Коце Трајановски назначен за нов директор на Државни патишта


Поранешниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски е назначен за нов директор на Јавното претпријатие за државни патишта. Одлуката вчера била потврдена од страна на Управниот одбор на ЈПДП. Тој доаѓа на функцијата на местото на Ејуп Рустеми. Вчера беа назначени Сашо Клековски за директор на Фондот за здравствено осигурување, Александар Пандов за директор на Управата […]

Јермак: Украина не е подготвена на територијален компромис со Русија за завршување на војната


Украина не е подготвена да постигне компромис со Русија и да отстапи од кој било дел од својата територија за да заврши војната, изјави шефот на кабинет на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Андриј Јермак. Јермак ова го изјави синоќа во Вашингтон, коментирајќи ја изјавата на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп дека може брзо да го […]

Нова терапија против зависности и депресија


им предводен од белгискиот Универзитет во Лувен открил потенцијално револуционерен начин за лекување зависност и депресија, објави белгискиот портал „Фокус“. Научникот Пјер Василијадис изјави дека е пронајден начин на стимулирање на стријатумот – дел што се наоѓа длабоко во сивата материја во мозокот, и тоа без операција или вградени уреди во мозокот, односно на неинвазивен […]

Најмногу дожд во Дојран, утрово најсвежо на Попова Шапка


Изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Дојран, 16 литри на метар квадратен, а најмалку во  Пожаране и Гевгелија, еден литар на единица површина. Утрово, пак, е најсвежо на Попова Шапка, осум степени, а максимални 18 степени се измерени во Гевгелија, Кавадарци, Велес и Дојран. Како што информира УХМР, до 08 часот утрово се измерени […]

Поради уличен дефект, без вода селата Батинци и Љубош


Поради уличен дефект на улицата „7“ без број, кај Поштата, во село Батинци, без вода утрово се неговите мештани и корисниците од селото Љубош, соопштија од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Водоснабдувањето е прекинато од 7.45 часот и ќе биде до санирање на дефектот. 

Познати се сите двојки за четвртфиналето на Евро 2024


Берлин – На Европското првенство во фудбал завршија сите натпревари од осминафиналето по што се формираа двојките за четврфиналната фаза. Во четвртфиналето, домаќинот на првенството Германија ќе игра против Шпанија, Португалија ќе се соочи со Франција, Холандија со Турција, а Англија со Швајцарија. Двојки и термини за 1/4финалето:  Шпанија – Германија (5 јули, 18 часот) […]

Бела куќа: За Бајден не е неопходен когнитивен тест


Вашингтон – Белата куќа соопшти дека не е неопходен когнитивен тест за американскиот претседател Џо Бајден, наведувајќи дека тој се уште може да биде кандидат за реизбор на оваа функција. Портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, на прес-конференција рече дека нема апсолутно ништо скриено за здравјето на Бајден, објави Си-Ен-Ен. Жан-Пјер, сепак, призна дека Бајден „немал […]

Шолц изрази загриженост за политичката ситуација во Франција


Берлин – Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изрази загриженост за политичката ситуација во Франција, каде екстремно десничарската партија „Национален собир“ на Марин Ле Пен освои најголем број гласови во првиот круг од изборите. Како што наведуваат светските агенции, ова е првпат Шолц, социјалдемократ, да изрази јасен став за политичката ситуација во Франција. Германија и Франција […]

Преговори со Русија во повеќето европски земји се сметаат за најверојатен исход од руско-украинската војна


Лондон – Преговори со Русија во повеќето европски земји се сметаат за најверојатен исход од руско-украинската војна, покажува истражувањето спроведено од Европскиот совет за надворешни односи (ЕЦФР) во 15 земји. Поддршката за украинската кауза останува силна ширум Европа и покрај пресвртите на бојното поле, но европските гласачи се повеќе веруваат дека вооружувањето на Украина е […]

