Војската на Србија на вежбата претстави досега непознат дрон камиказа


На воениот полигон „Пасуљанске ливаде“ во Србија во тек е вежбата „Огнен удар 2024“, при што се вежбаат борбени операции со употреба на беспилотни летала за извидување и огнена поддршка, соопшти српското Министерство за одбрана. Во вежбата учествуваат околу 1.500 припадници на Армијата на Србија и повеќе од 300 борбени возила, вклучително и оние кои […]

Во 2024 година, Јапонија конечно ги исфрли флопи дисковите од владините канцеларии


Јапонската влада објави дека постепено ги отстранува флопи дисковите, што е клучна пресвртница во нејзината кампања за модернизација на државната администрација. До средината на јуни, дигиталната агенција ги укина сите прописи за користење на флопи дискови, 1.034 од нив, објави владата. „На 28 јуни ја добивме војната со дискетите!“, изјави министерот за дигитални технологии Таро […]

Агелер: Довербата во правосудството е шокантно ниска


Судскиот совет треба да го следи законот и да даде отпор на политичките притисоци, бидејќи државата има добро изработени закони и искусни обвинители и судии, смета американската амбасадорка во земјава, Анџела Агелер. На Конференцијата за напредокот при спроведувањето на препораките од Оценската мисија на ЕУ од страна на Судскиот совет, Агелер порача дека тие треба […]

СДСМ влезе во ерата на Филипче, денеска ја презеде должноста


  По непосредните избори минатата недела и убедливата победа новиот претседател на СДСМ, Венко Филипче денеска и официјално ја презеде лидерската позиција во партијата. Функцијата му ја „предаде“ досегашниот претседател на партијата во оставка, Димитар Ковачевски. Според соопштението на СДСМ, Ковачевски му го честитал изборот и му посакал повторно градење победнички СДСМ. Венко Филипче посочи […]

Бугарка во владата, како жена на гусарски кораб


Каква голема трагедија нѐ снајде, откриена е Бугарка во македонска влада. Да имаше такво сензационално откритие само пред два месеци во „предавничката“ влада ќе беше многу полошо од жена на гусарски кораб. Се случи баш сега страшна одмазда на историјата и тоа како фарса. На македонскиот патриотизам, гордост и достоинство му е зададен удар од […]

ЕУ сака да воведе царини за евтини стоки купени преку „Алиекспрес“, „Шејн“…


Европската унија размислува за воведување царини за евтини стоки купени преку кинески онлајн платформи како „Тему“, „Шејн“ и „Алиекспрес“, објави денес „Фајненшел“, повикувајќи се на три анонимни информирани извори. Според сегашните регулативи на ЕУ, пакетите купени преку Интернет од земји кои не се членки на ЕУ не подлежат на царина доколку нивната вредност е под […]

Ако бидат овозможени пристојни услови, ќе има настава на албански јазик во Чашка


Настава на албански јазик во општина Чашка од септември ќе има ако бидат овозможени пристојни услови за учениците, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска во одговор на прашањето дали има дискриминација во случајот со ООУ „Тодор Јанев“ во Чашка каде што минатата учебна година имаше протести од родители.  Министерката нагласи дека правата на […]

Ѓорѓиевски и Ристовски се зафатија со салата „Расадник“


Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес заедно со министерот од новоформираното Министерство за спорт, Борко Ристовски, ја посетија салата „Расадник”. Најавија дека после децении негрижа од поранешното раководство почнува процесот за нејзина реконструкција. Во финална фаза е нарачаниот проект од Општина Кисела Вода која од минатата година по долг и мачен процес, правно и без долгови ја […]

Позната најновата листа на најбогати луѓе во светот: Еве кои се изненадувањата


Легендарниот инвеститор Ворен Бафет во јуни откри дека донирал акции на Беркшир Хатавеј во вредност од околу 5,3 милијарди долари. Тоа, заедно со благ пад на вредноста на неговите акции, беше доволно да го смести три места подолу меѓу најбогатите луѓе во светот, на 10-то место, од 1 јули. Ова е најниското рангирање за Бафет, […]

Чибишев најавува вработувања по конкурс и закон – биологот ќе работи прва смена, а потоа на повик


 Новиот директор на Клиниката за токсикологија Андон Чибишев денеска на прес-конференција посочи дека најголем проблем на Клиниката е недостигот на кадар. Најавува интензивни напори да се надмине проблемот.  Вели дека има недостиг од секаков кадар и дека веднаш се потребни околу 15-тина лица, пред се млади кадри бидејќи просечната старост на вработените на Клиниката е […]

Француската „тврда левица“ е демонизирана – но нејзината агенда е реална, а не радикална


Првиот круг од парламентарните избори во Франција донесе невиден пораст на поддршката за екстремната десница. Следната недела, 7 јули, Националниот собир (РН) и неговите сојузници потенцијално би можеле да дојдат до власт. Не само со релативно мнозинство, туку – и постои значителна веројатност за тоа – со целосно. Некои можеби тврдат дека крајната десница е […]

Што содржи планот на Трамп за НАТО?


