Без вода корисниците на ул. „Џон Кенеди“ во Чаир


 Корисниците на ул. „Џон Кенеди“ во Чаир од 7.30 часот ќе немаат вода. Како што соопшти утрово ЈП Водовод и канализација-Скопје, прекинот во водоснабдувањето е поради дефект на таа улица бр. 9 и ќе трае до негово отстранување. 

По немирите во Британија уапсени повеќе од 1.000 луѓе


Британските власти уапсија повеќе од 1.000 луѓе по немирите, кои вклучуваа насилство, палење и грабежи, како и расно мотивирани напади врз муслимани и мигранти, објавија британските медиуми, повикувајќи се на соопштение на полицијата во Велика Британија. Немирите што уследија по убиството на три девојчиња во северниот англиски град Саутпорт започнаа по нападот на 29 јули, […]

Без струја неколку скопски села


 Корисниците од реонот Крушопек – Лака во општина Сарај денеска од 8:30 до 12:30 часот ќе останат без напојување со електрична енергија. Од 6:30 до 14:30 часот без струја ќе бидат и корисниците од селата Таор, Студеничани, Морани, Ново Село, Градовци, Гумалево, Орешани, Смесница, Тисовица, Дејковци, Добрино, Пакошево и ЖТП Зелениково – Јане Сандански. Како […]

Пожарите не стивнуваат, дали спојувањето на ЦУК и ДЗС ќе овозможи поефикасна заштита


Системот за управување со кризи ќе се реформира, одлучи Владата, а тоа ќе се направи преку спојување на Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи. Нешто, кое, според Владата, ќе придонесе кон поефикасен кризен менаџмент во иднина. Во меѓувреме, пожарите не стивнуваат, а температурите и натаму се екстремно високи.   Премиерот Христијан […]

Самостојна изложба на Доротеј Нешовски во МКЦ


Самостојна изложба „Ноќна шума: неизвесни значења и патот низ непознатото“ на уметникот Доротеј Нешковски вечер ќе биде отворена во Младинскиот културен центар (МКЦ). – Својата најнова уметничка продукција, која Доротеј Нешовски ја насловува како „Ноќна шума“, е продолжување на неговите истражувачки методи долгорочно посветени на трансформативниот потенцијал на неколку едонставни формални елементи и материјали со […]

Координација на скопските градоначалници, во фокусот актуелните состојби во главниот град


На иницијатива на градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски денеска во просториите на Општината ќе се одржи координација со скопските градоначалници. Темата на прес-конференцијата, како што е најавено, ќе бидат актуелните состојби во главниот град.  Премиерот Христијан Мицкоски вчера од Општина Аеродром порача институциите што се под надлежност на Град Скопје да си ја […]

Зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце


  На граничниот премин Табановце за излез и за влез во државава има  зголемена фреквенција на возила. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања, соопшти утрово Автомотосојузот на Македонија. АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози и дека е зголемен интензитетот на сообраќај на патните правци […]

Продолжуваат горештините, денеска до 41 степен


Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Попладне ќе има услови за локална појава на краткотраен пороен дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21, а максималната ќе достигне од […]

Адвокатот на осомничениот за тероризам во Виена вели: Властите го преувеличаа случајот


Адвокатот на главниот осомничен за планирање на нападот пред концертот на американската поп ѕвезда Тејлор Свифт во Виена, денеска изјави дека властите го преувеличиле случајот. Осомничениот 19-годишен Австриец, чие име не е објавено поради австриските правила за приватност, беше уапсен минатата среда, а организаторите ги откажаа сите концерти на пејачката кои требаше да се одржат на […]

Мицкоски имал дополнителни информации дека ДУИ дека се мобилизира за дестабилизација, за СДСМ само глуми конфликт


Премиерот христијан Мицкоски тврди дека  располага со дополнителни информации околу планот на ДУИ, според кој партијата се обидува да анимира критична маса во соседството која би ги поддржала на протести за дестабилизација на земјата. Но, Мицкоски вели дека доколку има насилство, државата и институциите ќе одговорат соодветно за да го заштитат територијалниот интегритет и суверенитет […]

