„Порше“ и група инвеститори преземаат 35 отсто од сопственоста на „Фликсбас“


Група инвеститори, во која е и производителот на автомобили „Порше“, објавија дека преземаат 35 отсто од сопственоста во германската транспортна компанија „Фликсбас“. „Порше“, кој го контролира и германскиот производител на автомобили „Фолксваген“, наведува дека негови соинвеститори ќе бидат компанијата ЕКТ и инвеститорот Клаус Мајкл Куен, пренесува Ројтерс. Во јули, ЕКТ најави заедничка инвестиција во 35 […]

„Старбакс“ повторно го смени извршниот директор, за две години ова е четвртиот ЦЕО


Американскиот синџир кафетерии „Старбакс“ објави дека поранешниот извршен директор Лаксман Нарасимхан се повлекува од таа функција по само една година, а негов наследник од 9 септември ќе биде поранешниот директор на синџирот за брза храна „Чипотл“, Брајан Никол. Според извештаите, Брајан Никол ќе биде четвртиот директор на „Старбакс“ за само две години, бидејќи компанијата неуспешно […]

Короната забрзано “флертува“ и во Македонија: Што е ФЛиРТ, кои се симптомите и како да се заштитите?


Нов бран на заболени од Ковид-19 го зафати светот годинава, а бројот на заболени расте и на Балканот. Бројот на заразени во Грција, каде што летуваат повеќето Македонци и Срби, се зголемува, а се зголемува и бројот на заразени во Србија. Регистрирани се и смртни случаи во Грција, а Националната здравствена организација (ЕОДИ) пријави 26 […]

Волстрит силно порасна, инвеститорите очекуваат дека ФЕД ќе почне да ги намалува каматите


На Волстрит, акциите нагло пораснаа вчера бидејќи побавниот од очекуваниот раст на цените на производителите во САД ги поддржа надежите на инвеститорите дека ФЕД наскоро ќе почне да ги намалува каматните стапки. Индексот Dow Jones зајакна за 1,04 отсто, на 39.765 поени, додека S&P 500 порасна за 1,68 отсто, на 5.434 поени, а индексот Nasdaq […]

Охридското Езеро и Kањонот Матка прогласени за споменици на природата


Собранието на вчерашната седница усвои закони со кои три природни локалитети во земјава добија посебен заштитен статус. Со посебни закони, Охридското Езеро и Kањонот Матка се прогласуваат за споменици на природата, додека Студенчишко Блато кај Охрид ќе има статус на парк на природата.   Владата уште лани во февруари донесе одлука за прогласување на Кањонот Матка […]

Околу 25 тони радиоактивен отпад истече од нуклеарната централа Фукушима-1


Околу 25 тони вода, загадена со радиоактивен отпад, истекоа од блок два на јапонската нуклеарна централа Фукушима-1, објавија утринава јапонските медиуми, повикувајќи се на енергетската компанија „Tokyo Electric Power“. Увидот на зградата на реакторот откри дека околу 25 тони вода истекле во подрумите преку канализацијата. Не е откриено надворешно истекување. Се наведува дека робот ќе […]

Неколку работи кои децата ги учат од вас без вие да го сфатите тоа: Обрнете внимание на тоа како се однесувате во овие ситуации


Експертите откриваат кои 7 нешта ги учат децата од однесувањето на нивните родители, а тоа не го сфаќаат ни мајките и татковците. Децата забележуваат секакви работи, дури и работи на кои родителите воопшто не обрнуваат внимание. Тие се впиваат како мали сунѓерчиња, и тоа не само што им кажуваме, туку и како зборуваме за себе […]

За осум години изгореле 37 отсто од шумите во областа Атика, поширокиот регион на Атина


Атина – Во областа Атика, поширокиот регион на Атина, шумската површини е околу 123.000 хектари, а во последните осум години во пожарите изгореа 45.000 хектари шума, односно 37 отсто од шумската површина, пишува порталот Метео на Националната опсерваторија, јави дописничката на МИА од Атина. Порталот ги анализира и презентира податоците за опожарените површини од шумските пожари […]

Како топлината влијае на мозокот: Правете една работа редовно


Како топлината влијае на мозокот? Додека поминуваме низ уште еден топлотен бран, многумина се загрижени за ефектите од екстремната топлина врз здравјето, а особено врз функцијата на мозокот. Неколку студии покажаа дека студентите, како и вработените, имаат потешкотии во извршувањето на нивните редовни обврски бидејќи температурата почнува да расте. Според д-р Елизабет Филипс, клинички невролог, […]

Мбапе е подготвен за настап во Суперкупот на УЕФА против Аталанта


Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, пред натпреварот од Суперкупот на УЕФА против Аталанта изјави дека напаѓачот Килијан Мбапе е подготвен за игра. – Немавме многу време да се подготвиме, но сме во одлична форма, а исто така и Килијан Мбапе. Тој пристигна во Мадрид во добра состојба и веднаш се адаптираше. Килијан е подготвен […]

