Изумрени риби во долниот тек на река Брегалница во Делчевско


 Изумрени риби попладнево се забележани во долниот тек на река Брегалница во Делчевско. За појавата алармираа сточари кои вршат испаша на домашни животни во атарот на селата Драмче и Бигла во близина на реката Брегалница. Самостојниот општински инспектор Љупчо Симоновски, во изјава за МИА, посочи дека се работи за рибокрадство. -Логично ваквата појава е од […]

Санчо одбил сериозна понуда, ги чека Јувентус


Крилниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Џејден Санчо, одбил многу сериозната понуда што пристигнала во клубот за него бидејќи претпочита да го чека развојот на настаните околу интересот на Јувентус за него, тврдат неколку италијански новинари. Англичанецот како сериозен приоритет го дефинираше влегувањето во редовите на „старата дама“. Различни извори тврдат дека од „Олд Трафорд“ се […]

Без вода утре корисниците од улица „Мирче Ацев“


Корисниците од улицата „Мирче Ацев“, утре од 7.30 часот ќе останат без вода за пиење, соопштија од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Како што се појаснува во соопштението, вода за пиење ќе нема поради изведување водоводен приклучок на улицата „Мирче Ацев“ без број. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности.

Екстремна идеја: Вселената да ни ги чува податоците!?


Можеби ќе биде до 2036 година, но Европа размислува како да испрати центри за податоци во вселената на одржлив начин. Откако започна генеративната вештачка интелигенција (ВИ), побарувачката за центри за податоци вртоглаво се зголеми, но со недостаток на земја и потреба од електрична енергија, Европа размислува да испрати центри за податоци во вселената во обид […]

Кривична за петмина вмешани во бесправно изнајмување на Олимписки базен


Единицата за корупција во Секторот за криминалистички истраги при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во соработка со Одделот за криминалистичка полиција на 05.07.2024 до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против: Д.Д.(55), М.Г.(32), М.М.(64), К.В. (58) и А.Д.(29), сите од Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената […]

Цените на чајот во Индија значително се зголемија поради намалениот род


Цените на чајот во Индија нагло се зголемија и најверојатно ќе останат високи поради топлотните бранови и поплавите на врвот на сезоната на жетва во клучните региони за производство, предупредуваат лозарите и трговците. Порастот на цените може да му помогне на заболениот сектор, кој се бореше со зголемените трошоци за производство во последните десет години, […]

Локализиран голем пожар на територија на општина Прилеп


 Рeгионалниот Центар за управување со кризи – Прилеп информираше дека е локализиран опасен пожар зад објектите на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ). Спасени се една фабрика и околни објекти во реон на пожарот, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК). – Преку 112 во ЦУК, добиен е повик за опасен пожар во Прилеп, а освен […]

Ни недостасува култура на почит кон уметноста и дизајнот : Лидија Георгиева за првиот ангажман како костимограф


„Филмот е сепак, сосем друга индустрија, но исто како и во модната, не трпи грешки, се работи за строго определен буџет и календар во којшто мора да влезат сите фази на истрага, креација, реализација и подготвеност на разни изненадувања и непредвидени барања во самиот тек на снимањето“, вели во интервју за Независен, дизајнерката и професор […]

„Вартекс“ оди во стечај


Компанијата Вартекс дефинитивно оди во стечај. Надзорниот одбор даде согласност на менаџментот да покрене стечај, а денеска се одржа состанок со работниците, кои едногласно ја поддржаа одлуката. Ова за ХРТ го потврди Стјепан Чајиќ, косопственик на „Вартекс“. Директорот Карло Копрек рече дека за работниците е подобро ако „Вартекс“ самиот прогласи стечај. „Веќе во петокот им […]

Јаневска: Секој универзитет кој работел спротивно на законот, ќе биде затворен


Многу скоро ќе направиме ревизија на легалното работење на бројни универзитети и како што секогаш сум истакнувала, тие што работат спротивно на Законот, нема да можат да постојат и понатаму, додека тие што работат легално и продуцираат квалитетен кадар да не се плашат и понатаму ќе можат да работат. Ова го истакна министерката за образование […]

Езерската полиција спаси две малолетни лица кои со кајак се превртеа во Охридско Езеро