Украина контролира 74 населени места на руска територија


Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска изјави дека неговата земја контролира 74 населени места на руска територија, каде што украинските сили минатата недела започнаа изненадувачка офанзива која принуди десетици илјади цивили да побегнат. „И покрај тешките и интензивни борби, напредокот на нашите сили во областа Курск продолжува. Има 74 населени места под контрола на Украина,“ […]

Африкански центар за превенција на болести: Потребни се милиони вакцини против мпокс


 Африканскиот центар за контрола и превенција на болести денеска прогласи вонредна состојба во областа на јавното здравје поради епидемијата на мпокс (мајмунски сипаници). Заразата се проширила од Демократска Република Конго во соседните држави, јавуваат локални медиуми. Највисокиот здравствен орган на Африка минатата недела предупреди за загрижувачката брзина на ширење на вирусната инфекција, која се пренесува […]

Измените на Законот за урбанистичко планирање биле за да се префрлат ветените средства на општините, вели Николоски


Измените на Законот за урбанистичко планирање се носат токму сега затоа што вчера беше донесен ребалансот на Буџетот, денеска помина Законот за финансирање на единици на локална самоуправа и ние веднаш сакаме да го реализираме нашето ветување дека ќе им пуштаме средства за општините. Оваа година за преостанатите четири месеци ќе им префрлиме 100 милиони […]

Бројот на пожарите не се намалува, апел до граѓаните да бидат исклучително внимателни


Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, информираше дека бројот на пожарите не се намалува и според досегашното искуство, како што рече, се очекуваат и нови. Тој апелираше граѓаните да бидат исклучително внимателни, да не предизвикуваат пожари, а доколку забележат пожар веднаш да го пријават. Ангелов денеска информираше дека во текот на вчерашниот […]

Владата обезбеди 52 милиони денари за справување со пожарите


Владата обезбеди 52 милиони денари од државните резерви за 2024 година за зголемување на буџетот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) за подмирување на трошоците за гаснење на пожарите. Поради пожарите, продолжена е и кризната состојба на целата територија на државата, соопштија од Владата по денешната седница.   Од овие 52 милиони денари, 41 […]

Спасов: Ахмети е како „Калимеро нема правда“


Ахмети на својот настан за обележување на 23 годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор ни порача дека „Македонците како народ можат да напредуваат само ако се во добра комуникација и хармонија со Албанците. Во спротивно ќе бидат проголтани од Србите. Бугарите и Грците”. Колку и никој да нема ништо против добрата комуникација на Македонците […]

Еврото на рекордно ниво во однос на доларот во последните седум месеци


Денеска европската валута е на највисоко ниво во последните седум месеци во однос на доларот, покажуваат податоците на берзата. Во 16 часот и 40 минути еврото се продаваше на меѓународната берза Forex (Forex) за 1,095 долари, што е за 0,14 отсто повисоко од вчера и највисоко од јануари годинава. Тековните податоци за инфлацијата на производителите […]

Донесени измените на Законот за урбанистичко планирање, повик до Сиљановска да не го потпишува указот


Со 64 гласа „за“ и 11 „против“ денеска во Собранието се изгласаа експресно измените на Законот за урбанистичко планирање.  „О2 Иницијатива“  ја повика претседателката Гордана Сиљановска-Давкова да не го потпишува указот за прогласување на овој закон и да го врати на повторно разгледување во Собранието, со задолжителна јавна расправа.  „Овој закон е донесен по скратена постапка, иако последиците […]

Развиен „паметен“ инсулин – реагира само кога е потребно и ќе се дава еднаш неделно


Научниците развија нов тип на „паметен“ инсулин кој реагира и се активира само кога се менува нивото на шеќер, што би можело суштински да влијае на здравјето и квалитетот на животот на милиони луѓе ширум светот, пренесува „Гардијан“. Пациентите во моментов мора да инјектираат синтетички инсулин неколку пати во денот, а постојаната флуктуација помеѓу високото и […]

Вибер воведе нова опција – бришење пораки без трага


Вибер им понуди на корисниците нова услуга, која ќе им помогне неприметно да ги отстранат трагите од нивните пораки. Функцијата „Избриши без трага“ е достапна за корисниците на Вибер Плус, а останатите можат да ја испробаат бесплатно 30 дена. Оваа услуга им овозможува на корисниците дискретно да ги бришат испратените пораки, без разлика дали примачите […]