Почнува Богородичниот пост


За православните христијански верници денеска почнува двонеделниот Богородичен пост, кој е посветен на Успението на Пресвета Богородица. Овој пост е востановен во молитвено сеќавање на Пресвета Богородица, а со цел во периодот на неговото времетраење уште поинтензивно да се изискува молитвеното застапништво од Пресветата Богомајка. По својата временска должина тоа е најкраткиот од четирите годишни […]

Секој што ќе го остави ова на плажа ќе биде казнет со 250 евра: Проблемот што со години ги мачи туристите на Јадранот, во Шпанија брзо се реши


Напуштените лежалки, столици и чадори се однесени во локалната полициска станица, а туристите подоцна треба да платат 250 евра за да ги подигнат. Шпанската полиција почна да им одзема столици, лежалки и чадори на туристите, кои понекогаш ги оставаат на плажа и пред зори за да „резервираат места“ за подоцна. Советниците во популарните дестинации воведоа […]

Овие три хороскопски знаци бараат вистинска љубов меѓу пријателите


Ним им е најважна длабоката блискост и затоа прво сакаат добро да запознаат некого. Тие се познати по нивната способност да градат длабоки емотивни врски кои често водат до занес и љубов. Еве за кои знаци зборуваме. Рак Раковите се познати по нивната емоционална длабочина, грижлива и заштитничка природа. Нивната способност да се поврзат со […]

Полска вечер на „Охридско лето“ со пијанистките Ана Миерник и Јоана Сохачка


На понудата од музичката програма на 64-тото издание на Фестивалот „Охридско лето“ вечерва е настапот на полските уметнички на пијаното, Ана Миерник и Јоана Сохачка. Ана Миерник има настапувано во четириесеттина земји на сите континенти. Во 2015 година настапува во „Карнеги Хол“ во Њујорк. Одржува концерти во престижни концертни сали како во Сиднејската опера, Националниот […]

Јапонија во септември добива нов премиер, Кишида нема да се кандидира на партиските избори


Јапонскиот премиер Фумио Кишида денеска објави дека нема да се кандидира за претседател на владејачката Либерално-демократска партија (ЛДП) во септември, со што најави дека неговата земја ќе добие нов премиер. Победникот на тие партиски избори ќе стане нов премиер бидејќи ЛДП ги контролира двата дома на јапонскиот парламент. Кишида беше избран за претседател на ЛДП […]

Германскиот производител на оружје „Рајнметал“ ќе ја купи американската компанија „Лок Перформанс“


Германскиот производител на оружје „Рајнметал“ (Rheinmetall) потпиша договор за купување на американската компанија „Лок Перформанс Продактс“ (Loc Performance Products) за 950 милиони долари, јави ДПА. „Рајнметал“ истакна дека аквизицијата го проширува својот бизнис со американската војска, ја зголемува индустриската база во САД и дава дополнителен пристап до својата технологија во Северна Америка. „Лок Перформанс“ е […]

Реал против Аталанта во Суперкупот на УЕФА


На Националниот стадион во Варшава (Полска), вечер за Суперкупот на УЕФА ќе се борат Реал Мадрид и Аталанта. Ова ќе биде натпревар меѓу победниците во Лигата на шампионите и Лигата на Европа. Реал Мадрид ја освои Лигата на шампионите во сезоната 2023/24, победувајќи ја Борусија Дортмунд во финалето (2:0). Аталанта ја освои Лигата на Европа, […]

Почнува 52. Струшки ракометен турнир


 Екипите на домаќинот Струга и Еурофарм Пелистер вечер ќе го отворат 52. издание на Меѓународниот ракометен турнир „Струга 2024“, што до сабота ќе се игра на отвореното игралиште „Горан Попоски Бабец“. Свеченото отворање е закажано по завршување на мечот, односно за 19 часот и 55 минути, а потоа ќе следува натпреварот меѓу бранителот на титулата […]

Организација од Нов Зеланд дистрибуирала бонбони со смртоносна количина дрога


Добротворна организација која работи со бездомници во Окленд, Нов Зеланд, несвесно делела лижавчиња со потенцијално смртоносна доза на метамфетамин во своите пакети со храна, пишува Гардијан. Станува збор за донирани пакети со храна. Мисијата на градот Окленд им кажа на новинарите дека персоналот почнал да контактира со околу 400 луѓе за да пронајдат пакети што […]

Бајден: Воениот пробив на Украина во Русија е „вистинска дилема“ за Путин


Воениот пробив на Украина во Русија „создаде вистинска дилема“ за рускиот претседател Владимир Путин, изјави синоќа претседателот на САД Џо Бајден. Тој додаде дека американски официјални лица се во постојан контакт со Украинците за нивните акции. Во раните утрински часови на 6 август околу 1.000 украински војници ја преминаа руската граница со тенкови и оклопни […]