Перински до градоначалниците: Искористете ги првите 100 милиони евра со добри проекти


Министерот Перински со градоначалниците од Скопскиот плански регион: Убеден сум дека општините ќе аплицираат со зрели проекти и првите 100 милиони евра од Владата наскоро ќе ги почувствуваат граѓаните со решавање на нивни приоритетни потреби Министерот за локална самоуправа, Златко Перински денеска имаше состанок со градоначалниците од Скопскиот плански регион. На состанокот се разговараше за приоритетите […]

Израелската војска ги повика Палестинците да се евакуираат од неколку населби на градот Газа


Израелската армија денеска ги повика Палестинците да се евакуираат од неколку населби на градот Газа, на северот на Појасот Газа, кон таканаречените хуманитарни зони на југ и во централниот дел на енклавата. Армискиот портпарол за арапски јазик, полковник Авихаи Адраи, го објави списокот на населби што треба да се евакуираат – Сабра, Римал, Тел ал […]

ДКСК и Судскиот совет во судир околу Академијата за судии и јавни обвинители


Државната комисија за за справување со корупцијата (ДКСК) не ја прифаќа одлуката на Судскиот совет кој ја отфрли нејзината иницијативата за утврдување на одговорност на членовите на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО), со оценка дека е ненавремена.   -Постапката за утврдување на одговорност од страна на ДКСК е иницирана во […]

Судскиот совет ја отфрли Иницијативата од ДКСК за утврдување одговорност на членови од Управниот одбор на АСЈО


Судскиот совет на денешната 492-та седница ја отфрли Иницијативата од Државната комисија за спречување корупција за утврдување на одговорност на членови на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители. Со девет гласа „за“ и два „против“ Советот донесе решение со кое ја отфрли Иницијативата на ДКСК како ненавремена. Од Државната комисија за спречување […]

Одложено судењето за Мерко – одбраната бара застареност


Во Основниот суд во Струга одложена главната расправа во судскиот процес против струшкиот градоначалник Рамис Мерко за набавката на луксузниот автомобил Ауди А6 вреден 67 илјади евра, поради потребата од време судот да ги разгледа предлозите на обвинителот и одбраната. Судскиот процес ќе продолжи на 2 септември со сослушување на десеттина сведоци предложени од одбраната. […]

Автобус на ЈСП се качи на жардиниера кај „Мавровка“ – возачот и патник пренесени во болница


Несекојдневна сообрајќајна незгода се случи попладнево во Скопје, која двокатен автобус на Јавното сообраќајно претпријатие се качи на средишната жардиниера на булеварот „Гоца Делчев3, при што две лица се пренесени во болница. – Денеска во 14.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје, на булевар „Гоце Делчев“ автобус на ЈСП, движејќи се по […]

Партиите на Ле Пен и Салвини се приклучуваат кон „Патриотите“ на Орбан


  Националниот собир (РН) на Марин Ле Пен и италијанската партија Лига предводена од Матео Салвини ќе се приклучат на неодамна формираниот десничарски сојуз во Европскиот парламент предводен од унгарскиот премиер Виктор Орбан, според портпаролот на Орбан. Француското и италијанското учество не само што ќе ја доближи алијансата „Патриоти за Европа“ предводена од Орбан до […]

Важно за топлите денови: Колку вода му е потребна на вашето тело


Водата е неопходна за да ги извршуваме речиси сите телесни функции. Ако не пиете доволно од него, ќе станете дехидрирани, што значи дека вашето тело нема доволно вода за нормално да функционира. Со децении на луѓето им се советуваше да пијат осум чаши вода дневно, но во реалноста приказната е малку посложена. Водата за пиење […]

Влатко Стефановски и Васил Хаџиманов прв пат заедно на џез сцената во Белград


Синоќа во Белград на музичкиот џез фестивал „Somersby   Jazz in the Garden“, Влатко Стефановски и Васил Хаџиманов за првпат во кариерата настапија заедно на сцената како дует, а како специјален гостин им се придружи и американскиот госпел и блуз пејач Дин Бауман, јави дописникот на МИА од Белград. –Со Васил се знаеме подолго време. […]

Кривичен во целост го прифати обвинителниот акт за убиството на Вања и Панче – приговорите одбиени


 Основен кривичен суд Скопје денеска преку соопштение информира дека се одбиени како неосновани приговорите на одбраната на обвинетите за случајот со убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес и обвинителниот акт се прифаќа во целост.  -Советот за оценка на обвинителен акт со КООА 83/24 против обвинетите: В.М., Б.В. и […]

