Намален притисок во водоснабдување во дел од Карпош


 Поради уличен дефект утре намален притисок во водоснабдувањето ќе имаат жителите од улиците „Манапо“, „Карпошово Востание“, „Огражден“, „Струма“ и „Радика“ во општина Карпош. Од Регионалниот центар за управување со кризи информираат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до санирање на дефектот.

СДСМ: Дојде власт која ќе се вози во бизнис класа, а народот ќе врзува крај со крај


ВМРО-ДПМНЕ од ден во ден потврдува дека ќе води политика која ќе значи минимални плати без раст и понижени работници кои ќе ја губат вербата во државата, е реакцијата на СДСМ откако во Парламентот не беше изгласан нивниот амандман за зголемување на платите согласно колективните договори. -Политиките кои ги најавува Мицкоски, не само што нема […]

Гори Источна Македонија, дванаесет села во земјава зафатени од пожари. Има и една жртва (Видео)


Гори Источна Македонија. Дванесет села се зафатени во пожарите кои од попладнево беснеат во земјава, информира директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов кој во моментов е во Светиниколскиот регион, каде што огнот влезе во три села и опожарени се стари куќи, но и куќи во кои живее месно население во селата […]

Се повлекуваат две серии говедски и пилешки коцки „Подравка“ во Хрватска


Дежавниот инспекторат на Република Хрватска ги повлече коцките од говедско и пилешко месо со тежина од 120 грама со најдобар датум од 2 и 3 јули 2025 година поради потенцијална контаминација од механичко оштетување на машината. Повлечената говедска коцка е од серија 0207241 и може да се користи до 2 јули 2025 година, додека коцката […]

Британска полиција: Две деца убиени, шест тешко повредени во нападот со нож во Саутпорт


 Две деца се убиени, а уште девет се повредени, од кои шест се во критична состојба, по напад со нож во северна Англија, соопшти полицијата. Уапсен е 17-годишник под сомнение за убиство и обид за убиство поради нападот во Саутпорт, во близина на Ливерпул во северозападна Англија. Во нападот и две возрасни лица се здобија […]

Маријана Илиевска избрана за нов член на Советот на јавни обвинители


Маријана Илиевска е избрана за членка на Советот на јавни обвинители на Северна Македонија од редот на јавните обвинители од подрачјето на Вишо јавно обвинителство Битола. Како што информираат за МИА од Советот, обвинителката која доаѓа од Основното јавно обвинителство Прилеп добила 19 гласови од исто толку гласачи. Таа била единствена пријавена кандидатка која воедно […]

Изгореа куќи во светиниколско Немањици


Изгорени се неколку куќи во Светиниколското село Немањици, во пожарот што почнал попладнево меѓу селата Орел и Немањици, информира градоначалникот на Општина Свети Николе, Дејан Владев. Во оваа село куќите од огнените јазици ги спасуваат пожарникари од ТППЕ, Свети Николе и соседните општини, доброволци, мештаните, а се дејствува и од воздух. Владев вели дека во […]

Џо Бајден со колумна за Врховниот суд: Во Америка никој не е над законот


По откажувањето од кандидатура за иден претседател на САД, Бајден се обрати до нацијата преку колумна. Тој посочи дека го издигнал законот како единствен кој е составен од народот и од никој друг. Според него „Никој не е над законот, ни претседателот на САД, ниту правдата донесена во Врховниот суд, никој“, пишува во неговата колумна […]

Формалдехидот кој бил најден во клиничкиот систем за кислород може да биде канцероген


Формалдехидот ги иритира горните респираторни патишта, очите, и носот и може да предизвика алергии и воспаленија, а при подолготрајна изложеност може да биде и канцероген. Вака директорот на Клиниката за токсикологија Андон Чибишев ги објаснува карактеристиките на формалдехидот за кој министерот за здравство Арбен Таравари рече дека е најден во клиничкиот систем за кислород. Неговиот […]

Венецуела: Хакерски напад од Македонија е причина за бавното броење на гласовите?


