„Го посетив најголемиот остров на змиите во Европа“: Репортажа на патеписец од БиХ за Голем Град (видео)
„Недалеку од познатиот Охрид, постои мистичен остров на змии каде што со векови немало луѓе и каде со текот на годините се развивала дивата флора и фауна, создавајќи посебен свет што нема да го видите никаде во Европа, го опишува Роберт Дачешин островот Голем Град на Преспанското Езеро.
„Дали сте слушнале за Голем Град? Островот на Преспанското Езеро, познат и како Змиски остров, се наоѓа во Македонија, на само неколку километри од Грција и Албанија. Покрај големата концентрација на змии, како што се поскоците, островот е богато живеалиште за други ретки растителни и животински видови. Исто така, крие некои историски и значајни археолошки остатоци и е вистинско богатство за истражувачите, биолозите и авантуристите“, нè запознава со приказната за Роберт Дачешин, патописец од Босна и Херцеговина чии извештаи на YouTube се особено привлечни.
Пред неколку месеци, во морето од прекрасни, но и возбудливи дестинации, патувањето на Роберт го однесе до Голем Град, остров со големина од околу 20 хектари кој е прогласен за природен резерват поради неговите специфични геоморфолошки карактеристики и посебните растенија и животни. Островот ја буди љубопитноста на оние кои сакаат змии и желки. Иако во меѓувреме ситуацијата е променета, кај Голем Град се уште нема многу посетители.
„Недалеку од познатиот Охрид, постои мистичен остров на змии каде што со векови немало луѓе и каде со годините се развивала дивата флора и фауна, создавајќи посебен свет што нема да го видите никаде во Европа“, опишува Дачешин, додавајќи дека до неодамна само биолозите можеле да посетат островот. Денес, има околу 7.000 неотровни водни змии, 2.000 поскоци (100 змии на хектар, што е многу густа популација) и нешто повеќе од 2.000 желки.
Само 750 метри долг и 450 метри широк, живописниот остров е опкружен од сите страни со карпи и пештери високи 20 до 30 метри. Над нив е плато со два рида на север и југ од островот. Таму може да се видат неколку урнатини и црква која е прогласена за споменик на културата. Како изгледа медитеранската оаза на змии од прва рака, погледнете во видеото.