Српски хеликоптери повторно помагаат во гаснењето на пожарите


Вицепремиерот и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави синоќа дека со одобрение на претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот Милош Вучевиќ, МВР денеска ќе испрати два хеликоптери на Хеликоптерската единица за да им пружи помош на припадниците на Секторот за вонредни состојби при гаснење на пожарот што се прошири од Северна Македонија во […]

Петнаесет комплети медали ќе бидат доделени на петтиот ден на Олимпијадата во Париз


 Во 10 спортови ќе бидат доделени 15 комплети медали денес на Олимписките игри во Париз. Пред почетокот на натпреварувањата во петтиот дене на Игрите, лидер е Јапонија со седум златни медали. Кина и Австралија имаат по шест, Франција и Кореја собраа по пет злата. Следуваат САД и Велика Британија со по четири најсјајни одличја, три […]

Во немирите во Саутпорт, по крвавиот напад врз деца во градот, повредени се 22 полицајци


Полицијата во англиската област Мерсисајд соопшти дека 22 полицајци се повредени во немирите во Саутпорт, што избувнаа откако три девојчиња беа избодени до смрт, а пет деца беа тешко повредени на детски час по танцување и јога во овој приморски град . Според истражителите, нападот не е поврзан со тероризам.  Полицијата соопшти дека уапсила 17-годишно […]

Во прекин патниот правец с. Пирава – с. Јосиво, Валандовско


Патниот правец с.Пирава – с.Јосиво, Валандовско е во прекин, соопшти АМСМ. Сообраќајот на останатите државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Карактеристично за летниот период, на ГП Табановце за влез и ГП Богородица за излез од државата, се бележи зголемена фреквенција на […]

Изложба „Анатомија на муралот – Илинден 1903, Борко Лазески“ во Музеј на македонската борба


 Во чест на 121 година од Илинденското востание и 80 години од Првото заседание на АСНОМ – темелникот на македонската државност, вечер, во НУ Музеј на македонската борба за самостојност ќе биде поставена изложбата „Анатомија на муралот – Илинден 1903, Борко Лазески“. Станува збор за селекција од 24 скици и цртежи, изработени од познатиот уметник […]

Свечено затворање на јубилејното 45. издание на „Скопско лето“


Во Сули ан со концерт на Камерниот оркестар на Музичка младина на Македонија „Саша Николовски – Ѓумар“ под диригентската палка на Иван Еминовиќ вечерва свечено ќе биде затворено јубилејно 45-то издание на манифестацијата „Скопско лето“. Како што информираат од Дирекцијата за култура и уметност – Скопје, љубителите на класичната музика ќе имаат можност да уживаат […]

Кој беше убиениот лидер на Хамас?


Лидерот на Хамас, Исмаил Ханија е убиен денеска во Иран, објавија во одвоени соопштенија палестинската милитантна група Хамас и елитната иранска Револуционерна гарда. Исламистичката фракција вели дека жали за смртта на Ханија, кој е убиен во „предавничкиот ционистички напад врз неговата резиденција во Техеран“. Ханија вчера присуствуваше на церемонијата на полагање заклетва на новиот претседател […]

Трет ден амандманска расправа во Комисијата за финансирање и буџет


Трет ден амандманска расправа во Комисијата за финансирање и буџет за ребалансот на Буџетот за 2024 година. Согласно Деловникот, амандманската расправа треба да заврши за шест дена. За ребалансот на Буџетот беа поднесени 58 амандмани, но во текот на расправата дел од нив беа повлечени од предлагачите. Комисијата досега не прифати ниту еден амандман. Во […]

Прв панел од кампањата „Сите заедно за професионална и квалитетна јавна администрација“


Министерството за јавна администрација денеска ја организира првата панел дискусија од кампањата под мотото „Сите заедно за професионална и квалитетна јавна администрација“. Како што е најавено, воведни обраќања ќе имаат министерот за јавна администрација Горан Минчев, извршна директорка на Центарот за управување со промени (ЦУП) Неда Малеска Сачмароска и амбасадорот на Обединето Кралство на Велика […]

Завршува конкурсот за прием во студентски домови за студентите од втора до шеста година и апсолвенти


Конкурсот за прием на студенти во студентските домови низ државава, кои се запишани на додипломски студии од втора до шеста година или се апсолвенти во учебната 2024/2025 година, завршува денеска на полноќ.   Од 15 јули, кога беше отворен конкурсот, до вчера попладне во Министерството за образование и наука пристигнале над 2100 електронски пријави.  Студентите кои се пријавуваат […]

