Омилениот пијалок: Како црното кафе ви помага да изгубите тежина


Кафето може да ви помогне и да изгубите тежина… Кафето содржи хранливи материи како ниацин, калиум, магнезиум и антиоксиданси – кои можат да го подобрат варењето, функцијата на мускулите и здравјето на срцето. Содржи и кофеин, кој го поттикнува метаболизмот, ја подобрува енергијата и може да промовира губење на тежината. Само пет калории Црното кафе […]

Под контрола е пожарот на Маркови кули – спасен и манастирот!


Од Центарот за управување со кризи јавуваат дека пожарот над Прилеп во голем дел е ставен под контрола. Како што велат, доцна во ноќта е спасен и манастирот. „Во комуникација со командирот на ТППЕ Прилеп известени биле дека во моментот позади сртот на Маркови кули пожарот е поделен во два крака, ќе направат напори да […]

Франс метео: Жолто ниво за опасност од високи температури во Париз каде се одржуваат ОИ


Француската метеоролошка агенција издаде предупредување за Париз и околните области за можно невреме и максимални температури од 35 степени Целзиусови што се очекуваат денеска во градот во кој се одржуваат Олимписките игри. Агенцијата објави „жолто ниво на опасност“ – второ од четирите нивоа – за главниот град бидејќи топлотниот бран носи високи температури и на […]

Голем пожар кај Сплит, повеќе од 100 пожарникари го гаснат


Еден пожарникар е повреден во Хрватска при гаснење пожар на отворен простор во месноста Каштел Шучурац, во пошироката околина на Сплит. Како што пренесуват локалните медиуми, пожарот избувнал синоќа по 2 часот во близина на железарницата, а гори трева, ниска вегетација и афион. Пожарот го гаснат 106 пожарникари со 39 возила, со помош на противпожарниот […]

„Астерфест“ почнува со Канскиот лауреат „Човекот кој не можеше да молчи“


Деветнаесеттото издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“, во знакот на авторскиот филм, ќе започне задутре во Амфитеатарот во Струмица, со проекција на Канскиот лауреат „Човекот кој не можеше да молчи“ во режија на Небојша Слијепчевиќ, соопштија организаторите. Овој тринаесетминутен хрватски филм, со Горан Богдан во главната улога, неодамна освои „Златна палма“ за краток филм на […]

Објавен нов извештај: „За малку избегната нуклеарна пресметка на Арктикот во 2022 година“


Руски командант ѝнаредил на својата посада на подморницата да подготви торпеда за време на инцидент со американска нуклеарна подморница на почетокот на 2022 година, според извештајот објавен од британски „Тајмс“. Капетанот на американската нуклеарна подморница „мораше да одлучи дали да вооружува торпедо како одговор на рускиот потег што можеше да ги испровоцира Русите да отворат […]

Нервозно тргување на Волстрит, се чекаат клучните најави


Во нервозно тргување на Вол Стрит, индексот Дау Џонс благо падна, додека S&P и Nasdaq зајакнаа додека инвеститорите го чекаат објавувањето на деловните резултати од голем број технолошки компании, состанокот на ФЕД и клучните податоци на американскиот пазар на труд за нови насоки. Индексот Дау Џонс во понеделникот падна за 49,41 поен или 0,12 отсто […]

Изгоре платформата за набљудување на Смоларскиот водопад


Синоќа изгоре платформата за набљудување на Смоларскиот водопад, а пожарот ја зафати и околната шума на планината Беласица, информираа од Територијалната против – пожарна единица на Струмица. Пожарот избувнал околу 18 часот вчера, а потоа брзо се раширил и ја зафатил блиската шума на исток кон Беласица. -ТППЕ Струмица веднаш испрати две против – пожарни […]

Во Србија и министерот за градежништво и транспорт е позитивен на коронавирус


Српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ е позитивен на коронавирусот. Министерот Весиќ ги откажа сите посети и средби што беа планирани за денеска и утре, како и присуство на продолжението на седницата на Парламентот на Република Србија. Весиќ е на домашно лекување, од каде преку платформи за видео состаноци ќе продолжи да […]

Шефот на израелската дипломатија го повика НАТО да ја исфрли Турција од Алијансата


