Иницијатива од Битола: Собранието седниците да ги почнува со македонската химна

Независната советничка од групата „Поинаку“ во Советот на Општина Битола, Габриела Илиевска денеска побара Советот да поднесе иницијатива седниците во Собранието на Македонија да започнуваат со македонската химна. Таа исто така, бара химната да се интонира и пред секоја седница на Владата.
„Доколку оваа иницијатива не ја потпише градоначалникот, бидејќи редовно ни ги враќа, ги повикувам петте пратеници од Битола кои што се надевам се патриоти и си ја сакаат државата, да достават таква иницијатива и истата да биде предложена и прифатена“, вели Илиевска.
Инаку советот има донесено ваква одлука и секоја седница ја почнуваат со интонирање на химната.