Министрите Тошковски и Дачиќ во посета на ГП Табановце, во рамки на кампањата „Вози одморен“


Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски заедно со претседателката на РСБСП Гордана Кожуваровска и потпреседателот на Владата за Р. Србија и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ, заедно со в.д. директорот на Агенцијата за безбедност во сообраќајот Душко Пешиќ, ќе го посетат граничниот премин Табановце. Како што соопштија од МВР, посетата е во рамки на […]

Стопанска комора ќе додели повеќе награди по повод 102 години постоење


По повод одбележувањето на 102 години од своето постоење Стопанската комора денеска со почеток од 12 часот ќе додели повеќе награди. Како што информираат од Стопанска комора, наградите ќе бидат доделени во три категории и тоа награда за долгогодишна коморска активност, награда за воведување напредни технологии, дигитализација и зелена агенда и награда за градење на […]

Сончево со мала до умерена облачност.


Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, претпладне со услови за повремен локален дожд и грмежи. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени. UV=7 Во Скопје сончево со мала до умерена […]

Астрономски календар


Денеска е четврток, 25 јули 2024 година, 207-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 159 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 21 минути, а ќе зајде во 19 часот и 59 минути. Денов трае 14 часа и 38 минути. Месечината, која е во фаза на полна Месечина нема да изгрее […]

Алијансата на Села сака нов уставен поредок


  Идејата на „Европскиот фронт“ за ново уредување на уставниот поредок на државата, е една од темите за кои лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, ќе разговара со сопартијците на Централното претседателство што се одржува во Гостивар. Ова го соопшти вечерва на прес конференција пред почетокот на заседавањето на Централното претседателство Села, кој смета […]

Плоштадот „Европа“ во Москва преименуван во плоштад „Евроазија“


Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин денеска потпиша указ за преименување на плоштадот „Европа“ во центарот на Москва во плоштад „Евроазија“. Плоштадот беше отворен во 2002 година како дел од руско-белгискиот проект кој го симболизира европското единство, јави Радио Слободна Европа. Знамињата на 48 европски земји се вееја на плоштадот до март минатата година, кога беа […]

Телескопот на НАСА откри супер Јупитер кому му требаат најмалку сто години да сврти околу своето сонце


  Супер Јупитер е забележан околу соседна ѕвезда од вселенскиот телескоп „Веб“ – и има супер орбита. Планетата е приближно со ист дијаметар како Јупитер, но со маса шест пати поголема. Неговата атмосфера е исто така богата со водород како онаа на Јупитер. Една голема разлика: на оваа планета ѝ треба повеќе од еден век, […]

Блок 1 на РЕК „Битола“ повторно во функција


Вечерва, во 22:02 часот Блок 1 на РЕК Битола е ставен во функција, соопштија од ЕСМ. „Постројката е синхронизирана со македонскиот електроенергетски систем и испорачува електрична енергија. Благодарение на натчовечките напори на вработените во комбинатот, РЕК Битола експресно го оспособи Блок и продолжува да работи со два блока“, велат од ЕСМ. Покрај Блок 1, во […]

Нетанјаху се обрати во американскиот Конгрес: Нашата борба е и ваша борба


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одржа жесток говор во американскиот Конгрес во кој апелираше САД и Израел да застанат рамо до рамо за да се спротивстават на Иран. Како што пренесува ДПА, Нетанјаху доби овации кога излезе на говорницата за да се обрати на заедничката седница на Конгресот, а пратениците постојано стануваа за да му аплаудираат […]

Балон со ѓубре од Северна Кореја слета на претседателскиот комплекс во Сеул


  Балон со ѓубре испратен од Северна Кореја утрово слета на претседателскиот комплекс во Сеул, главниот град на Јужна Кореја. „На територијата на претседателскиот комплекс падна ѓубре“, соопшти Претседателската служба за безбедност ПСС, пренесува јужнокорејската новинска агенција 연합 (Јонхап). Тоа е првпат канцеларијата на јужнокорејскиот лидер, која е во зоната на забранети летови, да биде погодена […]

Француските власти спречија повеќе заговори за нарушување на Олимпијадата во Париз


  Француските власти спречија неколку заговори за нарушување на Олимпијадата во 2024 година, изјавија официјални лица во средата, два дена пред церемонијата на отворање на Летните игри во Париз. Франција беше во состојба на зголемена готовност во изминатите неколку недели додека подготовките за домаќин на Олимпијадата го достигнаа последниот дел. Игрите официјално започнуваат со раскошна […]

Гостиварец фрлил мачка од шести кат, во домот му пронашле остатоци од угинати мачки


Поднесена е кривична пријава против 44-годишниот гостиварец Џ.Р. поради сомнеж за сторено кривично дело „мачење животни“. На почетокот на ово месец односно на 03.07.2024, пријавениот од шестиот кат од станбена зграда ја фрлил неговата мачка и ја усмртил, а при извршен увид во домот на пријавениот биле забележани остатоци од угинати мачки.

