Три лица загинаа откако камион влета во парк во Њујорк за време на прославата на Денот на независноста


Три лица загинаа, а осум се повредени во САД кога камион влета во група луѓе кои го славеа Денот на независноста во Њујорк, соопштија властите, пренесе Бета. Од осумте повредени, тројца се во животна опасност, тројца се здобиле со тешки телесни повреди, а двајца со полесни повреди. Несреќата се случила синоќа, кога камион со голема […]

Во Грција регистриран првиот случај на заразен со вирусот Западен Нил


Атина – Националната организација за јавно здравје на Грција (ЕОДИ), денеска соопшти дека во земјата е дијагностициран првиот случај на заразен со вирусот Западен Нил за 2024 година, а најверојатно инфекцијата е во општина Лариса, регионот што лани беше еден од главните центри на циркулација на вирусот, јави дописничката на МИА од Атина. Од ЕОДИ […]

5 јули во историјата – Промовирано е бикинито


  На 5 јули 1946 година, францускиот дизајнер Луј Реар откри смел дводелен костим за капење во Piscine Molitor, популарен базен во Париз. Париската шоу-девојка Мишелин Бернардини ја моделираше новата мода, која Реар ја нарече „бикини“, инспирирана од американскиот атомски тест, што се одржа во близина на Атолот Бикини во Тихиот Океан претходно таа недела. […]

Регистрирана првата странска компанија за целите на ДДВ преку даночен застапник


Во Управата за јавни приходи – Регионалната Дирекција Скопје денеска е извршена регистрација на првиот даночен застапник на странска компанија која нема свое седиште, поддружница или претставништо, а врши промет на добра и услуги што се предмет на одданочување со ДДВ во земјата. Согласно со последните измени на Законот за данок на додадена вредност, соопштија […]

Продолжи судењето против Мерко


Во Основниот суд во Струга денеска почна главната расправа за казненото дело фалсификување исправа и несовесно работење во службата во училиштето во Велешта, во кое меѓу четворицата обвинети е и струшкиот градоначалник Рамис Мерко. Рочиштето, пак, на кое му се суди на Мерко за незаконско назначување директори во основните училишта, во селата Подгорци, Лабуништа и […]

Во Струмица oбид за киднапирање на тригодишно дете?


Во Големиот градски парк во Струмица имало обид за киднапирање на тригодишно дете. Веста се прошири и се споделува по социјалните мрежи, а од полицијата денеска потврдија дека случајот е пријавен и дека работат на негово расчистување. Имено, според објавите тригодишното дете се обиделе да го киднапираат две лица, кои наводно зборувале странски јазик, но […]

Историјата се повторува, почна чистката на амбасадорите што не се по мерка на власта


  Канал 5  објави дека и македонскиот амбасадор во Обединетите нации во Њујорк, Љубомир Фрчкоски, бил повикан на консултации во МНР, наводно поради финансиски малверзации и непостапување по добиените насоки. Освен конзистентно непостапување по насоките кои во изминатиот период ги добивал од Министерството (иако Тимчо Муцунски само десет дена е министер), му се забележува и  […]

Невработеноста во САД во јуни се зголеми на 4,1 отсто, отворени се 206.000 нови работни места


Стапката на невработеност во САД благо се зголеми од четири отсто во мај на 4,1 отсто во јуни, додека во спомнатиот месец се отворени 206.000 нови работни места, соопшти денеска Американското биро за статистика на трудот. Резултатите ги надминаа очекувањата на аналитичарите кои предвидуваа дека во јуни ќе бидат отворени 190.000 нови работни места во […]

Го исмеваа дека е здодевен, а Кир Стармер стана британски премиер со сензационална победа


  За некој за кого често се потсмеваат како здодевен, Кир Стармер донесе сензационален изборен резултат. Стармер ја предводеше британската Лабуристичка партија до убедлива изборна победа, а во петок ќе стане премиер – првиот лидер од левичарската партија што победил на националните избори во Велика Британија по Тони Блер, кој победи три пати по ред […]

Орбан на средба со Путин, барал патишта за мир


  Рускиот претседател Владимир Путин во петокот го пречека унгарскиот премиер Виктор Орбан во Москва на ретка средба со европски лидер на разговори за мировните предлози за Украина. Посетата на Орбан доаѓа само неколку дена откако тој направи слична ненајавена посета на Украина, каде што се состана со претседателот Володимир Зеленски и предложи Украина да […]

