Оливера Наковска-Бикова единствена македонска спортистка на Параолимписките игри во Париз


Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги прими македонската параолимпијка, Оливера Наковска Бикова и тимот што ќе ја придружува на претстојните Параолимписки игри, од 28 август до 8 септември, во Париз. На средбата со Наковска Бикова, која е единствена македонска спортистка на Параолимписките игри, претседателката Сиљановска Давкова беше запозната со подготовките, предизвиците и очекуваните резултати во трите стрелачки дисциплини во […]

Борбата против потпалувачите мора да биде жестока, вели Ангелов


Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов, упати апел до граѓаните доколку забележат потпалувачи или сомнително движење, да го пријават на бројот 112 или во најблиската полициска станица. – Ги повикувам сите граѓани доколку забележат сомнително однесување, односно некое лице им е сомнително дека можеби подметнува пожар или е невнимателно, пали стрниште […]

Еве во кој македонски град Северина ќе одржи концерт на 28 август


Регионалната поп-ѕвезда Северина, на радост на македонските фанови, ќе одржи концерт во Македонија на 28 август. Не е во Скопје ниту во Охрид.  Општина Крива Паланка годинава е носител на манифестацијата „Град на културата”, а покрај богатата програма, особено во август, од општината го најавија и големиот концерт на хрватската пејачка Северина, за 28 август, […]

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја презема власта во Скопје преку владин повереник


Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, по координацијата со другите скопски градоначалници соопшти дека ќе побараат од Владата на следната седница да стави точка на дневен ред во која ќе се разгледува состојбата во Градот Скопје, заедно со барањето  да се одземат ингеренциите на градоначалничката Данела Арсовска, најпрво во  во ЈП „Комунална хигиена“ и ЈП […]

Од утре попладне и за викендот нестабилно, со пороен дожд и грмежи


И утре ќе се задржи многу топло време со максимална температура наместа над 40 степени и ќе биде активно портокаловото ниво за опасност од високи температури, информира УХМР. Од утре и во следните денови во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме. Според […]

(Видео) Изјави на скопските градоначалници за одземање на ингеренциите на ЈП за комунална хигиена и паркови и зеленило


Градоначалниците на скопските општини на денешниот координативен состанок донеле одлука да се достави предлог до Владата и до Министерството за животна средина да ги одземат ингеренциите на Јавните претпријатија за комунална хигиена и паркови и зеленило. Како што информираше градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, по денешниот координативен состанок, донеле одлука да побараат предавање […]

Луан Старова за Скопје и Охридското езеро: Француска ТВ ја раскажа приказната за егзилот и мостовите меѓу народите (видео)


„Invitation au voyage“ (Покана за патување), емисија на познатиот француски телевизиски канал TVArte посветен на културата, каде се претставуваат  различни земји во светот, преку истакнати личности, овој пат избра да ги претстави Скопје и Охридското Езеро, преку творештвото и личноста на писателот, академик и амбасадор Луан Старова, по повод денот на раѓањето (14.08.1941). Како што […]

Министерството за одбрана најтранспарентно, Владата паднала од прво на 40-то место


 Просечната активна транспарентност на министерствата, на Владата и на општините за 2024 година изнесува 80 проценти и во однос на лани е подобрена за 4 отсто, покажува  Индексот на активна транспарентност за 2024 година што го изработува Центар за граѓански комуникации. Според Индексот, активната транспарентност на министерствата и Владата изнесува 86 проценти, а на општините […]

Пратениците од утре на одмор, Собранието до 2 септември ќе заседава само за итни потреби


Од утре до 2 септември пратениците официјално ќе го користат годишниот одмор, кој годинава е со задоцнување поради ребалансот на Буџетот. Вообичаено пратениците секоја година се на одмор од 1 август до почетокот на септември.  – Пратениците ќе бидат на одмор од 15 август до 2 септември, но бидејќи Собранието е во постојано заседание не […]

Место паркинг добија депонија: Тетовци револтирани на Општината


На депонија наликува просторот помеѓу четирите згради на самиот плоштад во Тетово попознати како „Чешел“, а станарите велат дека така станало поради неисполнетото ветување на општинските служби дека тука наместо нивните лимени гаражи ќе се уреди местото како поголемо паркиралиште. Тие добиле решенија да ги отстранат нивните лимени гаражи, што го направиле, но велат, тоа […]

