Панче Тошковски пријави два стана, два автомобили, две градежни парцели и деловен простор


Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски го објави анкетниот лист во Државната комисија за спречување на корупција, а таму пишува дека има стекнато стан во Центар во 2023 во вредност од 18.450.000 денари. Неговата сопруга има стан во скопско Злокуќани од 14.760.000 денари, стекнат во 2022. Заедничката вредност е 545.000 евра на овие недвижнини. Сопругата […]

Мисајловски најави безрезервна поддршка за Украина – политички и на друг начин


 Нашата безрезервна поддршка за Украина и украинските граѓани уште еднаш ќе ја потврдиме на Самитот на НАТО, порача денес министерот за одбрана Владо Мисајловски на денешната средба со амбасадорката на Украина,  Лариса Дир и одбранбеното аташе, полковникот Серхии Кацуба во Министерството за одбрана. „Покрај политичката поддршка која безрезервно ја имате, ќе вложиме дополнителни напори да […]

Муцунски беше домаќин на НАТО работен појадок


Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес беше домаќин на НАТО работен појадок, на кој присуствуваа амбасадорите на земјите членки на НАТО, како и Украина, Јапонија и ЕУ.  Настанот се одржа во пресрет на НАТО Самитот во Вашингтон каде ќе биде одбележана 75 годишнината од формирањето на Алијансата. -Работниот појадок беше можност […]

Министерот за здравство со директорите на ФЗО и Онкологија ќе бараат решенија за проблемите на Клиниката


Министерот за здравство Арбен Таравари и директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски ја посетија Клиниката за радиотерапија и онкологија во Скопје. Тие попладнево разговараа со дел од вработените и со директорот Игор Стојковски за проблемите со коишто се соочува Клиниката, по што истакнаа дека ќе бараат брзи решенија за граѓаните да имаат што […]

Синиша Стојановски е новиот директор на „8 Септември“


Уште две здравствени установи добија нови директори. На местото на досегашниот директор Христијан Костов на Градската општа болница „8 Септември“ доаѓа доктор Синиша Стојаноски. Стојаноски е Доцент на Институтот за Патолошка физиологија и Нуклеарна медицина, а во моментот е пратеник во Собранието. Со институтот за јавно здравје ќе раководи Марија Андоновска. Андоновска по професија е […]

Шаленберг бара билатералните прашања да се третираат одделно од процесот на евроинтеграција


Процесот на ЕУ интеграција треба да се фокусира на усвојувањето на европското законодавство, а билатералните прашања да се третираат одделно, вели министерот за надворешни работи на Австрија Александер Шаленберг, во интервјуто за грчкиот весник „Та неа“, а паралелно посочува дека конкретно за Северна Македонија, јасни предуслови се уставните измени и целосното почитување на меѓународните договори. […]

Невработеноста во Италија на најниско ниво


 Стапката на невработеност во Италија во мај изнесувала 6,8 отсто, исто како и во април, што значи дека и понатаму е најниска во последните 16 години, објави Италијанскиот институт за статистика (Истат). Во Италија во мај се регистрирани 1,75 милиони невработени лица, приближно исто како и во април, додека бројот на вработени е намален за […]

Доделени 56 договори за поддршка на локални настани и саеми


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска додели 56 договори за поддршка на локални настани и саеми. – Од 2008 година, нашата посветеност за поддршка на локални настани и саеми неверојатно порасна. Она што започна со еден корисник сега се прошири на 56 одобрени договори, покажувајќи ја различноста и богатството на македонските земјоделски […]

Копров како ретко кој го знае патот од талент до ѕвезда и ѕвездата да ја направи уште поголема ѕвезда (фото)


На времето требаше да бидете талентирани, да имате амбициозни родители, да пеете во „Златно славејче“ и да ве забележи Григор Копров. Од нашите најпознати композитори и хитмејкери тој е еден од ретките кај нас кој го знае патот од талент до ѕвезда и кој со своите песни знае ѕвездата да ја направи уште поголема ѕвезда. […]

Јавниот долг на Србија на крајот на мај изнесуваше 47,6 отсто од БДП


Јавниот долг на Србија на крајот на мај годинава изнесуваше околу 36,35 милијарди евра, што е 47,6 отсто од бруто домашниот производ (БДП), соопшти денеска Министерството за финансии на Србија. Јавниот долг на крајот на април изнесуваше 36,30 милијарди евра или 47,5 отсто од БДП. Јавниот долг на Србија на крајот на 2023 година изнесуваше […]

Истражување: Речиси 11 отсто од германските компании нудат четиридневна работна недела