Концерт на Никола Ѓуричко и неговиот бенд Џони миднајт трио


 Во „Јавна соба“ во Скопје вечерва во 21 часот ќе се одржи концерт на Никола Ѓуричко и неговиот бенд Џони миднајт трио. -Овој неодамна формиран рок бенд е како да гледаме стaри ноти на песни на легендарни екс ЈУ бендови, но со многу силен личен печат. Обработените песни, кои ги слават авторите кои ги почитуваат […]

Од денеска почнува препрограмата на „Beach Film Festival“


На плажата Сараиште во Охрид како претпрограма од денеска до недела ќе бидат прикажани филмови за сите возрасти, во рамките на седмото издание на „Beach Film Festival“. Проекциите се од отворен карактер и бесплатни за сите посетители. Фестивалот ќе се одржува од 17 до 21 јули оваа година и ќе понуди програма со филмски проекции […]

На Табановце утринава се чека околу 20 минути


 На граничниот премин Табановце за влез во земјава утринава има зголемена фреквенција на возила и времето на чекање е околу 20 минути, информира Авто мото сојузот на Македонија.  На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Од понеделникот до 31 август на државните патишта во змјава е […]

Облачно и посвежо со локален пороен дожд и грмежи


Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со локален пороен дожд и грмежи, особено во западните и источните делови. Долж Повардарието ќе дува засилен северен ветер со брзина над 60 километри на час, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 24 […]

Нов инвестициски пакет на ЕУ за поддршка на осум инфраструктурни и еколошки проекти на Западниот Балкан


Брисел – Со новиот шести инвестициски пакет во рамки на Економскиот и инвестицискиот план на ЕУ за Западниот Балкан, кој се очекува да изнесува 1,2 милијарди евра, се предвидени инвестиции во осум проекти за водоснабдување и канализации, третман на отпадни води, за железничкиот транспорт, како и за зелена трансформација на малите и средни претпријатија.   […]

Астрономски календар


Денеска е среда, 3 јули 2024 година, 185-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 181 ден.  Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 3 минути, а ќе зајде во 20 часот и 13 минути. Денов трае 15 часа и 9 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее во […]

ЕВРО2024: Демирал ја однесе Турција во четвртфинале


Турција е последниот четвртфиналист на Европското фудбалско првенство, откако вечерва во Лајпциг ја совлада Австрија со 2-1 (1-0). Во еден од највозбудливите осминафинални дуели на ЕВРО2024, Турција дојде во водство по само 60 секунди со голот на Демирал, а истиот играч беше прецизен и во 59 минута за водство од 2-0. Грегорич во 66 минута […]

Радев смета дека новото македонско раководство не го знае меѓународното право


Државното раководство на Република Северна Македонија очигледно не е подготвено. Неопходно е познавање на меѓународното право, што очигледно им недостига. Кога ќе се потпише меѓународен договор, тој треба да се исполни од сите идни влади, а не да се ревидира, изјави бугарскиот претседател Румен Радев коментирајќи ја вчерашната изјава на премиерот Христијан Мицкоски, кој истакна […]

Без вода утре делови од општина Ѓорче Петров


Поради уличен дефект на улицата „1670“ во Ново Село, утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисници од неколку делови на општина Ѓорче Петров, информираат вечерва од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Како што е најавено, без вода утре од девет часот до санирање на дефектот, ќе бидат улицата „Лука Геров“, Ново Село, Стопански Двор, […]

Македонија во ОН гласала во интерес на Москва


Македонската надворешна политика го менува стратешкиот курс. Во Советот  за човекови права на ОН го напушти друштвото на демократиите и им се приклучи на државите со авторитарни тенденции кои ги поддржуваат ставовите на Москва, пишува Либертас. Македонија заедно со Унгарија, Србија и Словачка не ја поддржа Декларацијата во Советот за човекови права на ООН со […]

Маслинките би можеле да им помогнат на луѓето кои сакаат да ослабат


Тим од американски научници открија компонента во маслинките за која веруваат дека може да помогне во борбата против дебелината и дијабетесот. Научниците од Техничкиот универзитетот Вирџинија спроведоа експерименти на глувци кои покажаа дека еленолната киселина од маслинките го намалува шеќерот во крвта и, се чини, помага при слабеење. Бидејќи во маслинките нема доволно киселина која […]