И Украина се оградува од мисијата на Орбан во Русија


Украинското Министерство за надворешни работи е последно во низата на официјални институции што се огради од посетата на Виктор Орбан на Русија и агендата шпто тој таму ја спроведува.  „Во врска со посетата на унгарскиот премиер Виктор Орбан на Москва, МНР на Украина   соопштува дека одлуката за ова патување била усвоена од унгарска страна без […]

Разрешување на Кацарска нема да биде тема во Собранието


Собранието нема да расправа за дописот од Судскиот совет (СС) дека на уставната судијка Добрила Кацарска ѝ престанал судискиот статус поради пензионирање. Тоа го потврди претседателот на Собранието Африм Гаши . На Кацарска како уставен судија мандатот ѝ е регулиран со Уставот и тој не вклучува престанок заради пензионирање пред истекот на мандатот, но Судскиот […]

Лекари се заканувале дека ќе си одат од Детската клиника ако Реџеп Мемеди стане директор


Партиските назначувања предизвикуваат се поголем отпор и хаос во државата. Веќе неколку денови на скопската Клиника за детски болести се кршат копјата за тоа кој ќе седне на директорското столче- информира „Фокус“. Детската клиника се смета за една од најкритичните клиники, со оглед на тоа што таму се хоспитализираат најтешко болните деца. Според информациите на […]

Јане Мицевски и Малиша Станковиќ се нови пратеници на местото на Синиша Стојаноски и Бобан Николовски


 Државната изборна комисија ја одржа 109–тата седница на која Комисијата го разгледа Известувањето доставено од Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија со кое информира дека Собранието на седницата одржана денеска констатира дека на избраните пратеници Синиша Стојаноски и Бобан Николовски од Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО- ДПМНЕ им престанува мандатот на пратеници согласно […]

Мицкоски за Судскиот совет: Седат во дебели фотелји, земаат плата и се против реформи


  „Убава е нивната позиција, секој месец да си земате плата, а да имате два проценти доверба кај граѓаните. Таа е најубавата позиција, комфорна, заседнати во дебели кожни фотелји со црвени килими и секој ден да доаѓате на работа, да броите илјадници евра месечна плата, а кај граѓаните да уживате само два проценти доверба. Нормално […]

Мицкоски не знае дали ќе се сретне со Мицотакис во Вашингтон


Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека доколку има средба со грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис на претстојниот Самит на НАТО во Вашингтон, се надева дека ќе го задржат достоинството и дека ќе разговараат како партнери и како добри соседи. -Се надевам дека ќе го задржиме достоинството и дека ќе разговараме како партнери и како добри соседи, доколку […]

Столтенберг: НАТО беше однапред информиран за заминувањето на Орбан во Москва


Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изјави дека Алијансата била однапред информирана за заминувањето на унгарскиот премиер Виктор Орбан во Москва на разговори со рускиот претседател Владимир Путин. Столтенберг на самитот на НАТО истакна дека Орбан патува во својство на премиер на Унгарија и дека во Москва нема да го претставува НАТО, чиј член […]

ЕК чека земјите од Западниот Балкан да и ги достават реформските агенди од Планот за раст


Пред да донесе одлука за исплата на средства во рамки на Планот за раст на Западниот Балкан, Европската комисија очекува сите земји од регионот да и ги достават своите реформски агенди во социо-економската сфера и во областа на основните вредности, изјави портпаролката на Европската комисија за соседска политики, проширување и меѓународни партнерства Ана Писонеро. – […]

„Eпсотех“ ќе инвестира 20 милиони евра, најмалку 110 нови работни места


Најмалку 110 работни места претежно од инженерската струка, нови машини и технологија, најавија денеска премиерот Христијан Мицкоски и извршниот директор на компанијата „Eпсотех“, Аламави, кои ја промовираа претстојната инвестиција во земјава вредна 20 милиони евра. Како што рекоа Мицкоски и Аламави, инвестицијата е германско-белгиска, ќе почне во август со градба на објект надвор од индустриско-технолошките […]

Мицкоски тврди дека „тајфун“ поминал низ државата, но ќе бара пари за повисоки плати


Откако дадоа еден куп ветувања поврзани со значајни финансиски сретства, од неделава претставниците на новата влада почнаа јавно да се жалат и да ги намалуваат очекувањата. „Прашање е како ќе се исплаќа она што е редовно предвидено во Буџетот. Се обидуваме да бидеме креативни и граѓаните да не го почувствуваат тоа. За зголемените пензии ќе […]