Пороен дожд и грмежи во Охрид, Свети Николе и Струмица


Невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и град има вечерва во централниот дел на Пелагонија.  Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), пред еден час нестабилно со пороен дожд и грмежи беше во подрачјето на Охрид, Свети Николе и Струмица. – Процесите немаат одреден правец на движење. Северно од Скопје почнува […]

Речиси половина од Европејците стравуваат дека работните места ќе исчезнат поради вештачката интелигенција


Речиси половина од европските граѓани стравуваат дека вештачката интелигенција ќе ги згасне работните места, покажа истражувањето на осигурителната компанија Алијанц, спроведено во шест европски земји. Нешто помалку од половина од испитаниците, 46 отсто од нив, очекуваат дека вештачката интелигенција ќе го намали бројот на работни места, покажа истражувањето на Allianz Research. Само една третина од […]

Исплатени субвенциите за пченица, јачмен, сончоглед, маслодајна репа и афион, како и за предадено овошје


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски соопшти дека се исплатени субвенциите за мерките 1.3 и 1.10 од Програмата за 2023 година. Средствата, информира, од денеска веќе ќе им бидат на располагање на земјоделците. Според Трипуновски, денеска се исплатени 252.234.467 денари за мерка 1.3 кон 4 328 земјоделци за остварено производство на пченица, јачмен, […]

Дилон: Бајден „апсолутно“ останува во трката за Белата куќа


Претседателот Џо Бајден „апсолутно“ останува во трката за Белата куќа, изјави денеска шефицата на неговата кампања Џен О’Мали Дилон. Таа додаде Бајден е попосветен од кога било да го победи Доналд Трамп. Нејзината изјава уследи по зголемениот притисок од демократите Бајден да се повлече од трката за реизбор поради неговата возраст и здравје. 

Невреме со силен ветер, дожд, град и електрични празнења попладнево во Дебарско


Попладнево Дебарско го зафати невреме проследено со силен дожд, ветер, град и електрични празнења. Улиците беа преполни со вода, има паднати гранки од неколку дрвја, но за среќа штетите кај земјоделските посеви, според надлежните, се незначителни, поради малиот обем на зрната град. – Засега нема пријави на поголеми штети. Не се исклучува да има поплавени […]

Што значи „Син екран на смртта“ со кој денеска беа пречекани компјутерските корисници ширум светот


При стартување на компјутерот, денес многумина ги дочека син екран со порака за грешка. При стартувањето компјутер со оперативен систем Виндоус (Windows), многу деловни компјутери добија предупредување за проблеми на позадина на син екран. Овој феномен е познат како Синиот екран на смртта (BSoD), т.е. Blue Screen of Death, кој се појавува на компјутерите со […]

Иницијатива од Битола: Собранието седниците да ги почнува со македонската химна


Независната советничка од групата „Поинаку“ во Советот на Општина Битола, Габриела Илиевска денеска побара Советот да поднесе иницијатива седниците во Собранието на Македонија да започнуваат со македонската химна. Таа исто така, бара химната да се интонира и пред секоја седница на Владата. „Доколку оваа иницијатива не ја потпише градоначалникот, бидејќи редовно ни ги враќа, ги […]

Пожар кај „Пашин мост“, сообраќајот во прекин


Опожарена е сува трева на регионалниот пат Велес – село Извор, кај место викано „Пашин мост“, информираат попладнево од АМСМ. – Поради пожар на сува трева на двете страни на патот, сообраќајот е во целосен прекин, се појаснува во соопштението. Прекинот во сообраќајот е евидентиран во 15:25 часот. 

Планот на Лајен за проширување не се совпаѓа со анализите на институтите на ЕУ


 Реизбраната претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во својата програма истакна дека „проширување“ на Европската унија ќе биде една од нејзините клучни геостратешки цели, особено поради руската инвазија на Украина и во суштина ја потврди претходна политика и процедура за можен, но сега забрзан прием на нови земји во членство. Во последната заедничка […]

Топлотниот бран е при крај, но сигурни се само бурите


Екстремните горештини што зафатија многу јужни и источноевропски земји овој месец делумно беа поттикнати од бранот топол воздух од Северна Африка. Се известува дека повеќе луѓе починале во Италија, а предупредувањата за екстремна топлина и смрт остануваат во сила за земјите од Португалија, Романија до Кипар. Но, се очекува смртоносните горештини конечно да се смират […]