Утрово, во 9.30 часот во Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ пријавено е дека во водите на Охридското Езеро, на плажата „Бафало бич“, се превртел кајак, сопственост на кајак клуб од Охрид во кој имало две малолетни лица.  По добиената пријава, полициски службеници од Езерската полиција со пловен објект се упатија на посоченото место […]

Семејствата на заложниците апелираат до Нетанјаху да го одложи говорот во американскиот Конгрес


Групата што ги претставува семејствата на израелските заложници кои се држат во Појасот Газа денеска апелираше до израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да го одложи својот говор пред американскиот Конгрес додека не се потпише договор за ослободување на нивните роднини. Нетанјаху треба да зборува на заедничката седница на Конгресот на 24 јули. Израел и Хамас во […]

По смртта на нобеловката Алис Манро, ќерката откри мрачна семејна тајна


Андреа Робин Скинер, ќерка на канадската нобеловка Алис Манро, рече дека нејзиниот очув сексуално ја злоставувал како дете – и дека нејзината мајка знаела за тоа и сепак избрала да остане со него. Скинер, сега веќе возрасна, ги детализираше овие обвинувања во есеј во Торонто Стар во неделата. Според посебна статија во Торонто Стар, Скинер […]

Изречени казни од над 350.000 евра за неправилности на плажи во Грција


Атина – За само пет дена надлежните служби од Министерството за национална економија и финансии на Грција разгледале над 1.000 пријави од граѓани поднесени преку специјалната апликација MyCoast и преку специјалниот телефонски број за неправилности на плажите во земјата, а од спроведените контроли досега биле изречени казни од над 350.000 евра, јави дописничката на МИА […]

Ураганот Берил остави без струја над 1,5 милиони луѓе во Тексас


Остин – Повеќе од 1,5 милиони луѓе во Тексас моментално се без електрична енергија по налетот на ураганот Берил од правец на Мексико и Карибите кон таа американска држава, објави веб-страницата PowerOutage. Како што е наведено, 1.537.649 жители на Тексас од утрината останале без струја, пренесува Си-Ен-Ен. Ураганските ветрови од речиси 120 километри на час […]

„Мулен руж“ пак ги отвара вратите за публика


Познатото кабаре „Мулен Руж“ („Црвена ветерница“) во парискиот кварт Пигал, кое во октомври минатата година, под неразјаснети околности, остана без крилата на ветерницата на својот покрив и веднаш престана да работи, повторно ги отвори своето врати, на задоволство на бројните туристи и парижани. -Кабарето „Мулен Руж“ без едра на својата ветерница е празен простор за […]

Оливер Зафировски е нов директор на Клиниката за пулмологија и алергологија


Оливер Зафировски е назначен за медицински директор на Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија во Скопје. Докторот ја сподели веста на социјалните мрежи.  – Најпрво би сакал да им се заблагодарам на моите колеги од Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“ – Скопје, каде работев повеќе од 30 години и заедно ја изградивме […]

Во земјава има вкупно 52.316 студенти, благ пад на уписите (инфографик)


Вкупно 52.316 студенти се запишани во академската 2023/2024 година на високообразовните установи во Северна Македонија, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС). Согласно извештајот, бројот на студенти во оваа академска година е помал за 2,8 отсто во споредба со запишаните студенти во претходната. Најголем дел од студентите – речиси 78 отсто, се запишале на […]

ИЈЗ: Фекалиите се дробат, но не се филтрираат при испуст во делови од Охридското езеро


Отпадните води во автокамповите „Љубаништа” и „Ливадишта“, хотелoт „Св. Наум“, ресторанот „Острово” и другите угостителски објекти во „Св. Наум“, се директни загадувачи на Охридското езеро. Тие се приклучени на канализациониот систем, но истиот не функционира. Ова е наведено во последниот извештај за квалитетот и здравствената безбедност на површинските води за капење од природните езера и проценка на […]

Прекин на сообраќајот на автопатот Прилеп – Битола поради сообраќајка


Од 15:48 часот затворен за сообраќај е автопатот Прилеп – Битола на излез од Прилеп према Битола кај ѓубриштето, поради сообраќајна незгода, информираа од АМСМ. Сообраќајот се пренасочува по стариот пат.