Се доделуваат 20 стипендии „Борис Трајковски“ за постдипломски студии во Солун


Министерството за образование и наука доделува 20 стипендии „Борис Трајковски“, за студии од втор циклус за МБА програма со двојна диплома од Универзитетот Јорк и Универзитетот во Стразбур, која се реализира во Солун, Република Грција. Стипендиите се доделуваат под покривителство на Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија и се однесуваат за академската 2024/2025 година, […]

Кривична пријава против полицаец во Скопје за „обљуба со злоупотреба на положбата“


Полицаец во Скопје е осомничен за „обљуба со злоупотреба на положбата“, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи. – На 31 јули, околу 22.30 часот на булеварот „Крсте Мисирков“ во Скопје, пријавениот вршел сообраќајна контрола и ја злоупотребил својата положба на тој начин, што откако оштетената го запрела возилото на негов знак, ја отворил вратата […]

Во Франција се урнаа два борбени авиони „Рафал“


Париз – Два француски борбени авиони „Рафал“ се урнаа денеска во источна Франција, изјави министерот за одбрана Себастиен Лекорну. Тој на социјалната мрежа Икс објави дека несреќата во која учествувале два авиони „Рафал“ се случила во департманот Меурте и Мосел, западно од градот Стразбур. „Еден од пилотите е пронајден, тој е здрав. Потрагата сè уште трае“, […]

Годишната стапка на инфлацијата во САД се намали на 2,9 отсто во јули, и е најниска од 2021 година


Годишната стапка на инфлацијата во САД во јули се намали четврти месец по ред, овој пат од три отсто во јуни на 2,9 отсто и сега е најниска од 2021 година, објави денеска Американското биро за статистика на трудот. Експертите очекуваа инфлацијата да остане непроменета на три проценти во јули. Транспортот во САД порасна за […]

Владата ги продолжи мерките и препораките за заштита од високите температури и за четврток


Владата ја разгледа и усвои Информацијата за продолжување на дополнителните мерки за превенција поради топлотниот бран и за четврток. Oслободување од работни обврски за најралнивите групи на населениението: бремените жени и лица на возраст над 60 години за ден 15.08.2024 година (четврток). Во истиот период, работодавачите да ги реорганизираат работните активности на градежните работници и […]

Четири возила се судрија на експресниот пат Штип – Радовиш


Четири возила, од кои три патнички и едно товарно, попладнево се судрија на експресниот пат Штип – Радовиш. Од СВР – Штип ја потврдија сообраќајната несреќа без да соопштуваат подетални информации, со оглед што на лице место сè уште трае увидот и утврдувањето на околностите поради кои дошло до судирот. Според првичните сознанија во сообраќајката […]

Град Скопје: Мицкоски нема кредибилитет за нови ветувања откако го призна името од Преспа


 Градот Скопје попладнево преку објава на социјалните мрежи реагира на најавите да и се земат ингеренциите на градоначалничката Данела Арсовска, со порака дека премиерот Христијан Мицкоски нема кредибилитет да зборува за ветувања откако, како што оценуваат, го признал Преспанскиот договор иако три години ветувал дека кога ќе дојде на власт ќе го врати името. Од […]

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ си прават дилови, балансерот надграден место да биде укинат


Само ден откако група пратеници на ДУИ поднесоа предлог за основање на Комисија на Собранието  за следење на соодветната и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници, на вчерашната  седница пратениците од владејачкото мнозинство експресно ја усвоија оваа иницијатива што пак предизвика остри реакции кај опозицијата и сомневања дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ соработуваат […]

„Кога модата ја следи архитектурата“ – Евгенија Зафировска со нова колекција инспирирана од Брач


Евгенија Зафировска ги спои природата и архитектурата во новата модна колекција полна со иновации и рачни техники. „Во колекцијата „Кога модата ја следи архитектурата“, облеката ја претставувам како тело – архитектура, создадов „носливи предмети“. Преку истражување, пристапив и ја најдов најблиската врска помеѓу архитектурата и модата преку создавање на 3Д структура и простор за телото, […]

Иџет Мемети од Советот на обвинители призна вина за да не оди во затвор


Иџет Мемети, кој е член на Советот на јавни обвинители, признал дека сторил кривично дело примање награда за противзаконито влијание, во случајот каде обвинет е и врховниот судија, Наќе Георгиев.   Мемети се спогодил со Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција со предлог до Кривичен суд да му се одреди условна осуда и забрана […]

