Субвенционираниот студентски оброк го „јаде“ инфлацијата, студентите бараат промени


Финансиска поддршка од 140 денари дневно или 840 денари неделно добиваат студентите како субвенциониран студентски оброк што можат да ги искористат од понеделник до сабота. Мерката е наменета како поддршка за покривање на дел од трошоците за исхрана на студентите и за неа се одвојуваат средства од Буџетот на државата. Студентите генерално се задоволни од […]

Бесплатни дерматолошки прегледи викендов во Градски парк


Бесплатни дерматолошки прегледи на бенки и промени на кожата ќе бидат овозможени денеска и утре од 17 до 21 часот во Градски парк во Скопје, во организација на „dm дрогерие маркт“, а идниот викенд вакви прегледи ќе бидат достапни и  во Охрид.  Бесплатните прегледи ДМ ги организира втора година, а првиот термин годинава се одржа […]

Волонтери ќе го разубавуваат стационарот „Лајка“


Настан „Да го разубавиме светот на кучињата, да ја обиме Лајка“  ќе се одржи денеска во стационарот за бездомни куќиња  ЈП „Лајка“ Скопје.    Над 50 волонтери во периодот од 10 до 14 часот ќе учествуваат во боење на боксовите и реквизитите на претпријатието и уредување на околината.  Активноста е во рамки на проектот „Унапредување […]

Викендов стабилно со пораст на дневната температура, од понеделник повторно локален дожд и грмежи попладне


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степен. УВ-индексот ќе има вредност 8. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала облачност. Ќе […]

Германија ја наполни мрежата на Шкотска на отворањето на Европското првенство


Германија ја победи Шкотска со 5:1 на првиот натпревар на ЕП 2024 на „Алијанц Арената“ во Минхен. Фудбалерите на Џулијан Нагелсман одиграа неверојатно прво полувреме во кое целосно го надиграа противникот и остварија три гола предност. Флоријан Вирц го отвори резултатот во десеттата минута, а веднаш потоа Џамал ​​Мусиала погоди атрактивно за својата екипа. На […]

Судот во Париз ја поништи одлуката на француските републиканци за протерување на нивниот лидер Ерик Сиоти


Судот во Париз денеска донесе одлука да ја поништи претходно објавената одлука на француските републиканци за протерување на нејзиниот лидер Ерик Чиоти, објавија британските медиуми, повикувајќи се на Сиоти. -Судот ја суспендираше постапката за исклучување од Републиканската партија, затоа продолжувам да ги извршувам функциите како нејзин претседател, изјави Сиоти на социјалната мрежа „Х“, потврдувајќи ги […]

Путин: Во Украина се борат речиси 700.000 руски војници


Рускиот претседател Владимир Путин денеска на телевизија изјави дека речиси 700.000 руски воен персонал моментално учествуваат во офанзивата во Украина, пренесоа француските медиуми. -Имаме речиси 700.000 луѓе (во областа на специјалната воена операција), рече Путин на телевизискиот состанок со војниците наградени за нивните воени подвизи. Во декември минатата година рускиот претседател изјави дека војската вклучена […]

Амбасадорите на ЕУ се договорија за преговарачки рамки за Украина и Молдавија


Амбасадорите на ЕУ начелно се договорија за преговарачките рамки за пристапните преговори на Украина и Молдавија, соопшти денеска белгиското претседателство со Советот на ЕУ, јави ДПА. Нивната одлука треба да биде формално финализирана на министерскиот состанок на ЕУ следната недела. Првично, земјите од ЕУ всушност сакаа да разговараат за 14-тиот пакет санкции кон Русија на […]

Лидерите на Г7 ветија воена и финансиска помош за Украина онолку долго колку што е потребно


Лидерите на земјите од Г7 ветија дека ќе продолжат со воена, финансиска и хуманитарна помош за Украина, се наведува во завршната изјава од самитот на седумте најразвиени земји во Италија, што беше објавена денеска. -Ја потврдуваме нашата континуирана поддршка за Украина, онолку долго колку што е потребно. Заедно со меѓународните партнери, посветени сме да продолжиме […]

Дерматологот советува: Колку често треба да ја менувате навлаката за перница?