 Министерот за надворешни работи на Израел, Израел Кац, го повика НАТО да ја исфрли Турција од Алијансата, по контроверзната изјава на нејзиниот претседател Реџеп Таип Ердоган. „Во светло на опасната реторика на турскиот претседател Ердоган и заканата за напад на Израел, министерот за надворешни работи Израел Кац им нареди на дипломатите итно да контактираат со […]

Зголемена фреквенција на возила на Табановце за влез и Богородица за излез од државата


На ГП Табановце за влез и ГП Богородица за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, но во раните утрински часови не се бележат подолги задржувања. Исто и на останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ. Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива […]

Концерт на „Парусион“ вечер на Скопско лето


Во рамки на јубилејното 45. издание на манифестацијата „Скопско лето“ вечер со почеток во 20:30 часот во Куршумли ан ќе се одржи концерт на групата „Парусион“. „Парусион“ груп ансамбл е оформен 2003 година во Скопје во чиј состав се Михаил Парушев – тапани, Петар Христов – кларинет и саксофон, Ѓоко Грујовски – гитара, Јован Цветковиќ […]

Еден загинат во протестите во Венецуела


Најмалку едно лице загина синоќа во Венецуела додека безбедносните сили се обидуваа да ги разбијат протестите предизвикани од жестоко спорниот изборен резултат што му даде трет мандат на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, соопшти невладина организација. Венецуелските безбедносни сили употребија солзавец и гумени куршуми кон разбеснетите демонстранти кои ја оспоруваа победата на Мадуро. Илјадници луѓе ги […]

Прекинато водоснабдување на дел од корисниците во Карпош, Ново Маало и од село Никиштани


Прекин на водоснабдување денеска ќе имаат дел од корисниците во Карпош, од Ново Маало, општина Центар и од село Никиштани, општина Ѓорче Петров.  Како што информираа од ЈП Водовод и канализација –  Скопје пради поврзување на нова водоводна мрежа од Ф 125 мм на ул. „Блажо Тодоровски“ бр 9 во Центар, денеска од 07:30 часот […]

Претседателката на Групата за пријателство од Парламентот на Австралија во посета на Собранието


Претседателката на Групата за пријателство од Парламентот на Австралија, Касандра Фернандо, денеска ќе престојува во посета на Собранието на Република Северна Македонија. Како што е наведено на собранискиот сајт, таа ќе оствари средба со потпретседателката на Собранието Весна Бендевска. Фернандо, исто така ќе се сретне и со претседателот на пратеничката група на Собранието на Северна […]

Трамп вели дека церемонијата на отворање на Олимпијадата била „срамота“


 Доналд Трамп ја нарече церемонијата на отворањето на Олимпијадата во Париз „срамота“, откако нејзините креатори беа на удар на критики затоа што, како што некои рекоа, шоуто отишло предалеку. „Јас сум многу отворен ум, но мислев дека тоа што го направија е срамота“, изјави Трамп за Фокс њуз. Неговите коментари уследија по осудата од католичките […]

Продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот, седница ќе одржи и Законодавно правната комисија


Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седници ќе одржат Комисијата за финансирање и буџет и Законодавно правната комисија. На седницата на Комисијата за финансирање и буџет втор ден продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот. Вчера, на првиот ден од амадманската расправа не беше прифатен амандманот поднесен од СДСМ со кој се бараше да […]

Сончево и топло со умерен до засилен северен ветер


Времето денеска ќе биде сончево и топло со умерен, а претежно долж Повардарието, засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 29 до 38 степени. UV=9 Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе […]

Војници на руската група „Вагнер“ влегле во заседа во Мали, десетици се убиени, меѓу кои и познати лица


  Бунтовниците во северниот дел на Мали, од народот Туарег, изјавија дека убиле и раниле десетици војници и платеници на „Вагнер“ во борбите во близина на границата со Алжир. Од друга страна, армијата соопшти дека изгубила двајца војници, но дека убила дваесетина бунтовници, пишува Ројтерс. Бунтовничкото движење, „Постојана стратешка рамка за мир, безбедност и развој“, […]

Олимписката „Тајна вечера“ всушност е сцена од слика на грчките богови


  Контроверзната сцена на церемонијата на отворањето на Олимпијадата, која христијанските и конзервативните критичари ја осудија како навредлива пародија на „Тајната вечера“, всушност била инспирирана од холандската слика од 17. век на грчките олимписки богови, велат историчарите на уметност. „Дали оваа слика ве потсетува на нешто? Музејот Мањин во францускиот град Дижон праша (со намигнување)“ […]