Шеснаесет решенија за забрана за работа за непочитување на препораките за заштита од топлотниот бран


Државните инспектори за труд вчера и завчера изрекле 16 решенија за забрана за работа за непочитување на препораките за заштита од топлотниот бран, откако затекнале активности на работници директно изложени на високи температури во период од 11 до 17 часот, информираа за МИА од Државниот инспекторат за труд (ДИТ). Во тек на инспекциските надзори спроведени […]

Две згради на улица „Јуриј Гагарин“ во Карпош добија нови фасади


Општина Карпош ги реконструира фасадите кои не се обновени уште од 1980 година, изјави денеска градоначалникот Стевчо Јакимовски. Тој образложи што се работи во моментов и што е планирано да се реконструира во иднина. – На улицата ,,Јуриј Гагарин” се реконструирани две станбени згради со број 47 и 49, а претходно беше реконструирана фасада на […]

Авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци в петок и сабота во Скопје


Авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје, ќе се реализира в петок и сабота во раните утрински часови. Информацијата е објавена на веб-страницата на Град Скопје. – Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот […]

Мицкоски повторно се сретна со Гренел, разговарале за „Чебрен“


Премиерот  Христијан Мицкоски, придружуван од министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, остварија средба со поранешниот директор за национално разузнавање на САД, Ричард Гренел.   „На средбата се дискутираше за актуелните случувања во регионот на Западен Балкан, при што беше истакнато значењето на одржување на мирот, безбедноста, стабилноста и продлабочување на односите и соработката меѓу државите […]

Битолчани летово боледуваат од респираторни заболувања како да е зима


БИТОЛА – Битолчани ова лето боледуваат од вирусни и бактериски инфекции како да е зима. Сѐ поголем број граѓани бараат лекарска помош, заради респираторни инфекции, а веќе има и регистрирани заболени од ковид и тоа според статистиката најголем дел од нив се бебиња и мали деца. „Од тестираните во овој период имаме потврдени случаи на […]

Мајкл Болтон остаре „преку ноќ“ – уште заздравува по операцијата на тумор на мозок


Мајкл Болтон (71) ги уверува загрижените фанови дека е добро. Обожавателите на пејачот се загрижија откако некој пријавил дека неколку полициски автомобили биле во домот на Болтон во Конектикат во вторникот, 13 август. Но, Болтон (71) директно одговори, потврдувајќи дека е добро. “Сè е добро! Само се подготвувам за мал проект за пејзаж 😄. Ви […]

„Марс“ го купува производителот на „Принглс“ за повеќе од 29 милијарди долари


Американскиот производител на кондиторски производи и храна „Марс“ се согласи да го купи „Келанова“, производител на „Принглс“ (Pringles), за повеќе од 29 милијарди долари во едно од највредните преземања во годината, јавуваат британските медиуми. Американскиот конгломерат, познат по слатките како што се M&M’s, Snickers и Skittles, планира да плати 83,50 долари за уделот на „Келанова“. […]

На 19 август настапува пресвртница: Што ни носи Сината Месечина?


Ако вашата натална карта на раѓање покажува дека имате планети во фиксни знаци, полната месечина во Водолија би можела да има големо значење за вашиот иден живот. Следната полна месечина се случува на 19 август 2024 година, а тоа е таканаречената Сина Месечина, која овој пат ќе биде на полето на хороскопскиот знак Водолија. Овој […]

Полска и Ирска со највисок економски раст во еврозоната во вториот квартал


Економијата на еврозоната порасна за 0,3 отсто на квартална основа во вториот квартал од оваа година, исто како и во претходното тримсечје, што значи дека закрепнувањето продолжува, покажаа во средата првите проценки на Евростат. Економијата на ЕУ исто така порасна за 0,3 отсто на тримесечна основа во вториот квартал, по растот од 0,3 отсто во […]

Американците ја доживуваат Харис како почесна и подисциплинирана од Трамп


Вашингтон – Американската потпретседателка Камала Харис има благо водство пред Доналд Трамп во неколку сојузни држави, покажува новата анкета на Асошиејтед прес и Националниот центар за истражување на јавното мислење, иако Американците сè уште малку повеќе му веруваат на поранешниот претседател во однос на економијата и имиграцијата, пренесе БТА. Речиси половина од Американците велат дека „посветен […]