 Доналд Трамп се закани дека ќе го напушти НАТО толку пати што за многу од неговите критичарите, прашањето е кога, а не дали тој би се откажал од 75-годишниот сојуз ако биде реизбран за претседател во ноември. За волја на вистината, малку е веројатно дека Трамп целосно ќе го напушти НАТО, според интервјуата со поранешни […]

Најмалку 24 повредени пред ноќен клуб во Сплит – се скршило стаклото од притисок од метежот


Дваесет и четири млади луѓе беа повредени пред популарен ноќен клуб во хрватското јадранско одморалиште Сплит доцна синоќа откако се скрши стаклена фасада на влезот во клубот. Повредените, од кои повеќето биле туристи од Германија и Шведска, чекале пред клубот за да влезат. Тие се здобиле со исеченици од парчиња стакло што се разлетале, јави […]

Возач загина, а 20 туристи се повредени кога автобус удри во бетонски столб на мост во Анталија


Возач на автобус загина, а 20 руски и белоруски туристи се повредени денеска кога автобус удри во бетонски столб на мост во Анталија, Турција.  Несреќата се случила кога автобусот, кој требало да превезе руски и белоруски туристи од хотел во Аланија до аеродромот во Анталија, удрил во бетонски столб на влезот на мостот Манавгат, јави […]

МСУ стана член на балканската мрежа на музеи


Музејот на Современа уметност МСУ – Скопје, стана член на балканската мрежа на музеи каде членуваат околу 100 музеи од Балканот, бројни граѓански организации и 200-тина индивидуалци од културниот сектор. Мисија на БМН е фокусирана кон музеите на Балканот и подразбира поддршка и развој на креативни лидери во музеите, застапување на социјално одговорни музеи, кои […]

Градоначалникот на Крива Паланка бара државна помош за справување со штетите од невремето


Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, ја повика Владата на Република Северна да овозможи државна помош за Општина Крива Паланка за справување со штетите од невремето што ја зафати целата држава деновиве,  кое во општината оштети над 40 километри земјена патна инфраструктура. -Потребни нѝ се помош и поддршка од надлежните национални институции и претпријатија […]

Едно лице загина во сообраќајна несреќа на автопатот кон преминот Богородица


Едно лице загина, а друго е повредено во сообраќајната несреќа што се случила синоќа 30 минути по полноќ на автопатот од клучка Гевгелија кон Граничниот премин Богородица. Како што соопштија од СВР Струмица, во сообраќајна несреќа учествувале товарно возило „ман“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Б.Ј.(35) од село Селемли, општина Богданци и товарно возило […]

Општина Тетово до петок ќе прима барања за обесштетување од невремето


Општина Тетово информира дека времето за поднесување барање за обесштетување од невремето на 23 јуни ќе биде до петок (5 јули 2024 година). Сите граѓани кои имаат штети во домаќинства и на земјоделските површини можат да поднесат барање за процена на штета до Општина Тетово. Барањето треба да го подигнат и пополнето да го достават […]

Приватните превозници во јавниот градски превоз во Скопје до петок ќе возат само до 10 часот изутрина


Дел од приватните превозници во јавниот градски превоз во Скопје бараат финансии за да можат да продолжат да ги услужуваат граѓаните со своите возила. До петок, како предупредување, ќе возат само до 10 часот изутрина, а потоа ќе одлучат што ќе прават понатаму. Како што велат, од јануари годинава, кога зеле само дел од средствата, […]

Топ Билд: Асфалтната база во Визбегово промовира индустриски еколошки напредок во заштитата на животната средина со највисоки светски стандарди!


По повод актуелните случувања околу изградбата на асфалтната база во Визбегово, со реакција се јави инвеститорот Топ Билд. „Не се сите бази исти! Искрено жалиме што како општество кое секојдневно исклучиво претендираме за приклучок кон развиениот Запад треба да се бавиме со реакции на валкани кампањи. Наместо како општествено одговорни да промовираме индустриско еколошки напредок во […]