Осигурувањето носи раст на економијата, сигурност и финансиска стабилност


Осигурувањето е исклучително важен фактор за развој на економијата и општествените текови во нашата земја. Осигурување од финансиски загуби, авто осигурување, имотно, здравствено, патничко, животно осигурување, речиси секој сегмент од нашето живеење и делување е поврзано со некој тип на осигурување. Замислете каков хаос би настанал ако немаме осигурување, и ако не можат да се […]

И утре посвежо со локален пороен дожд, од петок температурата во пораст


И утре времето ќе биде променливо облачно и посвежо, со локален пороен дожд, а од петок следува период на сончево време со мала до умерена олокална облачност, најавува УХМР. Дневната температура ќе биде во пораст, а особено топло ќе биде во недела и во првите денови од идната седмица.

Почина 53-годишен маж од Тетово додека извршувал работни задачи


Во понеделникот, во 15.40 часот во СВР Тетово било пријавено дека во Клиничка болница Тетово – Ургентен центар бил донесен починат А.А.(53) од тетовско Џепчиште. Според пријавеното, тој паднал и се повредил додека извршувал работни задачи во правно лице од тетовско Непроштено, по што им подлегнал на повредите. На лице место увид извршила увидна екипа […]

„Реплек“ со раст на приходите од продажба од 20 отсто во првата половина од 2024


„Реплек АД“ продолжува да бележи позитивни резултати од своето работење. Во првите шест месеци од годината вкупните остварени приходи од продажба во сегментот фармација изнесуваат 13,6 милиони евра, што е за 20% повеќе во однос на приходите остварени во истиот период минатата година, соопштија од компанијата. Растот на приходите од продажба е со нагорен тренд […]

ЕУ нема да ги исполни своите дигитални цели до 2030 година, проценува Еврокомисијата


 Европската Унија нема да ги исполни целите утврдени за 2030 година со политичката програма „Дигиталната декада“, особено во делот на поврзувањето и развојот на дигиталните вештини, се проценува во најновиот извештај на Европската комисија за состојбата со имплементацијата на оваа стратегија.  Како што јави дописникот на МИА од Брисел, програмата „Дигиталната декада“ има за цел […]

Јаневска: Ќе се заложам децата со посебни потреби да не се идентификуваат со нивната дијагноза, туку со потенцијалите


Унапредувањето на инклузивното образование е програмска определба на новата Влада, а лично ќе се заложам децата со посебни образовни потреби да не се идентификуваат со нивната дијагноза, туку со потенцијалите што со помош на образованието ги развиле, рече министерката за образование и наука Весна Јаневска во обраќањето на настанот „Разговори за еднаквост“ што го организира […]

Која е Зара Тиндал, наскоро новата принцеза во кралското семејство?


Внуката на британскиот крал Чарлс, 43-годишната Зара Тиндал, деновиве е во фокусот на јавноста откако кралот откри дека сака таа да ја преземе титулата принцеза и активен член на кралското семејство. Двајцата се многу блиски и според судски извор таа наскоро би можела да биде крунисана за принцеза и Чарлс смета дека одамна требало да […]

ЦГК: Ниту едно министерство или општина во земјава не се штити од корупција во јавните набавки


 Ниту едно министерство или општина во земјава нема високо ниво на заштита од корупција во јавните набавки, соопшти Центарот за граѓански комуникации (ЦГК). ЦГК го објави рангирањето на Владата, министерствата и општините според 32 индикатора за антикорупциските перформанси во јавните набавки. Институциите се сместени во три зони: црвена, жолта и зелена, зависно од освоените поени […]

Зошто не успеа макронизмот?


