Тренчевска: ВМРО-ДПМНЕ едно ветуваше, а друго прави сега


ВМРО-ДПМНЕ првично вети 5.000 денари линерано покачување на пензиите, а сега слушаме друго, два пати по 2.500 денари, за време од неколку месеци, што е сосема различно од ветеното, истакна пратеничката на СДСМ Јована Тренчевска, во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма. Тренчевска нагласи дека се уште не е познато законското решение, како понатаму ќе […]

Одложено изрекувањето на пресудата за Трамп за случајот пари за молчење во Њујорк за 18 септември


Њујорк – Судија од Њујорк кој го води случајот пари-за-молчење против Трамп го одложи изрекувањето на пресудата на републиканскиот претседателски кандидат за 18 септември, јавија американските медиуми. Изрекувањето на пресудата е одложено за 18 септември во 10 часот, објави судијата Хуан Мерчан.  Претходно денеска беше објавено дека обвинителите во случајот не се противат на таквото одложување […]

Турција ја затвори границата со Сирија


Турција го затвори својот главен граничен премин кон североисточна Сирија во вторникот, откако турските војници беа нападнати од Сиријци лути поради насилството врз нивните сонародници во Турција, изјавија локални жители и извор од сириската опозиција. Турската полиција уапси 474 лица вклучени во нападите врз сириската заедница ширум земјата во текот на ноќта, изјави турскиот министер […]

Невремето во Валандово и струмичко предизвика големи штети


Невремето што денеска ги зафати струмичко и валандовско предизвика големи штети. Во валандовско силниот ветар проследен со дожд и град искорна и искрши дрвја, однесе повеќе покриви, откорна пластеници на земјоделски насади, урна соларни системи, а паднатите дрвја предизвикаа штети кај повеќе автомобили. Заради падното дрво на регионалниот пат Удово-Марвинци сообраќајот беше во прекин од […]

Прво пост-дебатно интервју на Бајден в петок за Еј-Би-Си


Американскиот претседател Џо Бајден ќе има интевју за Еј-Би-Си в петок на своето прво телевизиско интервју откако неговата изборна дебата против Доналд Трамп покрена прашања за неговата способност за извршување на функцијата. „Првични инсерти од интервјуто ќе се емитуваат в петок, на 5 јули… Целото интервју ќе се емитува в недела, на 7 јули“, се […]

Во одбрана на (не)писмените


Неколку дена душегрижниците, кои своето мислење храбро го истакнуваат само на социјалните мрежи (оти таму е најбезбедно за нив) распнаа девојче кое се запишало во скопската гимназија „Јосип Броз“, а за тоа известува некоја другарка, роднина, мајка… во приватна порака, но во пораката стои: „Се запишав во Јос и брос“. Толку! Сите ние знаеме каде […]

Опожарен стан во Ѓорче Петров, гори ѓубриште во домот „Ранка Милановиќ“


Опожарен бил стан на втори кат во зграда на улицата „Виа Игнација“ во општина Ѓорче Петров. Интервенирале осуммина пожарникари со три противпожарни возила, потврди вечерва за МИА, командантот на скопската Противпожарна единица, Звонко Томески. Пожарот сега е ставен под контрола, допрва ќе се утврдува материјалната штета. Изгаснат е пожарот во близина на Кванташки пазар, како […]

ЕУ одобри употреба на ГМО пченка во храната


Европската комисија (ЕК) денеска одобри две генетски модифицирани култури на пченка и го продолжи одобрението за употреба на уште една култура на генетски модифицирана пченка за човечка и животинска храна, соопшти денеска ЕК. Дозволена е употреба, но не и одгледување Одлуките за одобрување на Комисијата дозволуваат увоз на таа генетски модифицирана пченка само за употреба […]

Русија осуди тинејџер на 12 години затвор поради испраќање пари на армијата на Киев


Русија денеска осуди тинејџер на 12 години затвор за наводно донирање пари на силите на Киев, јавија руските медиуми. Во јужниот град Ростов на Дон, судот осуди 19-годишник на 12 години затвор за „предавство“. Безбедносната служба ФСБ соопшти дека тинејџерот праќал пари за да и помогне на армијата на Киев да купи беспилотни летала и […]

Google Maps добива сериозно кул функција


 Google Maps добива ново подобрување. Според новиот патент, Google Maps наскоро ќе им овозможи на корисниците да се координираат со повеќе возачи во исто време. Се верува дека новата функција многу ќе го олесни патувањето кога во неа се вклучени неколку автомобили. Документот објавен на Твитер ја опишува новата функција како нешто што ќе им […]

ЕВРО2024: Холандија седми четвртфиналист


Минхен – Холандската фудбалска репрезентација се пласираше во четвртфиналето на ЕВРО2024, откако во доминантен стил ја совлада вечерва Романија во Минхен со 3-0 (1-0). Холанѓаните дојдоа во водство во 20 минута со голот на Гакпо, кој во 83 минута му асистираше на Мален за удвојување на предноста. Мален стави точка на победата на Холандија со […]

Ако мислите дека мултивитамините го продолжуваат животот, се лажете


Тие се главниот нутритивен избор за милиони луѓе, но ако мислите дека земањето мултивитамини ќе ви овозможи да живеете малку подолго, веројатно се лажете. Американските лекари и научници следеле околу 300.000 луѓе постари од 20 години и откриле дека земањето на наводните еликсири на животот „не носат корист во однос на смртноста“. Истражувањето не потврди […]

Ѓоковиќ го крена „Вимблдон“ на нозе: Да беше некој друг турнир во светот, немаше да ризикувам


Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ без драма го совлада Вито Коприва во првото коло на Вимблдон со 3:0. Новак победи со 6:1, 6:2 и 6:2 за два часа тенис и неполн месец откако го оперираше десното колено. По пресметката со Коприва вели дека се чувствува добро и дека не бил сосема сигурен како ќе изгледа […]

Руди Џулијани остана без адвокатска дозвола


Њујорк – Адвокатот и поранешен градоначалник на Њујорк, Рудолф Руди Џулијани денеска ја загуби адвокатската лиценца откако државниот Апелациски суд утврди дека Џулијани лажел кога тврдел дека претседателските избори во 2020 година биле наместени, на кои неговиот клиент, републиканецот и поранешен претседател на САД, Доналд Трамп, изгуби. Судот утврди дека Џулијани, како личен адвокат на Трамп, […]

Директорката на албански ИНСАТ ги отфрли обвинувањата за манипулации со пописните резултати


По низата реакции околу резултатите од пописот на населението и домаќинствата што во Албанија беше спроведен во 2023 година, реагираше директорката на Институтот за статистика, ИНСТАТ, Елса Дули, тврдејќи дека пописниот процес бил транспарентен и спроведен со професионализам.  Рече дека презема целосна одговорност за точноста на резултатите бидејќи пописот „произвел точна статистика за населението и […]

Владата ги укина економските директори во јавните здравствени установи


Согласно измени на законот за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, Владата донесе одлука за укинување на економските директори во јавните здравствени установи, информираат попладнево од владината прес-служба. Како што се појаснува во соопштението, ќе се укине постоењето две управувачки позиции – организациски и медицински директор, што досега беа присутни во здравствените домови […]

МНР со осуда на заканите кон новинарот Александар Видиновски


Министерството за нaдворешни работи и надворешна трговија најостро ги осудува заканите упатени на социјалните мрежи кон македонскиот новинар  Александар Видиновски од страна на лицето Виктор Стојанов за репортажа објавена на телевизијата Канал 5. -Секоја форма на притисок, закани или вербални напади врз новинарите и медиумските работници претставува и закана за слободното изразување и слободата на […]

Најмногу дожд наврнал во Охрид


Изминатите девет часа најмногу дожд наврнал во Охрид, 11 литри на метар квадратен. Како што соопшти УХМР, до 17 часот попладнево се измерени и девет литри на метар квадратен во Лазарополе и Битола, шест во Маврови Анови, пет во Крушево, четири во Ѓуриште, три во Претор и Прилеп, два во Демир Капија и Тополчани и […]

Ураганот Берил предизвика скок на цената на нафтата


Цените на нафтата денеска на меѓународните пазари надминаа 87 долари, бидејќи прогнозите за добар почеток на летната сезона на патувања во САД се совпаднаа со приближувањето на ураганот Берил, кој може да предизвика прекини во снабдувањето. На лондонскиот пазар цената на барелот по пладне беше за 75 центи повисока отколку на затворањето на тргувањето вчера […]

Рубљов ја одби поканата од ИОК, Медведев ќе настапи на Игрите во Париз


Париз – Освојувачот на златниот олимписки медал во мешани двојки во Токио, Андреј Рубљов и тенисерките Дарија Касаткина и Ана Калинскаја се меѓу 12. претставници од Русија и Белорусија кои ги одбија поканите од Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) да се натпреваруваат како неутрални спортисти на Олимписките игри во Париз. ИОК вчера објави ажуриран список на […]