Моќниот лидер на Виетнам, Нгуен Фу Тронг, почина на 80 години


  Нгујен Фу Тронг, генерален секретар на виетнамската владејачка Комунистичка партија и најмоќниот политичар во земјата, почина по неколкумесечно лошо здравје, објавија официјалните медиуми во петокот. Тој имаше 80 години. „Генералниот секретар на Централниот комитет на партијата Нгуен Фу Тронг почина во 13,38 часот на 19 јули 2024 година, во Централната воена болница 108 поради […]

Русија го осуди американскиот новинар Еван Гершкович на 16 години затвор за шпионажа


  Регионалниот суд во рускиот град Свердловск го прогласи за виновен дописникот на „Волстрит џорнал“ Еван Гершкович и го осуди на 16 години затворска колонија со максимална безбедност заради шпионажа, пишува РИА Новости. Државното обвинителство побара 18 години затвор за Гершкович. Судот почна да ја разгледува основаноста на случајот на Гершкович на 26 јуни. Само […]

Каков ќе биде крајот на тиранијата на Лукашенко?


ЛОНДОН – Александар Лукашенко е тиранин: Белорускиот диктатор го потисна својот народ. Тој фрли повеќе од 1.400 политички противници во затвор. Неколку високи функционери биле доведени до самоубиство или умреле во неразјаснети околности. Но, Лукашенко е вазал: за да ја задржи контролата врз власта по националните протести против неговиот реизбор пред четири години, тој вети […]

Евростат: Во ЕУ 20 милиони деца во опасност од сиромаштија


 Во 2023 година, речиси 20 милиони деца во ЕУ, или 24,8 отсто од децата  биле во ризик од сиромаштија и социјална исклученост, објави Евростат. На ниво на поединечни земји, најголем удел на деца со ризик од сиромаштија и социјална исклученост во 2023 година е забележан во Романија (39,0 %), потоа во Шпанија (34,5%) и Бугарија […]

ТАВ Македонија: Сите аеродромски системи се во функција и засега нема откажани летови


 Сите аеродромски системи се во функција и засега нема откажани летови, информираат од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, аеродромскиот оператор на двата македонски аеродроми. Оттаму велат дека не се соочуваат со прекини или технички проблеми на нивните системи. – Факт е дека одредени авиокомпании се соочуваат со тешкотии со нивните системи, но ние преземавме […]

Ѓоко Танески по 30 години кариера со прв концерт на Антички во родниот Охрид


В сабота, на 20 јули , во 21 часот, сите патишта водат кон охридскиот Антички театар каде Ѓоко Танески со солистички концерт ќе го одбележи својот голем јубилеј – 30 години кариера. Танески вели дека е среќен што по 30 години музичка кариера, ќе одржи концерт во Античкиот театар .   „Сум имал доста концерти и настапи […]

Која е компанијата поради која цел свет утрово гледаше во син екран


Американската компанија за сајбер безбедност „Краудстрајк“ (CrowdStrike) е најверојатниот виновник за сериозните проблеми со компјутерот и серверот што ги пријавија бројни компании ширум светот во петокот. Како што пренесува The Verge, „Краудстрајк“ објави неисправно ажурирање на софтверот што ги спречува компјутерите да се вклучат и нормално да работат на оперативниот систем Виндоус. „Краудстрајк“ објави дека […]

Штетата што ќе ја претрпи планината Серта од пожарите е епохална за неа


Будно се следи состојбата, има доволно ресурси, доволно луѓе на терен и се надевам дека во текот на денот ќе се стави под контрола пожарот на планината Серта во штипскиот дел, вели заменик генералниот директор на ЈП „Македонски шуми“, Кирил Михаилов кој претпладнево беше во селото Селце. Посочува дека за овој пожар лошо е што […]

Цело семејство дотерано за номинацијата на Трамп – дали Иванка е спремна за Белата куќа


Милвоки- Најстарата ќерка Иванка и зетот, нејзиниот сопруг Џаред Кушнер ги пропуштија првите три дена од конвенцијата на  Републиканската партија , пристигнувајќи доцна во програмата на последната вечер. Иванка Трамп се појави во Милвоки во знак на поддршка на нејзиниот татко, Доналд Трамп, кој ја прифати номинацијата за републикански претседателски кандидат. Непосредно пред парот да […]

Го соборија системот, еве ги последиците: Паднаа акциите на „Краудстрајк“ и на „Мајкрософт“


Акциите на компанијата за сајбер безбедност „Краудстрајк“ (Crowdstrike) паднаа за дури 21 отсто во почетокот на тргувањето, откако големиот технички проблем ги прекина услугите на авиокомпаниите, банките и компаниите за финансиски услуги, ТВ и радио станиците и супермаркетите. За потсетување оваа компанија ја презеде одговорноста за технолошкиот неуспех. Извршниот директор на компанијата за сајбер безбедност […]