Балансерот за министерот Минчев е завршена работа, за „Вреди“ тоа е нефункционално решение


Коалициските партнери во Владата ЗНАМ, ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ и вчера со реакции околу Балансерот. На изјавата на министерот за јавна администрација Горан Минчев дека темата за Балансерот е завршена, архивирана и веќе се спроведува, од коалицијата „Вреди“ велат дека Балансерот е нефункционално решение кое стана предмет за злоупотреба на Македонците, кои за да се вработат […]

Сончево и топло, до 38 степени


 Времето денеска ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната од 31 до 38 степени. UV=8 Во Скопје сончево и топло со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе […]

Лидерот на Хамас, Исмаил Ханија, е убиен во Техеран


Палестинската милитантна организација Хамас утринава соопшти дека нејзиниот лидер, Исмаил Ханија е убиен во „ционистички напад “ врз неговата резиденција во Техеран, јави ДПА. Во изјава на Телеграм, Хамас ја оплакува смртта на Ханија „како резултат на предавничката ционистичка акција врз неговата резиденција во Техеран“. Првично нема потврда за смртта на Ханија од израелската страна, […]

Словачка: Врвните истражителни обвинети за злоупотреба на моќта


  Обвинителот Михал Шурек и поранешниот шеф на елитната полициска единица НАКА на Словачка, Лубомир Дањко, се обвинети заедно со двајца поранешни полициски истражители за злоупотреба на службената положба од страна на полицискиот инспекторат на земјата во вторникот. Сите претходно работеа на случајот за корупција со кодно име „Чистилиште“, во кој премиерот Роберт Фицо, министерот […]

Бајлс ги предводеше САД до златото во екипна дисциплина на турнирот во гимнастика


 Симон Бајлс ги предводеше Соединетите Држави до титулата олимписки тим во женска гимнастика на Игрите во Париз. Американката се бореше со менталното здравје во Токио, но 27-годишната се врати во спортот и повторно доминира. Бајлс го освои петтото олимписко злато во кариерата. Заедно со колешките Џордан Чајлс, Џејд Кери, Хезли Ривера и шампионката во повеќебој […]

Автопат Загреб – Сисак: Го градеа 18 години, има 47 километри и чини 440 милиони евра


  По 18 години и три месеци заврши изградбата на 47 километри автопатот од Загреб до Сисак во Хрватска. „Хрватски аутоцесте“ поднесоа барање за технички преглед на последната делница од Лекеник до Сисак, со што и формално заврши работата. Се очекува прегледот да се реализира во текот на следните месец-два. Изградбата чинеше дури 440 милиони […]

Франција против Аргентина во големото дерби од четвртфиналето на олимпискиот фудбалски турнир


Француската олимписка фудбалска репрезентација победи со 3:0 против Нов Зеланд и го обезбеди првото место во групата А по третата последователна победа. Во елиминациите „петлите“ за противник во големото дерби во четвртфиналето ќе ја имаат Аргентина. Од групата излегоа и САД кои ја победија Гвинеја со 3:0 и со 6 бода се пласираа на второто […]

Рекорден ден со пожари – 54, вечерва активни 19, загрозени неколку села


На територијата на државава денеска Центарот за управување со кризи евидентирал рекорден број пожари на отворено – 54, од кои активни се 19, а oстанатите се целосно изгаснати или ставени под контрола. Пoжарот кој беснее на територија на општина Пехчево, го загрозува селото Негрево. Сериозен пожар има и на територија на општина Куманово. Тој загрозува […]

Чадот од шумските пожари може да го зголеми ризикот од деменција


Чадот од шумските пожари може да биде полош за здравјето на мозокот од другите видови на загадување на воздухот, па дури и да го зголеми ризикот од деменција, покажа новото американско истражување. Резултатите, објавени во понеделникот на Меѓународната конференција на Здружението за Алцхајмерова болест во Филаделфија, дојдоа додека милиони луѓе во САД го поминаа викендот […]

Израел го нападна Бејрут


Израел соопшти дека извршил напад во Бејрут, главниот град на Либан, и дека цел на нападот бил командант на Хезболах. IDF has hit Hezbollah positions in the southern suburbs of Beirut, Lebanon. So the next weekend protests in the Western Capitols will be 'Ceasefire Now' in Lebanon'. Nope, the strikes will now continue till IDF […]