МЕПСО контра ЕСМ за испадот на РЕК „Битола“: Нема проблем со напојувањето на Блок 1


 АД МЕПСО вечерва излезе со реакција по информацијата дека поради испад на далновод на МЕПСО без напојување со струја останал Блок 1 во РЕК Битола.  Од АД МЕПСО информираат дека далекуводот кој го напојува Блок 1 во РЕК Битола е цело време под напон и нема никаков проблем со напојувањето.  – По последниот испад кој […]

Протести во Вашингтон пред говорот на Нетанјаху во конгресот


 Илјадници демонстранти кои се против израелската војна во Газа, од кои некои носеа палестински знамиња, се собраа денеска во близина на американскиот Капитол пред говорот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Конгресот. Нагласувајќи колку војната предизвикува поделби, демонстрантите се собраа на Капитол Хил за да побараат од Вашингтон да престане со својата воена помош за […]

Влада: Со закон ќе се регулира специјалната финансиска соработка со Унгарија


 Владата на денешната седница го задолжила Министерството за финансии да изготви Закон со кој ќе се регулира специјалната финансиска соработка со Унгарија за обезбедување на 500 милиони евра. Парите, како што наведуваат од прес-службата на Владата, ќе бидат наменети за капитални проекти во општините и домашното стопанство. Министерството за транспорт на денешната седница ја информирало […]

Изгаснат пожарот во Ново Село, изгореа три плевни и две куќи


Во пожарот, што избувна попладнево околу 16 часот во струмичко Ново Село, изгореа три плевни и две куќи, а повредени и загинати нема. Пожарот е изгаснат окоу 19 часот со интервенција на 20 пожарникари и шест против – пожарни возила, како и со дејствување на еден хеликоптер. Според информациите од Алекснадар Гудев, командир на ТППЕ […]

Скандал на Олимпијадата во Париз: Судиите поништија гол на Аргентина два часа по натпреварот


Скандал на првиот натпревар на олимпискиот фудбалски турнир меѓу Аргентина и Мароко.  Иако, првично, натпреварот заврши 2:2, со гол на аргентинецот Медина во 90+16. минута, по постигнувањето на голот, судиите не означија крај на натпреварот бидејќи на теренот истрчаа гневните марокански навивачи, а следеше бркотница со обезбедување. Argentina’s 90’+16th minute equaliser against Morocco was disallowed […]

Стив Кер: Не можеме да го замениме Дурент


Селекторот на кошаркарската репрезентација на САД, Стив Кер, го очекува враќањето на Кевин Дурент, кој не можеше да учествува во текот на целиот тек на подготовките на тимот за Олимписките игри. Суперѕвездата на Феникс Санс лекуваше повреда на потколеницата и учествуваше на последните тренинзи на неговиот тим, но не играше во дуелите. -Не можеме да […]

Чешлароска за МИА: Приватните специјализанти задоволни од одлуката, чекаат детали за вработувањата од Таравари


Задоволни сме засега од владината одлука за вработување на приватни специјализанти, но повеќе информации  како ќе се одвива целиот овој процес очекуваме на утрешната средба со министерот за здравство Арбен Таравари, изјави за МИА Христина Илиоска Чешлароска, приватен специјализант по интерна медицина. Таа соопшти дека утре во 10 часот ќе остварат средба со министерот Таравари […]

Од плевна во Ново Село се запалија три куќи – во близина има и бензинска


Силен пожар попладнево изби во плевна на куќа во општина Ново Село кој потоа брзо се проширил на соседните три куќи, информира ЦУК. Огнот се шири многу бргу, а во близина има бензинска пумпа. Триесетина струмички пожарникари се обидуваат да ја изгаснат огнената стихија но во дворовите на куќите има многу горлив материјал поради што […]