Можеби ја користите вашата навлака за перница премногу долго. Иако изгледа дека не е време да ги замените, навлаките за перници може брзо да се извалкаат. Според дерматолозите, треба да ги заменуваме барем еднаш неделно. „Мислам дека навлаките за перници, исто како и постелнината, треба да се менуваат барем еднаш неделно“, вели д-р Ксенија Кобетс, […]

Земјотрес со јачина од 2,4 степени по Рихтер во подрачјето Штип – Радовиш


 Земјотрес со локална магнитуда од 2,4 степени по Рихтер е регистриран вечерва во 19.54 часот со епицентар во подрачјето Штип – Радовиш, 68 километри југоисточно од Скопје. Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека според досегашните податоци со кои располага, земјотресот е почувствуван од населението во градот Штип и околината, со интензитет од […]

Зошто поскапува кафето во Србија


Омилениот топол пијалок кај Србите, кафето, дефинитивно ќе поскапи од 1 јули, но за колку? Првичните информации кои се појавија навестуваа поскапување за околу 50 отсто, а по неколку дена се зборуваше за поскапување и до 20 отсто, во зависност од брендот на кафето. Тоа би значело дека во најлош случај 100 грама домашно кафе […]

Шпанското обвинителство одби да го спроведе законот за амнестија за каталонските сепаратисти


 Шпанските обвинители задолжени за случајот на околу 500 функционери и активисти вклучени во движењето за независност на Каталонија од 2011 година, одбија наредби за спроведување на законот за амнестија што го воведе малцинската влада на премиерот Педро Санчез во замена за поддршка од сепаратистичките политичари во парламентот. Обвинителството процени дека има 82 кривични постапки против […]

ЗНАМ ги објави имињата на кандидатите за министри во владата (во живо)


Движењето ЗНАМ за наша Македонија на седница на Централниот одбор ги утврди кандидатите за министри во идната влада.  Според коалициониот договор ЗНАМ би добил две министерски места, а партијата ги предлага за министер за правда Игор Филков, а за јавна администрација Горан Минчев. Кандидатот Игор Филков (роден во Скопје, 1979) е правник, приватен стопанственик, претседавач на […]

Што бара Путин од Украинците за да ја прекине војната: Повлекување од територија со големина на Словенија


Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија е подготвена да започне преговори со Украина во секое време, но под услов нивната војска да се повлече од четирите региони. Путин рече дека Русија ќе биде подготвена за мир „утре“ доколку украинските трупи се повлечат од регионите Запорожје, Керсон, Доњецк и Луганск и ако Украина се откаже […]

За прв пат Кинезите дома продадоа повеќе автомобили од американските: Дали вреди царинската војна?


Кинеските автомобилски гиганти продадоа повеќе автомобили во Кина од нивните американски конкуренти за прв пат минатата година, според неодамна објавеното истражување на Jato Dynamics. Кинеските марки, предводени од BYD, продадоа околу 13,4 милиони нови возила на тој пазар, додека американските брендови достигнаа 11,9 милиони клиенти. Сепак, јапонските автомобилски гиганти сè уште доминираат со 23,59 милиони […]

Нова полициска акција во северно Косово, откриено оружје


Косовската полиција соопшти попладнево дека спроведува акција на северот од државата, населен со мнозинско српско население, при што извршила претрес на две места и пронашла оружје, јави дописникот на МИА од Приштина. Заменик-директорот на полицијата за северниот регион, Ветон Елшани изјави за медиумите дека не може да соопшти други детали бидејќи „рацијата се уште не […]

Фестивал на видео игри во Дајмонд мол


Од 15 до 19 јуни, сите љубители на видео игри ќе бидат во Diamond Mall каде ќе се одржи специјален фестивал посветен на модерните и ретро видео игри. Фестивалот е во организација на Diamond Mall и ќе има натпреварувачки карактер, со атрактивни подароци за натпреварувачите во различните категории. Посетителите што нема да се натпреваруваат ќе […]

Легенда на Борусија Дортмунд го презеде тимот


Германскиот тим Борусија Дортмунд и официјално го назначи својот поранешен фудбалер Нури Сахин за тренер. Триесет и пет-годишниот поранешен играч од средниот ред го наследува Еден Терзиќ, кој минатата сезона го предводеше тимот од Вестфален до финалето во Лигата на шампионите. Лично двајцата спортски директори на „жолто-црните“ – Ларс Рикен и Себастијан Кел, го објавија […]

Стапката на вработеност во ЕУ е 75,7 отсто во првиот квартал со незначителен пораст


Стапката на вработеност на жителите на Европската унија на возраст од 20 до 64 години изнесува 75,7 отсто во првиот квартал од оваа година, објави денеска Евростат. Канцеларијата на ЕУ задолжена за статистика наведува дека ова претставува благ пораст од 0,2 процентни поени споредено со четвртиот квартал од 2023 година. Стапката на вработеност варира во […]