Мицкоски на средба со Гренел кој сакаше да разменува територии на Балканот


  „Плодна и пријателска вечера со Ричард Гренел, американски дипломат, поранешен директор на американската разузнавачка служба и добар познавач на состојбите на Балканот. Економија, енергетика и владеење на право, теми за продлабочување на соработката“, напиша премиерот Христијан Мицкоски околу вечерата со поранешниот американски функционер од времето на Доналд Трамп, Ричард Гренел.  Гренел остана познат во […]

Најдобрата тенисерка на светот Швонтјек елиминирана на Вимблдон


Во третото коло на годинашниот грен слем турнир на Вимблдон, Јулија Путинцева од Казахстан направи големо изненадување победувајќи ја најдобрата светска тенисерка, Ига Швјонтек од Полска, со 3:6, 6:1, 6:2, во мечот што траеше точно два часа. Швјонтек, петкратната грен слем победничка, никогаш немала поголем успех на турнирите на трева. Таа е доминантна на земјени и […]

Според Меџити балансерот не се укинува туку се унапредува во закон


  Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити коментирајќи го  тргањето нанерезидентното население од балансерот нагласи дека тој не се укинува, туку, како што рече, се унапредува во закон за правична застапеност.  – Не се укинува балансерот туку се унапредува и тоа ќе биде во својство на закон за правична […]

Бензините поскапуваат за еден, а дизелот за половина денар за литар


Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и  ЕУРОСУПЕР БС-98 од ноќеска на полноќ се зголемуваат за еден денар за литар, а на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемуваат за половина денар за литар, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад (РКЕ).  […]

Не е планирана средба на Мицотакис и Мицкоски, велат од Атина


  Не е планирана средба, но не е исклучено премиерот на маргините на НАТО самитот, да има билатерални средби, рече портпаролот на грчката влада Павлос Маринакис, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина за евентуална средба на премиерите Христијан Мицкоски и Кирјакос Мицотакис на маргините на НАТО Самитот во Вашингтон. „Не, не е […]

НАТО има потреба од 35 до 50 дополнителни армиски бригади за да го исполни своите нови планови за одбрана


На НАТО ќе му бидат потребни дополнителни 35 до 50 армиски бригади за да ги исполни новите планови за одбрана од евентуален напад на Русија, јавија западните агенции, повикувајќи се на анонимен воен извор, кој одбил да открие повеќе детали за плановите. Меѓу 3.000 и 7.000 војници ја сочинуваат бригадата, така што формирањето на такви […]

Екстремната десница остана без власт, но што е следно во Франција?


Новиот народен фронт (НФП), лево-зелена алијанса доминирана од радикалната левица Непоклонета Франција (ЛФИ) на Жан-Лук Меланшон, се појави како шокантен победник на предвремените избори во Франција, со околу 170 до 215 пратеници од 577 места во Националното собрание. Според раните проценки, центристичката коалиција на претседателот Емануел Макрон „Заедно“ ќе има околу 150-170 пратеници, додека екстремно […]

Комунална хигиена се жали на тенденциозно исфрлање на отпад


Во текот на изминатиов викенд, ЈП Комунална хигиена-Скопје повторно се соочила со, како што велат, тенденциозно  загрозување на животната средина и јавното здравје, преку масовно одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини и создавање диви депонии. -Со цел – одржување на максималното ниво на хигиената и чистотата во градот Скопје, екипите на претпријатието за време […]

Прекрасниот ум на Емануел Макрон


Седејќи и излежувајќи се со Емануел Макрон во раскошната соба на францускиот Air Force One, го прашав францускиот претседател кому му се доверува. Со кого ги споделува своите најдлабоки чувства кога товарот на функцијата го оптоварува? На почетокот изгледаше дека не го разбира моето прашање. За да му помогнам, ја предложив можеби неговата сопруга и […]

Финансиска поддршка за Општина Пехчево за Етно саемот ,,Пехчевски Павловден”


 Градоначалникот на Пехчево Александар Китански, потпиша Договор за користење на техничка поддршка за промотивни активности од областа на земјоделството и руралниот развој во Република Северна Македонија. Поддршката се однесува за манифестацијата Етно саем „Пехчевски Павловден“. -Договорот во вредност од 120.000 денари е потпишан со Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. Истиот е потпишан согласно Јавниот […]