Топлотниот бран неповолен за земјоделството, наводнувањето приоритет


Топлотниот бран со температури над 40 степени што ја зафати државава е неповолен за земјоделството. Потребите за вода се големи, посебно за пролетните и окопните култури, а највеќе за пченката и сончогледот кој е во фаза на исполнување на зрното. Според агрометеоролозите, приоритет на земјоделците во овој период треба да биде наводнувањето, но мора да […]

Постолимписката депресија е вистинска, дебитантите се најпогодени


Постолимписката депресија останува табу тема и има многу непријавени случаи на депресија по натпреварувањето, велат експертите. „Тоа е добро познат модел на санта мраз. Гледате дека неколку луѓе зборуваат за тоа, но не го гледате мнозинството“, изјави психологот Марион Суприцио за Дпа. Според експертите од германскиот спортски универзитет во Келн, постојат многу опции кои можат […]

Експерти од НБ учествуваа во изготвувањето водич за климатските ризици за централните банки


Во рамки на членството во Меѓународната мрежа за зелен финансиски систем (NGFS), експерти од Народната банка учествуваа во изготвувањето на Водичот за обелоденување на ризиците и можностите поврзани со климатските ризици за централните банки (Guide on climate-related disclosure for central banks – second edition). Водичот ги обработува четирите аспекти на вградување на климатските ризици при […]

ВМРО-ДПМНЕ до Арсовска: Поддршката на јавноста ти е на ниво на статистичка грешка!


„Кој е како Данела Арсовска. Седи, добива плата и провизии, а Владата и ги плаќа ратите за автобуси кои Арсовска не е способна да ги плаќа. Кадрите на Драги Митковски го водат градот, освен кога Арсовска не му е лута и му ги разрешува, а него му гори возилото, согласно омилениот метод на Арсовска за […]

Почина Ричард Лугнер, милијардерот кој канеше ѕвезди на Виенскиот оперски бал 


Виена- Симоне Рајландер, која се венча со австрискиот милијардер Ричард Лугнер нешто повеќе од два месеци пред неговата смрт, му оддава почит на својот покоен сопруг. Рајландер (42) во знак на сеќавање на  Лугнер во понеделникот, 12 август, се прости од него со срдечна објава на Инстаграм, кој почина претходно истиот ден на 91-годишна возраст. […]

За едно време кога имавме и иднина


Последните години од животот Блаже Конески често навраќаше во Клубот на пратениците на партија преферанс, или на средба со своите пријатели. Во длабоко сеќавање ми остана една случка на која бев сведок и која соочувајќи се секојдневно и со нашата реалност, секогаш кога станува збор за иднината на Македонија, ми предизвикува јанsи од едно претчувство […]

Данела до Мицкоски: Ќе го решаваш хаосот што сам го креираше!


„Ја поздравуваме најавата на претседателот на Владата Христијан Мицкоски и го охрабруваме во најбрз можен рок да преземе одговорност за нарушените состојби во главниот град, кои што ги креираше“, порача Град Скопје во име на градоначалничката  Данела Арсовска што ВМРО-ДПМНЕ кое ја донесе на власт, сега секојдневно ја прозива и започнува битка за нејзините ингеренции, […]

Стареат со стил: Пит и Клуни позираат во винаријата во Франција за која се тужат Бред и Џоли


Коренс – Бред Пит го покани другарот Џорџ Клуни и персоналот на GQ во неговата француска винарија на фотосесија среде неговата правна битка со Анџелина Џоли за имотот. Пит (60) и Клуни (63) повторно се обединуваат во претстојниот филм „Волци“, а актерите зборуваат за нивното долгогодишно пријателство во нова насловна приказна за септемвриското издание на […]

Ангелов ги испрати „ер тракторите“’ од Кипар кои помагаа во гаснењето на пожарите


Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов, утрово ги испрати пилотите и останатиот воздухопловен персонал на двата ПП авиони „ер трактор“ од Кипар, информираа од ЦУК. Како што наведуваат во соопштението, според техничките можности на воздухопловите и персоналот, двата „ер трактор“ авиони го дадоа својот максимум во справувањето со пожарите во земјава. […]

Јанчев: Коалицијата ДПМНЕ и ДУИ повторно заедно


Откако вчера во Собранието ВМРО-ДПМНЕ изгласаа формирање на нова комисија за следење на правична застапеност на етничките заедници, реагираше партијата Левица.   „ДПМНЕ најави укинување на балансерот, а вчера на ДУИ им основаа собраниска комисија која ќе ја врши функцијата на балансерот. И овој договор падна кога се гласаше реорганизација на Владата и се формираа […]