Речиси 11 отсто од германските компании им нудат на своите вработени четиридневна работна недела, се вели во извештајот објавен денеска од Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен, спроведен во вториот квартал од оваа година. Како што се наведува, само два отсто од компаниите во Германија планираат да воведат четиридневна работна недела, 19 отсто разговараат […]

Амбасадорите од ЕУ сакаат дијалог со владата за да се оди напред


  Евроамбасадорот Дејвид Гир и германската амбасадорка Петра Дрекслер во изјава за медиуми прашани да дадат коментар за изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека странските амбасадори се мешаат во внатрешните работи, рекоа дека се надеваат на продолжување на дијалогот со новата Влада. Откако дел од амбасадорите изразија забелешки за најавата за распуштање на Судскиот совет […]

Залуден ПР на Израел, реалните бројки се неумоливи: Драстично е намален бројот на туристи во земјата


Иако Израел се обидува на јавноста да и ја претстави сликата дека војната во Газа не ја потресе значително земјата, податоците во реалноста го негираат ваквиот став на владата, а тоа особено се однесува на туризмот. Според израелските медиуми, во првата половина на 2024 година, бројот на пристигнувања на странски државјани во земјата изнесувал четвртина […]

УЈП повикува да се плати веднаш доспеаниот данок од ДЛД-ГДП за 2023 и да се избегне присилна наплата


Управата за јавни приходи денеска преку соопштение ги повика сите даночни обврзници кои во законскиот рок не ја платиле даночната обврска по ДЛД-ГДП 2023, да го платат веднаш својот даночен долг. Согласно евиденцијата на УЈП, 4.767 даночни обврзници ја немаат платено разликата за доплата на данокот на личен доход утврдена во Годишната даночна пријава за […]

Димитриеска-Кочоска: Нема простор за намалување на расходите во Буџетот


Во Буџетот за 2024 година нема простор за намалување на расходната страна затоа со ребалансот ќе направиме реалокација на средства од ставки кои не се реализираат или коишто ќе се покаже дека не се продуктивни. Првичните анализи покажуваат дека на расходната страна може да се скрати околу 200 до 300 милиони евра, но дека појасна […]

Студија на „Фајнанс тинк“: Државата губи стотици милиони евра од нецелосно пријавување на приходите од вработување


Поради нецелосно пријавување на приходите од вработување, државата секоја година губи стотици милиони евра кои би се слеале во Буџетот. Непријавена работа во нашата земја сочинува околу 21,1 отсто од вкупниот трудов инпут, со значајно присуство во преработувачката индустрија и градежниот сектор, додека пак, во однос на непријавување приходи, домаќинствата не пријавуваат приближно 9,7 милијарди денари, […]

Најџел Фараж конечно стана пратеник – во неговиот осми обид


  Најџел Фараж стана пратеник и ќе ја донесе својата нова Реформска партија во парламентот на Велика Британија. Во неговиот осми обид да влезе во Долниот дом, десничарскиот популист победи во изборната единица Клактон-он-Си во округот Есекс на истокот на Англија со 21.225 гласови, соборувајќи го актуелниот конзервативец Гилс Ватлинг. Победата доаѓа додека британската Лабуристичка […]

Шпиц во наводнувачката сезона, земјоделците бараат повеќе вода и ред при наводнувањето


Поради високите температури, започна шпицот во наводнувачката сезона, а земјоделците бараат повеќе вода, рече денеска во изјава за МИА, Дане Јошев, претседател на регионалното здружение „Тиквешки лозароовоштари”.  – Според нас, проблемот е во тоа што има недостаток од вода за наводнување поради горештините и недостаток на технички кадри и недостаток на резервни делови за одржување […]

Столтенберг се надева дека Украина може да се приклучи на Алијансата во следните 10 години


 Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изрази надеж дека Украина може да се приклучи на Алијансата во следната деценија. – Силно се надевам дека Украина ќе биде сојузник, рече тој во интервју за ДПА, одговарајќи на прашање за можно проширување на НАТО во следните 10 години. Генералниот секретар во заминување зборуваше пред самитот на лидерите […]

Битиќи ја договорил инвестицијата на Мицкоски


  „Некој се ‘кити со туѓи перја’ и ја објавува инвестицијата на EPSOTECH како своја (и тоа пред да се финализирани сите процедури), а некој чека(л) додека се изјаснат сите релевантни институции за да се потврди договорот за соработка. Благодарност до ВМРО-ДПМНЕ што ги потврдуваат и продолжуваат планираните инвестиции кои мојот (сега веќе поранешен) кабинет […]