски” во Скопје, со една од највозбудливите музички програми. Публиката ќе има можност да ужива во настапите на највлијателните рок групи од регионот, вклучувајќи ги „Прљаво казалиште”, „Црвена јабука” и „Галија”.   „Прљаво казалиште”, со своето уникатно мешање на рок и панк […]

Сајбер напади врз француски музеи и олимписки локации


Од почетокот на Олимпијадата се спречени десетици сајбер напади, објави Политико. ИТ системската мрежа на Францускиот национален музеј, која опфаќа околу 40 музеи, беше погодена од „напад со откупнина“ во неделата, соопшти обвинителството во Париз, додавајќи дека единицата за сајбер криминал на француската полиција отворила истрага, објави Политико. Оваа мрежа на музеи ја вклучува Големата […]

Затвореник од Идризово проголтал цело пакување со дрога


Вчера околу 20.00 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека осуденикот М.С.(40) од Битола проголтал пакување со прашкаста материја, соопшти МВР. Тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ – Скопје за укажување помош. „Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Маск вечерва по полноќ ќе има Твитер дебата со Трамп


Американскиот претприемач и најбогат човек во светот, Илон Маск, најави дека денеска ќе разговара со кандидатот за претседател на САД, Доналд Трамп, во живо на социјалната мрежа „Икс“. „Забавата е загарантирана“, објави денеска Маск на својата платформа „Икс“ со покана за настанот што ќе биде проследен на профилот на Трамп @realDonaldTrump. За корисниците во Европа, […]

Работници и механизација од РЕК Битола трет ден учествуваат во гаснењето на пожарите во Пелагонија


Работници, противпожарно возило и механизација на РЕК Битола трет ден учествуваат во гаснењето на пожарите што ја зафатија Пелагонија, соопштија рударско енергетскиот комбинат. Десетина пожарникари од Службата за техничка сигурност на РЕК Битола, булдожери и грејдери во сопственот на комбинатот, ангажирани се за гаснење на пожарите, за дотур на вода и за правење на заштитни […]

Ребалансот на Буџетот пред пратениците: За власта нужен, за опозицијата на штета на работниците


Собранието во рамките на 12-тата седница ја почна расправата за ребалансот на Буџетот за 2024 година која може да трае најмногу три дена. Како што образложи во воведното излагање министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, ребаланост е обид на новата Влада да обезбеди ликвидност за редовно сервисирање на сите обврски до крајот на годината со […]

Поевтинуваат горивата за половина до 1,5 денари за литар


Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од ноќеска на полноќ се намалуваат  за 1,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-95 поевтинува за еден денар, а  Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката […]