Жената врз која падна дрво во Скопје не е во животозагрозувачка состојба


Жената на околу педесетина години врз која попладнево падна дрво кај „Европски универзитет“, не е во животозагрозувачка состојба, потврди за МИА, доктор Драган Панов од Итната медицинска помош во Скопје. – Наша екипа со помош на пожарникари ја извлекле. Таа немала надворешни видливи повреди. Се пожалила на болки во кичма и по телото, по што […]

Паднати дрвја, оштетени возила и кровови, откачени кабли од бандери – ЦУК информира за штетите предизвикани од невремето кое го зафати попладнево Скопје


 Според добиените пријави во Центарот за управување со кризи (ЦУК) како последица на невремето кое попладнево го зафати Скопје паднати се 16 дрвја, оштетени се три возила, регистрирани се седум откачени кабли од бандери, три кровови се оштетени, како и регистрирана е повреда на едно лице.  Од ЦУК информираат дека во моментов се известуваат и […]

Невреме во Битола: Силен ветер, пожари, почна да врне и дожд (фото)


БИТОЛА – Силен ветер ја зафати попладнево Битола, дрво се сруши врз паркинг во центарот на градот и оштети автомобили. Во истовреме пожар избувна на ридот во поранешната касарна кој брзо се распламтува и доколу не се изгасне е голема опасност за станбените објекти во новата населба Златен рид.  Пожар има и во населбата Смилевски […]

Пожар кај мостот „Близнак“ и кај Кванташки – зафатени се и куќи


Повеќе штети и пожари се пријавени попладнево во Центарот за управување со кризи откако Скопје беше зафатено од силни налети на ветар.  Добиена е пријава во врска со три покрива од магацинските објекти на фабрика „Славија“ лоцирани на улица „Жил Верн“ во скопската населба Кисела Вода за кои постои опасност да се откорнат. Во моментот […]

Пандов во Управата за извршување на санкции, Клековски во ФЗО: Ова се новите назначувања


Владата денеска назначи повеќе лица на институции кои се во надлежност на извршната власт. Најзвучни се имињата на Сашо Клековски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ кој е назначен за ВД директор на Фондот за здравствено осигурување, како и Александар Пандов, исто така член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ,  за нов ВД директор на Управата за […]

Ќе се враќа оградата на Владата, што ја тргна Заев


Откако повеќе години, зградата на Владата беше окружена само со ѕитче, бидејќи поранешниот премиер Зоран Заев одлучи да ја  отстрани кованата ограда, новата Влада на Христијан Мицкоски, денеска одлучи да ја врати. – Со оглед на тоа што досега објектот на Владата е опркужен со нефункционална и нерепрезентативна ограда во сопственост на МВР, Владата ја […]

На телефон пријавете штети и паднати дрвја во Општина Аеродром


Откако попладнево почна да дува силен ветер со најава за големо невреме мобилни екипи на Општина Аеродром излегоа на терен и почнаа со расчистување на јавните површини. Доколку граѓаните забележат паднати дрвја врз автомобили или други објекти, потребно е да пријават во полиција, која треба да направи увид и записник, по што општинските екипи ќе […]

Дури 96 отсто од капиталните инвестиции ги реализирале странски градежни компании


Домашните градежни компании бараат од новата Влада да создаде бизнис амбиент во градежништвото во кој ќе се креира развојна компонента и главен критериум на јавните тендери да биде економски најоправданата понуда, а не најевтината. Воедно бараат во тендерите да се барат реални критериуми кои можат да ги исполнат домашните компании и да имаат ист третман […]

Швајцарците го повлекуваат пченкарното брашно од Србија, откриен микотоксин фумонизин во недозволена количина


Швајцарија го повлекува од пазарот жолтото и белото пченкарно брашно со потекло од Србија поради недозволено количество на микотоксинот фумонизим, соопшти европскиот систем за брза тревога и информации за храна РАСФФ. Како што јави дописникот на МИА од Белград, според веб-страницита на РАСФФ дозволената количината на овој микотоксин е 1000 µg/kg – ppb (илјада микрограми […]

Незгодни прашања за министерот Љутков во Мала Преспа


Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, вчеравечер во музејот посветен на албанскиот писател со македонско потекло, Стерјо Спасе, во селото Глобочани, Општина Пустец, Р Албанија, присуствуваше на отворањето на 19. издание на фестивалот „Македонско културно лето“. Албанските новинари го дочекале со незгодни прашања кои се однесуваа на незадоволството од македонската страна за резултатите од […]

Министерката Димитриеска-Кочоска се сретна со првите луѓе на УЈП и на Царината


Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска оствари работна средба со новоназначените директори на Управата за јавни приходи Елена Петрова и на Царинската управа Бобан Николовски. „Ова е прва средба што ја одржуваме со првите луѓе на УЈП и Царината како клучни институции во прибирање на приходите во Буџетот. Ги поставуваме основите на работа и начинот […]

ЗНАМ ги отвора вратите за сите разочарани членови на СДСМ


Движење ЗНАМ – ЗА наша Македонија денеска одржа прес конференција на која портпаролот Никола Мемов нагласи дека за македонската јавност е од исклучителна важност кој ќе раководи со владата, но исто така битно е да има и силен коректор на полтиките на владата односно силна опозиција. Мемов рече дека членовите на СДСМ избрале старо-нов претседател […]

„Образување и економско зајакнување на жените“ – нов проект на Амбасадата на Словенија и на Занаетчиската комора за обука за пекари и слаткари


Занаетчиската комора на Северна Македонија заедно со Амбасадата на Република Словенија денеска во Скопје го промовираа проектот „Образување и економско зајакнување на жените“, кој има за цел обука на над 50 лица, доминантно од женската популација за занимања за кои постои дефицит на пазарот на труд во земјава. Претседател на Занаетчиска комора на Северна Македонија […]

Нема нови учебници за седмо и од септември ќе се учи по старата програма


Учебници за седмо одделение по новата програма ќе нема бидејќи, според информациите на министерката за образование и наука Весна Јаневска, ниеден учебник не е пратен на печатење, а за некои не е завршена ни процедурата на одобрување, односно не се напишани или не е помината рецензија. -Уште првиот ден кога влегов во Министерството за образование […]

Средба Јанев – Николовски, разговарале за „можни криминали“ во МЖ Инфраструктура и во ЈПДП


  Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев денеска оствари работна средба со заменик претседателот на Влада и Министер за транспорт и врски Александар Николоски. На средбата, како што се вели во соопштението до медиумите,  беше разговарано и беа посочени можни криминали во однос на Извештајот од Државниот завод за ревизија во однос на […]

Најголемата е-книжарница слави роденден со подароци за читателите


Со подароци за читателите, вредносни ваучери и книги, најголемата е-книжарница кај нас www.literatura.mk го прославува својот прв роденден. Со регистрација на https://www.literatura.mk/registracija, посетителите на веб-продавницата до 12 јули можат да се пријават и да станат потенцијални добитници на некој од подароците. Во текот на прославата ќе бидат доделени вредносни ваучери, секој ден се подарува книга, […]

Дрво падна врз жена во Скопје


Силен ветер откорна дрвја во центарот на Скопје. Eдно дрво падна врз жена. Пристигна и брза помош, и жената е пренесена на Клиника, јавува ТВ21. Големо паднато дрво го затвори за сообраќај булеварот „Свети Климент Охридски“ во делот кај Европскиот универзитет во Скопје.Полицијата не дозволуваше пристап за возилата, а предупредувани беа и пешаците. Паднати голем […]

Деспотовски бара одговор за 11.000 члена на СДСМ што не можеле да гласаат


Јован Деспотовски, кандидат за претседател на СДСМ, по изборниот пораз од Венко Филипче смета дека е рано да каже дали ќе повторно ќе влезе во трката за партиски претседател во март, со забелешка дека „мора да се види крајот на актуелниот изборен процес“. Тој се согласува со констатацијата дека пред изборот морало да има отчетен […]

Новиот рок за законот за енергетика е 15 септември: Средба на Божиновска со Лорковски


Плановите во делот на енергетиката поврзани со производството на електричната енергија беа дел од разговорите меѓу министерката за енергетика Сања Божиновска и директорот на Европскиот секретаријат за енергетика, Артур Лорковски. Средбата, како што информираат од владината прес служба, се одржала во рамки на неформалниот состанок на земјите членки на Енергетската заедница – Македонија, Србија, Црна […]

Инфлацијата во еврозоната во јуни се намали на 2,5 отсто


Вкупната инфлација во еврозоната во јуни падна на 2,5 отсто, објави во вторникот статистичката агенција на Европската унија, во согласност со очекувањата на аналитичарите. Базичната инфлација, без нестабилните ефекти на енергијата, храната, алкохолот и тутунот, се задржа на 2,9% од претходниот месец, што е малку над прогнозите на аналитичарите од 2,8%. Вкупната инфлација во еврозоната […]