Повеќе скопски села утре без струја


Корисниците од реонот Крушопек – Лака во општина Сарај утре од 8:30 до 12:30 часот ќе останат без напојување со електрична енергија. Од 6:30 до 14:30 часот без струја ќе бидат и корисниците од селата Таор, Студеничани, Морани, Ново Село, Градовци, Гумалево, Орешани, Смесница, Тисовица, Дејковци, Добрино, Пакошево и ЖТП Зелениково – Јане Сандански. Како […]

И Мицкоски се срами од Скопје полно со ѓубре


  „Да се случи тоа, Градот Скопје не успеа да ја врати навремено ратата која што беше дел од обврските за набавка на автобусите во минатото, таа е во висина нешто од над 50 милиони денари основен долг. Основниот долг е некаде околу 42, 43 милиони денари, другото е камата“, вели Христијан Мицкоски, претседател на […]

Камала Харис е „убава“ на насловната страна на „Тајм“, вели Доналд Трамп


Доналд Трамп ја спореди фотографијата на Камала Харис на насловната страница на магазинот Тајм со неговата сопруга Меланија за време на интервјуто со Илон Маск. Поранешниот претседател го нападна својот ривал за Белата куќа за неколку прашања, но се чинеше комплементарно кога се осврна на илустрацијата на публикацијата за г-ѓа Харис. „Таа многу личеше на […]

Данела продолжува да дели откази во Градот – на удар директорите на „Дрисла“ и на „Паркови и зеленило“


Директорот на депонијата „Дрисла“, Александар Кузинаков, крена раце од директорската позиција, дознава „Скопје1“. Кузинаков е вториот директор кој не сака да продолжи да ја извршува директорската позиција, откако вчера тоа го направи директорот на ЈП „Паркови и зеленило“. Кој ќе ги наследи – градот кој Арсовска го „приватизираше“, не соопштува. Претходно, таа ги разреши директорите […]

Укинато зголемувањето на нотарските тарифи


Се укинува зголемувањето на нотарските тарифи, соопшти денеска владината служба. Владата на денешната редовна седница ја разгледа и ја усвои Одлуката за престанување на важење на согласноста за зголемување на нотарската тарифа. – Според информацијата, претходната Одлука на Владата од 6 јуни, со која се покачија нотарските тарифи беше оценето дека е избрзана и предизвика […]

Донесени законските измени со кои се укинуваат економските директори во здравстените установи


Со 71 глас „за“ и еден „против“ пратениците денеска го донесоа Законот за изменување на Законот за здравствената заштита, со кој се укинуваат економските директори. На денешната седница беше усвоен и Законот за прогласување на Охридско Езеро за споменик на природата, како и Законот за прогласување на Kањон Матка за споменик на природата. Пратеникот Петар […]

Возач на автобус на ЈСП осомничен за предизвикување тешка сообраќајна несреќа


За предизвикување на вчерашната сообраќајна несреќа во која загина 17-годишно момче, осомничен е возачот на автобусот на ЈСП-Скопје, 51-годишен скопјанец, против кого Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка постапувајќи по кривична пријава. Како што информира државното Јавно обвинителство, „постои основано сомнение дека возачот сторил кривично дело – тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот […]

Германија останува најголем финансиер на Европската Унија


Берлин – Германија минатата година во буџетот на Европската Унија уплатила значително повеќе од она што го потрошила, наведува Германскиот економски институт кој ги анализирал податоците на Европската комисија. Во 2023 година, Германија во буџетот на ЕУ уплатила околу 17,4 милијарди евра повеќе од она што го примила, со што останува најголемиот нето придонесувач. Годината претходно, […]

Починато момче пронајдено во влез на зграда во Центар


 Починато момче синоќа било пронајдено во влез на станбена зграда на подрачјето на Центар. Како што се наведува во денешниот МВР билтен, случајот синоќа во 22:25 часот бил пријавен во СВР Скопје. Според пријавата, починатиот е И.С.(22) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на […]

Мицкоски сака со трет мобилен оператор да го заштити стандардот на граѓаните


Како Влада мора да работиме да го заштитиме стандардот на граѓаните и да ги подобриме услугите кои ги добиваат. Токму тоа е причината што се обидуваме да внесеме трет мобилен оператор на пазарот.  Сега е само на ниво на интерес и информација и немаме никаков конкретен чекор, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски. -Доколку има некаков […]

ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје ќе контролира и ќе казнува незаконско одлагање на отпад


Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје информира дека од денеска ќе ја засили својата контрола на терен, а од Градот Скопје ќе побараат да се засили инспекцискиот надзор со цел откривање и санкционирање на незаконското одлагање на отпад во нивните садови.  Апелираат до сите општини во Град Скопје да внимаваат на законските обврски и можности за […]

По фијаското со назначувањето на Верзиволи, сега ќе биде објавен оглас за главен ревизор на ИПА фондови


Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека ќе биде објавен конкурс за позицијата главен ревизор на ИПА Фондовите, по разрешувањето на Афрона Верзиволи, предложена како кадар на коалицијата „Вреди“, бидејќи не поседувала лиценца за ревизор. На нејзино место Владата го именуваше Aрбен Рамадани, како в.д., кој е самостоен ревизор во Секторот за унапредување на ревизијата. За […]

Путин го назначи својот поранешен телохранител за командант на одбраната на Курск


Рускиот претседател Владимир Путин назначил еден од своите поранешни телохранители за раководител на операцијата против украинското навлегување на руска територија, пишува британскиот весник „Дејли Телеграф“. Алексеј Дјумин, кој лично го обезбедувал Путин за време на првите два мандата, се смета за најверојатен наследник на лидерот на Кремљ. Тој е именуван за „куратор на операцијата за […]

Гори на Осоговските Планини, зафатени 100 хектари со борова и дабова шума


Нов шумски пожар избувна на падините на Осоговските Планини, во атарот на кочанското село Пресека. Во гаснењето се вклучени Територијалните противпожарни единици од Кочани и Македонска Каменица, како и службите од Шумското стопанство „Осогово“ и доброволците од ДПД – Кочани. -Дејствуваме со триесетина луѓе повеќе од 15 часа на тежок, непристапен терен каде гори високостеблеста […]

УЈП почна да доставува опомени за неплатен долг за данок на личен доход од ГДП за 2023


Управата за јавни приходи (УЈП) почна со доставување опомени за неплатен долг на даночните обврзници – физички лица кои должат по основ на утврдена обврска за плаќање во Годишната даночна пријава за утврдување на данокот на личен доход (ДЛД ГДП) за 2023 година. УЈП информира дека со состојба на денешен ден, по овој основ 3.042 […]

„Го посетив најголемиот остров на змиите во Европа“: Репортажа на патеписец од БиХ за Голем Град (видео)


„Недалеку од познатиот Охрид, постои мистичен остров на змии каде што со векови немало луѓе и каде со текот на годините се развивала дивата флора и фауна, создавајќи посебен свет што нема да го видите никаде во Европа, го опишува Роберт Дачешин островот Голем Град на Преспанското Езеро. „Дали сте слушнале за Голем Град? Островот […]

Овие работни места ќе бидат најбарани во 2025 година


Поминуваме низ многу динамичен деловен и економски период и никој не може со сигурност да знае кои професии и работни места во која година ќе преовладуваат, кога се ќе се среди и повторно ќе влеземе во „помирни води“. Ако тоа некогаш се случи, со оглед на постојаните промени во многу области, пред се технолошки. Сепак, […]

Димитриеска-Кочоска: Со ребалансот капиталните расходи остануваат на ист износ, направена е пренамена


Капиталните расходи со Ребалансот на Буџетот за 2024 година не се засегнати. Бројките покажуваат дека износот е ист, само е направена пренамена кон проекти коишто се очекува да имаат забрзана динамика. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостување во „Тема на денот“ во Дневникот на Сител. „Кога ќе ги погледнете бројките може […]

ДКСК откри ризици за корупција во изборниот процес


Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) во Извештајот за утврдените состојби во финансирањето на Претседателските избори 2024 година констатирала бројни недостатоци во правната и административната рамка што го регулираат изборниот процес и финансирањето на изборните кампањи во државата. И покрај постоењето на законска регулатива, значителни проблеми во имплементацијата создаваат ризик за корупција. -Ова е особено изразено […]

Ристовски: Отсега ќе финансираме талентирани идни олимпијци, а не олимписки туризам


 Нема да финансираме олимписки туризам како што ни се случува во моментов, туку ќе ги форсираме најталентираните, ќе ги финансираме нивните програми, но ќе бараме и соодветни резултати. Комплетно ќе го смениме пристапот. Ќе направиме целосна анализа на сите потенцијални следни олимпијци и ќе се фокусираме на нив, најави денеска министерот за спорт Борко Ристовски. […]