Државниот обвинител на Венецуела, Тарек Саб денеска изјави дека нападот врз електронскиот систем, кој го забавил пребројувањето на гласовите на претседателските избори одржани викендов, е извршен од Македонија. Саб не обезбеди никаков доказ за своето тврдење, објави Ројтерс. Венецуелскиот претседател Николас Мадуро, кој според изборната комисија победи на вчерашните претседателски избори во таа земја, претходно […]

Илија Прокопиев добитник на наградата за ликовна критика „Ладислав Баришиќ“


Комисијата на Здружението на ликовни критичари АИКА Македонија, по разгледувањето на доставените предлози за ликовна критика „Ладислав Баришиќ“ за 2024 година, донесе одлука да го награди предлог истражувачкиот проект „Раскинување со уметноста (каква што ја знаеме)“ на Илија Прокопиев.  – Имајќи ја предвид богатата уметничка и кураторска пракса на авторот, како и можноста предложениот истражувачки […]

Повозрасен човек се задушил од чад од пожар во кумановско Кокошиње


Повозрасно лице, најверојатно се надишало чад од пожар во кумановското село Кокошиње, при што починало, јави попладнево директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов.  Пред изјавата, Ангелов вели дека немале информации за загинати или повредени.  – За жал штотуку пристигна информација за починато возрасно лице во кумановското с. Кокошиње, најверојатно задушено од чад. […]

Четири локомотиви ќе ни даде Србија за влечење товарни возови


Четири локомотиви за товарни возови се очекува да стигнат во следните три-четири недели во Македонија од Србија, а за возврат ние ним ќе им дадеме стари вагони кои ќе си ги репарираат во нивната фабрика.  Новиот министер за односи со заедниците Иван Стоиљковиќ, во емисија на Канал 5, појасни дека преговарал со српската страна и […]

Комисијата за финансирање на буџет не го усвои амандманот на СДСМ за зголемување на платите


Собраниската Комисија за финансирање и буџет вечерва, во рамки на првиот ден од амандманската расправа за предложениот ребаланс на буџетот, не го усвои првиот амандман предложен од СДСМ, со кој опозициските пратеници бараат да се обезбедат 200 милиони евра за зголемување на платите и надоместоците, „согласно обврските од законската регулатива и потпишаните колективни договори“. Пратениците […]

Tри големи пожари кај Свети Николе попладнево, од ветрот едвај се гасат (Фото/видео)


Попладнево на територијата на Општина Свети Николе избија три големи пожари. На терен се голем број на пожарникари и доброволци, а онаму каде што може интервенира и еден полициски хеликоптер. Силниот ветер речиси го оневозможува гаснењето на овие пожари. Кај селото Орел пожарот веројатно изби како последица на искрења од инсталација за пренос на струја. […]

Перински со градоначалниците на Југозападниот регион за проектите кои ќе ги поддржи Владата


Министерот Перински на состанок со градоначалниците на општините од Југозападниот плански регион Скопје, 29 јули 2024 (МИА) – Министерот за локална самоуправа Златко Перински денеска на состанок со градоначалниците на општините од Југозападниот плански регион ги отворил сите приоритетни прашања со кои што се соочуваат локалните власти. Како што соопштија од владината прес-служба, министерот Перински […]

Во Скопје за два и пол часа направени 150 тестирања на црн дроб


Министерството за здравство, во соработка со Клиниката за гастроентерохепатологија и НВО „Хепар Центар-Битола“ денеска почнаа заедничка кампања за бесплатен и анонимен скрининг за Хепатитис Б, Ц и ХИВ, како и еластографија за хронични црнодробни заболувања.  Од мобилната медицинска екипа информираат дека денеска во Скопје за два и пол часа се направени 150 прегледи со фиброскен. […]

Во штипската касарна „Јане Сандански“ презентирани новите шест оклопни возила JLTV (фото)


Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска беа промовирани новите шест лесни оклопни возила JLTV, а на презентацијата присуствуваа претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, амбасадорката на САД во Република Северна Македонија, Анџела Агелер, министерот за одбрана Владо Мисајловски, заменик министерот за одбрана Елфет Исмаили и генерали од Армијата. Министерот за одбрана […]

Мицкоски не сака пругата кон Бугарија да биде второ Клепало, проблемот бил инженерски, не политички


Премиерот Христијан Мицкоски смета дека Бугарија за внатрешно – политички потреби ја политизира најавата на Владата за пренамената на средствата за изградбата на пругатата кон Бугарија, а која се темели, вели, на чисто инженерски проблем, бидејќи од бугарска страна не постои јасен проект. Алудирајќи на граничниот премин Клепало, кој речиси три децении е изграден оа […]

Шпанија поддржа изградба на речиси 300 проекти за обновлива енергија за 17 милијарди евра


Шпанската влада денеска поддржа изградба на околу 300 проекти во областа на обновливите извори на енергија за речиси 17 милијарди евра за да ги исполни своите амбициозни еколошки цели. Најголем дел од инвестициите ќе бидат насочени кон изградба на фотоволтаични централи, но и кон изградба на повеќе од 40 ветерни електрани и една хидроелектрана. Шпанија […]