Откриени 175 препишувачи на државната матура, 49 користеле мобилен, 22-ца извршиле плагијат
Вкупно 14.834 пријавени кандидати, на 1 јуни го полагаа задолжителниот екстерен испит по мајчин јазик, додека на 8 јуни се полагаше изборниот предмет, а тестирањето се спроведе во холовите и спортските сали на училиштата, заради поголема прегледност и контрола на набљудувачите над учениците. Просечната оценка која ја постигнаа средношколците на државната матура годинава е 3,25. […]