МНР со детали за сообраќајката во Србија, во која загина македонска државјанка


Министерството за надворешни работи и надворешна трговија потврди дека во сообраќајна несреќа вчера во попладневните часови во близина на населеното место Палојце животот го загубило едно лице, додека три лица се повредени. МНР соопшти дека преку Амбасадата на Република Северна Македонија во Белград е информирано дека лицето кое го загубило животот е државјанин на Република […]

СДСМ: Мицкоски да каже дали летал со бизнис класа за Вашингтон


СДСМ прашува дали македонскиот премиер Христијан Мицкоски патувал на Самитот на НАТО за Вашингтон во луксузна бизнис класа со карта која чини над 4.000 евра. Според информациите до кои дошол СДСМ, Мицкоски летал со луксузна класа и уште еднаш го повикуваат да ги покаже пред јавноста сметките од направените трошоци. „Денес го прашуваме јавно, дали […]

Исплатени 24 милиони денари за сончоглед од програмата ИПАРД


Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска ја изврши исплатата за предаден сончоглед од реколта 2023. Исплатени се 389 лица со финансиска поддршка од близу 24 милиони денари. Средствата за оваа исплата се обезбедени од Програмата за интервентен фонд за 2024 година. Корисници на оваа поддршка се земјоделските стопанства кои во производствената […]

Ликвидиран е Фатон Хајризи, убиецот на српскиот полицаец


Потпреседателот на српската влада и министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, објави дека е ликвидиран Фатон Хајризи, Албанец кој уби полицаец во Србија. Припадници на полицијата го убиле убиецот на полицаец во околината на Лозница“, изјави Дачиќ кој излегол на местото на настанот. Ноќта од среда кон четврток, во Лозница беше убиен 34-годишниот полицаец Никола […]

Изгаснат пожарот кај „Бисер“ во скопски Аеродром – вчера се поплави, денеска се запали


По брзата интевенција на противпожарната бригата, изгаснат е пожарот во подрумските гаражни простории. Во текот на денот ќе се утврдува штетата за пожарот. Не се исклучува причина да биде и проблем со електричната инсталација. Имено, како што извести ТВ 24 пред половина час избил пожар при што беа зафатени гаражни простории под трговскиот центар „Бисер“. Две екипи на […]

Нови 26 случаи на голема кашлица, вкупно 931 случај во државава


 Нови 26 случаи на пертусис, позната како голема кашлица, се пријавени во периодот од 12 до 18 јули, што претставува намалување од 35,4 отсто во споредба со претходниот седмодневен период. Најголем дел од случаите се пријавени во Скопје – 10. Пријавени се и седум случаи од Куманово, по два во Кратово и Тетово и по […]

Глобален колапс поради „Синиот екран на смртта“: Приземјени летови, погодени болници, компании…


  Многу институции и компании ширум светот, вклучително и аеродроми, банки, болници и медиуми, пријавија технички дефекти што им предизвикуваат тешкотии. Информации за компликации стигнуваат и од земјите во регионот, Хрватска, Србија, Грција… Светските авиокомпании, аеродромите на најмалку четири континенти, здравствените системи, банките, телекомуникациите, медиумите и други компании, институции и организации денеска се соочуваат со […]

Вардар ги доби противниците во Лигата на Европа


 Македонскиот ракометен клуб Вардар ги доби противниците во групата за второто по ранг европско натпреварување, Лигата на Европа. „Црвено-црните“ ќе бидат во групата „Ф“ каде што ќе играат против Порто, подобриот од бундеслигашката пресметка помеѓу Мелсунген и Елверум и подобриот од дуелот на исландскиот Валур и Спачва Винковци од Хрватска. Првото коло во групната фаза […]

Јанушев добил на подарок земјиште од 325.000 евра


Во новиот анкетен лист на Игор Јанушев како генерален секретар на Владата, доставен до Државната комисија за спречување на корупција, е внесено дека поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ добил градежно земјиште на подарок во вредност од околу 325.000 евра. Поранешниот директор на ЈСП подарокот го добил во текот на минатата година. Станува збор за 165 метри […]

Андоновски: Не се пријавени проблеми во компјутерските системи на државните институции


Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски денеска информираше дека нема пријавено проблеми во компјутерските системи на државните институции, откако за системски падови медиумите јавија дека се случиле низ повеќе земји во светот. Андоновски рече дека добро во ситуацијата е што не станува збор за сајбернапад и дека добиле информации дека станува збор за несоодветност на […]