По одлучувачкиот пораз на неговата партија од екстремно десничарското „Националниот собир“ на изборите за Европскиот парламент, францускиот претседател Емануел Макрон ги шокираше сите со распуштање на Националното собрание и распишување предвремени избори. Својата одлука ја мотивираше со изјавата дека изборите ќе ја „разјаснат“ политичката ситуација, но ваквото мислење не го делат неговите сонародници. Дури и […]

Галичка свадба од 12 до 14 јули, Даријан Кочоски и Стефана Димитрова годинешните зет и невеста


 Шеесет и првото издание на Галичка свадба ќе се одржи следниот викенд, од 12 до 14 јули. Овогодишна невеста е Стефана Димитрова, додека зетот е Даријан Кочоски. Како што објавија од МЗ Галичник, двојката ги исполнува сите потребни услови за учество во Галичката свадба.  -Со голема радост ви соопштуваме дека по објавениот конкурс за избор […]

Јаневска ќе ја одложи концепцијата за седмо, осмо и деветто одделение


Иако во јавноста беше соопштено дека учениците од седмо одделение годинава до септември ќе добијат нови учебници, односно соодветни на новата концепција, сепак тоа нема да се случи, соопшти новата министерка за образование весна Јаневска.  – Ниту еден учебник за седмо одделение не е даден во печат, некои не се одобрени, а некои се без […]

За наградата „Пегаз“ ќе се натпреваруваат 56 ракописи


На шестиот конкурс за наградата „Пегаз“, за најдобар необјавен роман во 2024 година, пристигнаа 56 ракописи. Конкурсот, кој е во организација на издавачката куќа „Арс Ламина“ и Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, беше отворен до 1 јули 2024 година. Во периодот што следува, пристигнатите ракописи ќе ги оценува тричлена жири-комисија, сочинета […]

Семинар за изучување на народните инструменти и песни на 50. Фестивал „Пеце Атанасовски“  


Во рамките на Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ кој годинава одбележува јубилеј, 50 години постоење, денеска почнува Семинарот за изучување на народните инструменти и песни. Годинава учесници се 12 млади вљубеници во изворниот мелос, а предавачи на Семинарот се професор д-р Родна Величковска, која е и уметнички директор на Фестивалот, професор д-р […]

Четириесет и три преводи годинава во конкуренција за наградата „Драги“


 До крајниот рок за доставување на номинациите – 1 јули, пристигнаа рекордни 43 дела во превод на македонски јазик, како во печатен така и во електронски формат. Во конкуренција за наградата „Драги“ се 40 преведувачи, што е повеќе од минатата година. Книгите се објавени од 18 издавачки куќи или поединци, а преводите се направени од […]

Владо Калембер, и питач и крал во новата песна што ја потпишуваат Копров, Драгиќ и Дојчиновски


  Може ли разделба да биде достоинствена, без навреди, обвинувања и лоша мисла? Кога ќе ја слушнете „У љубави смо краљеви и просјаци“, новата песна на Владо Калембер што ја потпишуваат: Григор Копров (музика), Саша Драгиќ (текст), Владимир Дојчиновски (аранжман), ќе останете без здив. Па и да имавте и најмала љубовна рана, ќе зацелите бидејќи […]

До крајот на 2025 година во Атина ќе сообраќаат 900 нови електрични автобуси


Врз основа на програмата на Министерството за транспорт, во Атина, до крајот на 2025 година ќе сообраќаат вкупно 900 нови автобуси, истакна грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис при неговата посета на гаражата со автобуси од јавниот превоз, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис посочи дека веќе во Атина и Солун сообраќаат првите 250 електрични автобуси. […]

Бајден објаснува: За малку ќе заспиев на дебатата


  Американскиот претседател Џо Бајден го обвини „џет-легот“ за неговите лоши перформанси во минатонеделната дебата на Си-Ен-Ен. Тој им рече на новинарите дека „не бил многу паметен“ бидејќи „неколку пати патувал низ светот“ пред дебатата. Настапот на Бајден во дебатата беше оценет како катастрофален. За време на дуелот, тој даде низа некохерентни и збунувачки одговори […]

СДСМ не го плашат ќорците на „тројанскиот коњ Максим Димитриевски“


СДСМ реагираше на понудата од ЗНАМ да ги прими во партијата сите разочарани членови на нивната партија.   -Вистинските социјалдемократи кои се борат со срце и со душа за остварување на социјалдемократските вредности нема никогаш да ги прифатат повиците на лажните патриоти од ЗНАМ. Максим Димитриевски за неколку фотељи и градоначалничка функција стана слуга и […]