Таравари назначи нови директори во болниците во внатрешноста


Од Министерот за здравство денеска информираа дека министерот д-р Арбен Таравари изминатите неколку дена именувал нови в.д. директори во следните јавни здравствени установи: – Клиничка болница Битола, Ненси Лозанче – Институт за трансфузиона медицина–Скопје, Амир Елези – Општа болница Куманово, Стефан Трајановски – Општа болница Велес, Александар Бузалков – Психијатриска болница Демир Хисар, Стевче Цветановски […]

Допир на убавината , чествувања за Андреевски, Матевски и Тодоровски: СВП од 22 до 26 во Струга


На 19.07.2024 година во 11:30 ч. во Конгресната сала на Хотел Дрим во Струга, се одржа прес конференција на која директорот на СВП, Тодорче Тасевски, ги соопшти деталите за Програмата на годинешното издание на Фестивалот. „Струшки вечери на поезијата“ како еден од најстарите и најзначајните светски поетски фестивали ќе се одржи и  годинава, во вообичаениот […]

Србија и ЕУ потпишаа Меморандум за разбирање за минералните суровини


ЕУ и Србија денеска во Белград потпишаа Меморандум за разбирање за стратешко партнерство за одржливи суровини, синџири за производство на батерии и електрични возила.  Меморандумот за разбирање беше потпишан во Палатата на Србија во рамки на Самитот за критични суровини во Белград од страна на српската министерка за рударство и енергетика Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ и […]

Повредениот во пожарот кај село Сирково, Златко Димов се опоравува од изгорениците


Повредениот Златко Димов во пожарот кај росоманското село Сирково, се опоравува од изгорениците. Кога МИА денеска го контактираше, тој повторно беше на Клиниката за пластична хирургија во Скопје. Во телефонски разговор ни рече дека најважно од се е што останал жив и што се спасени селото и природните убавини околу него. Димов има неполни 40 […]

„Визер“ апелира патниците денеска да пристигнат на аеродром најмалку три часа пред нивниот лет


 Унгарската авио-компанија „Визер“ (Wizz Air) ги предупредува патниците денеска да пристигнат на аеродром најмалку три часа пред нивниот лет бидејќи се очекуваат потенцијални прекини поради тековниот проблем на глобалните ИТ системи. Како што информираа од „Визер“, може да има прекини низ мрежата бидејќи услугите на веб-страната и мобилните апликации привремено се недостапни. – За време […]

Во средата забележана рекордна потрошувачка на струја


Високите температури доведоа до енормно зголемување на потрошувачката на електрична енергија во земјава. Според податоците на ЕВН-Хоме во првите две недели од јули броилата се движеле побрзо како резултат на употребата на клима уреди за освежување на воздухот во затворените простории. Рекорд беше постигнат во средатакога  за 24 часа беше надмината минатогодишната просечна потрошувачка од […]

Нормализирана состојбата во Аеродром по вчерашното невреме


Кризниот штаб на Општина Аеродром е во постојано заседавање, а утрово одржа и итен состанок по вчерашното невреме кое нанесе материјална штета, а голем дел од аеродромци останаа и без електрична енергија поради паднат далновод на ЕВН. Во моментов дефектот е саниран и напојувањето со електрична енергија е нормализирано на целата територија на Аеродром. На […]

Мицкоски се сретна со кралот Чарлс


Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Лондон се сретна со Кралот на Обединетото Кралство, Чарлс Трети. – На средбата разговаравме за повеќе важни прашања, вклучувајќи ги билатералните односи меѓу двете земји и можностите за натамошна соработка во различни области. Оваа средба претставува значајно признание за Македонија и е потврда за зајакнатата соработка и пријателство со Обединетото […]

МОН и БРО потсетуваат дека во тек е јавна консултација за одложените наставни програми за седмо, осмо и деветто одделение


Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието потсетуваат дека во тек е јавна консултација за одложените наставни програми од седмо до деветто одделение, со цел засегнатите страни, особено наставниците да се запознаат и доколку имаат сугестии и предлог решенија за евентуални промени, да дадат свое аргументирано мислење за нивно подобрување. Забелешките/сугестиите […]

Руското обвинителство побара 18 години затвор за новинарот Еван Гершкович


  Државното обвинителство на Русија побара дописникот на „Волстрит џорнал“ Еван Гершкович да се осуди на 18 години затвор во казнена колонија со максимална безбедност за шпионажа. Ова го објави Интерфакс, повикувајќи се на прес-службата на Регионалниот суд во Свердловск. Казната на Гершкович ќе биде објавена на 19 јули. Новинарот е обвинет дека „собирал доверливи […]